Дијаспора

Владимир Ралев – значаен бизнисмен и донатор во иселеништвото

vladimir-ralev

vladimir-ralev

Кога се пишува за македонските иселеници во светот, неодминлива личност е Владимир Рале. Тој во поново време е еден од најзначајните и најголемите донатори, хуманисти и вљубеници во прогресот на Република Македонија. Господинот Владимир (Владо) Ралев живее во Европа и е еден од најпознатите бизнисмени од македонско потекло. Тој е познат во македонската јавност како швајцарски бизнисмен, човек кој многу патува, бил потпретседател на Македонскиот конгрес, со седиште во Женева (конгресот на Битов), почесен конзул на Република Македонија во Швајцарија, човекот кој знае што сака и што прави во бизнисот и во животот, оставајќи зад себе значајно богатство во средства, но и како патоказ како и на кој начин треба да се работи и заработува и да се покаже патот на иднината на генерации кои доаѓаат.

Владимир Ралев е личност која ја афирмира Македонија, македонскиот народ, Македонската православна црква, со еден збор македонската вистина. Неговиот авторитет, исправноста кон трудот и правилниот став и желбите кон посветла и посреќна иднина на неговата верна Македонија заслужуваат посебно внимание.

Владимир Ралев е роден во 1934 година во Гевгелија, градот на смоквите. Неговата животна сторија е многу интересна и е испреплетена со безброј разновидни дејствија кои оставиле длабоки траги во неговата психа и воопшто во неговиот живот. Учел на бугарски јазик во Гевгелија кога Македонија беше под бугарска окупација, за потоа да го продолжи неговото школување на македонски јазик во Велес, каде што завршува гимназија. Патиштата го довеле во Белград каде завршува историја на уметноста и археологија и школа за надворешна трговија, а во Земун добива и пилотска диплома.

Младоста му овозможила да биде поткован со знаење, дипломи и искуство и да му ги отвори патиштата да замине по белиот свет. Така, во 1971 година заминува во странство и во период од 25 години го прокрстарил светот, меѓутоа свил гнездо во Женева, една од најубавите и најзначајните престолнини на стариот континент, каде постојано живее со сопругата Гордана и трите синови.

Според зборовите на господинот Владимир Ралев, неговото потекло е од селото Д’мбени, Котурско, во Беломорска Македонија. Неговите претци дошле во Гевгелија во 1820 година, каде што широко ги вдлабиле и рашириле корените на Ралевци. Веројатно врската со селото Д’мбени е голема и во жилите на Владимир Ралев тече крв како онаа на големиот донатор Атанас Близнаков. Исто така, Владимир кажува дека Ралеви имало во Ваташа и едно семејство во Кавадарци. Под ова име имало и семејства и кај Родопите во Бугарија, во Торонто, во Љубојно – Преспа, како и на други места, меѓутоа Ралеви се најбројни во Скопје каде ги има повеќе од сто души. 

gevgelija
Гевгелија

Инаку, според неговите кажувања, тој бил во селото Д’мбени пред повеќе години, но се соочил со едно напуштено место во кое куќите се разурнати и е останата само црквата да ја сочува историјата на Македонецот кој во овој век присилно и со различни методи е натеран да го напушти родното огниште и да отвори домови ширум светот.

Владимир Ралев е познат и признат бизнисмен кој од поодамна го вкусил печалбарскиот леб. Во почетокот имал потешкотии но, ете, со повеќе работа и среќа, бил претставник на Далечниот Исток на една голема текстилна компанија, каде поминал долг временски период, работејќи во Пакистан, Хонг Конг, Шангај, во Сингапур. Во 1980 година се вратил во Европа, каде отворил своја компанија. Во почетокот, со одредена сума пари и со помош на кредити од банките, ја формирал компанијата „Џора-треид“ која се занимава со производство, маркетинг и менаџмент.

Главната канцеларија на компанијата се наоѓа во Женева, каде работат неколку стручњаци, додека во канцеларијата за маркетинг има околу дваесет и птемина. Поголем број работници се приклучени во производствените погони во Пакистан и во Источна Африка, каде произведуваат памук и памучно предиво, сурово платно, печатено платно, обоено платно и друго, во кое производство господинот Ралев има вклучено над 200 работници, чиј број варира во зависност од сезоната и природата на работата. Во „Џора-треид“ најблиските соработници на г-дин Ралев се Италијанци и Швајцарци од германско и француско потекло, додека на другите места во светот, главно, работат луѓе од тамошните земји.

