Дијаспора

Од творештвото на преспанчанецот Алексо (Леко) Лозановски од Торонто (10)

alekso-lozanovski

alekso-lozanovski

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Преку хоризонтите во животот на народниот творец и поет Алексо (Леко) Лозановски, како и на голем број Македонци во дијаспората, се открива сликата на библиската природа на земјата во која се родиле – Македонија. Затоа со право се вели дека за вековноста, зачувувањето, развојот и идното опстојување на македонскиот јазик не се заслужни само Македонците во етничка Македонија, туку и Македонците  раселени насекаде по светот. Тие се афирматори и чувари на македонскиот јазик, културата, обичаите, религијата, и  во  целина   на  Македонија.

Еден од тие афирматори на семакедонската култура е, секако Алексо, или Леко Лозановски, како што милуваат да го именуваат неговите најблиски пријатели. Тој е познат и признат народен творец, поет, прозаист, талентиран и духовит раскажувач во македонското иселеништво. Алексо е роден во убавата  Долна Преспа, во селото Арвати. Но, судбината го однела педесетина години да живее во метрополата Торонто,  во Канада, од каде преку пишаниот збор најповеќе и најубаво ја изразува својара љубов кон својот роден крај Арвати, кон Преспа и кон Македонија.

Кога се пишува за Алексо Лозановски, кој заедно со неговата сопруга, поетесата Неда Лозановска живеат во Торонто, во демократска Канада, има што да се каже. Имено, Алексо, пишува стихови за деца, млади и за возрасни, тој е собирач и низ сопствен творечки ангажман ги пресоздава умотворбите од македонската народна  литература.

Алексо Лозановски е интересен македонски иселеник. поет и прозаист. Во неговата биографија е запишано дека тој е роден во селото Арвати, Преспанско во 1934 година. Со образование се стекна во својот роден крај, во блиското село Крани, кога и започна да се интересира за македонското литературно творештво. Уште како младо момче Алексо бил и  претседател на Младинскиот  актив на село Арвати, кој во тоа време броел околу 60 членови. Потоа, во 1960 година во Ресен  го положил шивачкиот занает, а во 1965 година, фамилјарно се преселил во убавата и привлечна  Битола, каде, како многумина преспанци се вработил во текстилната фабрика “Битолатекс”.

Во 1971 година, Алексо Лозановски како и голем број негови соселани, како што се вели, со куферот на рамо, заедно со своето семејство, замина за Торонто, Канада, каде и денес живее и твори како почитуван канадски пензионер.

Со доаѓањето во Торонто, тој активно се вклучи во редовите на црковниот, општествениот и културниот  живот на македонските иселеници и стана член на повеќе културни друштва и макеонски православни црковни општини во Торонто и пошироко. Тој е еден од основачите на Литературното друштво “Бракја Миладиновци” во Торонто, кое е формирано на 6 – март 1987 година, како културна гранка при Македонската православна катедралната црква “Свети Климент Охридски” во Торонто. Меѓу другото бил и претседател на Литературното друштво, а  повеќе пати бил и член на Управниот одбор и други секции на црквата „Свети Климент Охридски” во Торонто, потоа. околу десет години, бил и претседател на културниот комитет при црквата “Свети Климент Охридски”, а во црквата “Света Недела” во градот Ајџекс, бил претседател на “Судот на честа”.

narodni-predanija

Во историјата на овој скромен арваштанец од Преспа кој живее во Торонто е запишано дека во 1997 година,  на основа на неговите неколку издадени трудови на поезија и проза, како и врз основа на тоа што тој како иселеник е бранител и чувар на македонскиот јазик, културата и литературата е примен за член на Друштвото на писателите на Македонија. Со тоа тој стана респектиран поет во групата македонски  поети и писатели кои живеат и творат во Канада, САД, Австралија и Европската Унија.

Алексо Лозановски повеќе пати бил учесник на светската манифестација “Струшки вечери на поезијата”, која се одржува секоја година во родниот град на браќата Миладиновци, Струга. Покрај тоа што настапил по градовите во Македонија, исто така, со своја поезија настапил  и во Канада, Америка, Австралија и во некои земји од Европската Унија.

