Дијаспора

Најспектакуларна Мумба парада во Мелбурн

mumba1

mumba1

Како и секоја година така и оваа се со низа активности се одбележа Денот на трудот во Викторија. Денот на трудот е ден на победата на работникот да се избори за осум часа работен ден.

Во почетокот на 19 век, повеќето работници работеле 10- или 12-часа дневно и тоа во период од шест дена секоја недела. Од 1850 година работниците започнаа со силен притисок за подобри услови. Започнаа протести во 1855 година во Сиднеј а на  21 април 1856 година се одржа масовен протест и во Мелбурн а кој претставува и прв протест во светот кој ја постигна целта – осумчасовен работен ден. Одбележување на големата победа на работничкото движење односно државен празник е прогласен и во другите републики на Австралија. Во Јужна Австралија, Квинсленд, Нов Јужен Велс се прославува првиот понеделник во октомври,  Во Викторија и Тасманија, тоа е вториот понеделник во март. Во Западна Австралија, Денот на трудот е првиот понеделник во март. Во Северната Територија тоа е првиот понеделник во мај.

Круна на сите активности беше традиционалната парада во Мелбурн, наречена Мумба која секоја година предизвикува се поголем интерес меѓу посетителите. Целта на оваа парада е да се презентира во најубаво светло пулсирањето на градот и мултиетничкиот соживот. Оваа година може да се каже дека парадата ги надмина сите очекувања. Учествуваа 1800 луѓе од 42 различни асоцијации, танчерски групи, како и етничките здруженија на Индонезиската, Виетнамската, Кинеската, Јапонската, Карибската заедница. Противпожарната и спасувачка екипа на Мелбурн, Викторија, беше поздравена со аплаузи. Посебно внимание привлекоа креативните возила во вид на железничката станица и Arts Center, бродот на пиратите, автомобилите на Бетмен, Лудиот Макс и Враќање во иднината. Вистинска атракција и незаборавна филмска сцена која успеа да прикаже се она што нуди Мелбурн како град.

За жал Македонската заедница од Мелбурн не зеде учество на овој спектакуларен настан и покрај бројните културно уметнички друштва и асоцијации во Мелбурн.

Гордана Димовска

mumba2

mumba3

mumba4

mumba5

mumba6

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top