Ралев е еден од најголемите донатори што постојано и’ се оддолжувал на својата татковина. Медицинска опрема, чаршафи за болниците, изградба на цркви, спонзорирање книги и манифестации, печатница за Македонците во Грција, се само дел од неговата помош за Македонија. Досега за Македонија и за Македонците во соседните земји, донирал помош во вредност од околу  милион долари. Последниве месеци престојуваше во соседните земји за да се запознае со положбата во која живеат Македонците во Бугарија, Грција, Албанија и во Србија.

Владимир Ралев е познат и признат донатор, но во исто време е и хуманист. Тој спаѓа во редот на луѓе кои не жеднеат за помпи, не сакаат возвишувања и го избегнуваат публицитетот. Меѓутоа, за него може многу да се пишува, бидејќи како донатор еднаш подарил 100.000 долари за развој на неговата родна земја Македонија. Од оваа сума пари, 30.000 долари му се врачени на Министерството за култура на Република Македонија за реновирање на црквата „Света Софија“ во Охрид; даде 5.000 долари наменски за ископување на амфитеатарот под Самоиловите Кули; 5.000 долари даде за хуманитарни цели за Македонците во Албанија; 2.000 долари вложи во касата на Матицата на иселениците во Македонија, со посебна намена за списанието „Македонија“, како и за други корисни цели во нашата држава. Во последно време, главно, ја помага категоријата на посиромашни Македонци во Албанија, со посебна нагласка и помош на весниците кои излегуваат на македонски јазик во соседна Албанија и во други земји.

Затоа претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов со Указ бр.41 од 16.07.2013 година, за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработката со Швајцарската Конфедерација на Владимир Ралев му додели Медал за заслуги за Македонија.

При секоја посета на Македонија, Владимир Ралев предизвикува интерес не само во политичкиот живот како потпретседател на Македонскиот конгрес, со седиште во Женева, туку и како обичен граѓанин и бизнисмен чиј финансиски успех е резултат на бескрајната љубов кон работата, самопрегорот, чесноста, деловноста… Затоа тој е често присутен во македонските медиуми и при една пригода ќе изјави:

Бидејќи ден-денеска доста патувам по светот, па каде и да сум се нашол во приватен разговор, а јас покрај англискиот, кој одлично го говорам, се служам и со германски, француски и руски јазик, секогаш сум истакнувал дека сум Македонец. Надвор од Европа бевме малку познати како Македонци, па дури и меѓу деловниот свет. Нешто Грција со своето однесување почна да ни го дига рејтингот, барем на географските карти, разговорите кои се мачни, особено со дипломатите во Женева и со европските парламентарци кои се собираат во Стразбург, се многу долги. Многу од дипломатите нè разбираат, па дури и ја осудуваат Грција поради нејзиното ирационално однесување кон нас, но на крајот се сведува само на разговор.“   

zeneva
Женева

Во врска со Македонскиот кнгрес со седиште во Женева, господинот Ралев како потпретседател вели дека тие се аполитична, непарламентарна и невладина асоцијација на Македонците во дијаспората, основана и водена од Македонците ширум светот. Целта на оваа асоцијација е да им помогне на оние Македонци во дијаспората, а потоа да ù се помогне на Република Македонија во агитацијата на македонската кауза во местата каде има македонски иселеници, како и да се помогнат социјалните установи во стариот крај, како тие често го нарекуваат. Тие не се мешаат во политиката на оној што ја води Македонија на внатрешен и надворешен план, ниту сакаат да делат некоја власт во Република Македонија. Тие ја почитуваат секоја власт, легално избрана од народот и со неа комуницираат.

Според зборовите на господинот Владимир Ралев, Македонците во прекуокеанските и европските земји се важен фактор за опстојувањето на Република Македонија. Тој вели дека сметката е едноставна: има барем 50.000 души во дијаспората кои интензивмо комуницираат со Македонија. Нека секој од нив во текот на годината остави по 4.000 долари, тоа е износ од двеста милиони долари. Затоа, тој порачува да се почитува печалбарскиот долар, бидејќи тој е тешко спечален ширум светот каде Македонците се виножитото во македонскиот иселенички паноптикум.

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top