Со пишување поезија и проза се занимава од поодамна. Прва негова  книга –збирка од шеговити, сатирични кажувања и записи ја објави во 1995 година, под наслов „Од итар поитар” (проза). Со ова необично дело постигна виден резултат меѓу Македонците во Канада и САД, а особено меѓу членовите на литературното друштво „Браќа Миладиновци”.во Торонто.

Поетскиот првенец  на Алексо Лозановски, пак, е стихозбирката насловена  „Скаменети траги”. Таа е издание на  реномираната издавачка куќа „Матица македонска”, а е издадена во 1998 година. Оваа стихозбирка содржи педесетина песни, главно со родољубив, мисловен, интимен и дескриптивен карактер. Таа е збирка во која е насликана современата македонска литературна мисла од аспек на еден Македонец – исленик. Стихозбирката  „Скаменети траги” содржи  стихови преку кои авторот ја изразува својата љубов кон македонската песна, својата мисла  и дел од неговото творечко остварување.    

Поетското остварување на Лозановски, пак, под наслов „Прозорци“ (1999) е поделено на два  циклуси во кои се  застапени 50 песни. Тематиката на песните имаат за цел да го доближат читателот до суштината на македонска поезија на Македонците во дијаспората..

Алексо Лозановски  покрај поезија за возрасни, пишува и поезија за деца. Тоа е детската поетска збирка под наслов „Подарен цвет“, издадена во 2005 година. Таа е  поделена на три циклуси, во која се застапени 41 басничка. Целта за издавање на оваа детска збирка поезија беа младите македонски читатели кои живеат во Торонто да се запознаат со македонските басни.

Исто така,  Леко Лозановски е автор и на стихозбирката „Светулка“, издадена во 2011 година, а негови трудови се објавувани во разни весници, книги и списанија во македонската дијаспора и во Република Македонија.

Од оваа и од другите стихозбирки може да се заклучи дека Алексо Лозановски ги пишува стиховите онака како го научил животот, со љубов кон народното творештво, кон Македонија, од душа, со препознатливи стилски фигури. Со сите тие интимни поетски остварувања тој ги направи значајните чекори во неговото скромно, но големо поетското остварување меѓу македонските иселеници.

Се чини најзначајното дело на арваштанецот Алексо (Леко) Лозановски од Торонто е  монографијата за селото Арвати. На промоцијата што се одржа во македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, авторот на овие редови како промотор на книгата рече дека ова обемно и луксизно издание на издавачката куќа „Менора“ од Скопје, кое е издадено во 2001 година, а кое содржи триста страници има за цел да го спаси од заборавот убавото преспанско село Арвати и традицијата на населението во него и во Долна Преспа.

arvati arvati2

Делото „Арвати“е опстоен труд во кој се дадени релевантните податоци за селото и неговите жители, меѓу кои: историскиот развој на оваа долнопреспанска стара населба, особеностите и карактеристиките, стопанските и семејните прилики на населението, традиците и верските празнувања, како и голем број податоци за секое семејство во селото и насекаде по светот.

Во делото се вели дека интересот за печалбарското село Арвати во Долна Преспа не бил карактеристичен само за неговите поранешни или денешни жители, туку напротив, неговиот историски развој и богатото културно минато биле предизвик и за многумина домашни и странски научници кои пишувале за Македонија. Инаку, Арвати има заедничко селско подрачје со селото Крани. Тоа има само околу седумдесетина куќи, но имало шест македонски православи цркви и тоа: манастирската црква „Свети Архангел Михаил“, потоа црквите „Свети Илија“, „Свети Наум“, „Света Недела“, „Свети Никола“ и „Света Богородица“ каде се и старите гробишта.

Во монографијата „Арвати“ се дадени статистичките податоци, со кои се сака да се запознае читателот со демографскиот раст на селото. Во неа, исто така, се дадени релевантни податоци за неговиот историјат, култура и традиции. Со еден збот монографијата е огледало за целокупниот живот во селото Арвати во Долна Преспа и е значајно дело на иселеникот Алексо Лозановски од Канада.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top