Дијаспора

Крсте Црвенковски (1921-2001)

krste-crvenkovski

krste-crvenkovski

Во Прилепа градот, во старо црквено маало,
кај Црвенковци, се роди машко чедо алово,
името го наследи, од својот дедо
Крсте, расте во здраво и бистро чедо.

Родителите го пратија, на школо да оди,
да се описмени, во животот ќе му вреди,
Крсте учи без мака,
филозофија заврши тој, го исполни планот свој.

Во демонстрациите на Шаторов камен, во 1940-тата година,
од џандармерскиот притисок, во илегалство замина,
политичка битка почна да води,
македонска држава, за да се роди.

Младински секретар, Крсте во Прилеп доби,
младината да се организира, борба да води,
од нив се искали, челична борбена гарда,
на 11 Октомври во Прилеп, ја нападна бугарската влада.

Во Лопушник, Крсте со Рацин дружба води,
по вода тој, тргна да оди,
додека назад, да се врати,
изродот на Рацин, животот му го скрати.

За политички комесар, во Западна Македонија оди,
со тамошниот народ, борба за да води,
непријателот, за да се собори,
народната власт, за да победи.

Фатен и осуден Крсте, од италијанскиот режим,
префрлен во тиранскиот затвор, за да лежи,
затворениците, подземен, таен тунел ископаа,
еден по еден, двадесет и седуммина избегаа.

Поново Крсте, во Дебарца се врати,
со соработниците пак, се стрети,
народот сега, со оружје борба води,
непријателите, за да ги собори.

Сестра му Донка, млада замина во партизани,
на Песјобртце се разви борба, гради во гради,
еден фашистички рафал, ја погоди в чело,
не го заврши таа, започнатото дело.

На војната, и дојде крајот,
народот развеселен, како да влезе во рајот,
во градови и села, песни се пеат,
единици и борци, гласно се слават.

Стана Крсте, министер за просвета и култура,
за вложената работа и дадениот труд,
пофалба и одликување, доби тој,
прогласен е за народен херој.

Дојде Крсте, за претседател на КП во Македонија,
македонската политика, ја најде во агонија,
непотребно доселени, од Санџак и Банија,
да се меша етникот, во Македонија.

Се зафати Крсте, со грешките да се справи,
изгради нови фабрички хали,
се унапредија, повеќе македонски генерали,
се основа МАНУ, Црквата се осамостои.

Замина Крсте, во Белград на работа,
кај Маршалот, во кабинетот се вработи,
постана тој, маршалов близок соработник,
доби тригодишен мандат, за маршалов заменик.

За Македонија беше, многу радосна вест,
додека групации националисти, ги фати хаотичен бес,
кој нема спас, македонската нација,
да членува, во југословенската федерација.

Македонски урабаџовци, од љубомора го оцрнија,
од политичка сцена го отстранија,
на националистичките групи, желбата му ја исполнија,
пред македонскиот народ, авторитетот го изгубија.

Томе Велјановски – Марулецот,
Гетеборг, Шведска

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top