Дијаспора

МИНИСТЕРОТ ПОПОСКИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ПУСТЕЦ

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АЛБАНИЈА

МИНИСТЕРОТ ПОПОСКИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ПУСТЕЦ

30 март 2016 година, Корча, Албанија

– Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски ја посети општината Пустец, Мала Преспа во Република Албанија.

Посетата на министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на Албани

ја е по повод учеството на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите на Западен Балкан во Драч, Албанија. Министерот Попоски беше придружуван од македонскиот амбасадор во Тирана, Стојан Карајанов.

Во општината Пустец, министерот Попоски оствари средба со градоначалникот на општината, Едмонд Темелко, со кого се задржа во подолг разговор во врска со положбата и правата на Македонците во Република Албанија.

Покрај средбата со градоначалникот, министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна и со претставници на Советот на Општината, наставниците по македонски јазик, како и со претставниците на македонската заедница од повеќе општини од Република Албанија, областите Гора, Голо Брдо и Мала Преспа, Тирана, Подградец, Корча, Елбасан, Билишта и други места.

На средбите со Македонците се разговараше за можностите за поголема прекугранична соработка во преспанскиот регион, со акцент на екологијата и еко-туризмот, како и за можностите за подобрување на инфраструктурата што локално ги поврзува Република Македонија, Република Албанија и Република Грција.

“Образованието на нашите деца е најважната инвестиција во европската иднина на сите земји од регионот“, – истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски.

“Албанија и Македонија имаат огромен терен за соработка… Во овој период треба да се охрабриме да има што повеќе прекугранични врски и проекти“, – потенцираше министерот Попоски.

Во рамки на посетата, министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски посети и дел од училиштата во општината Пустец, каде донираше книги на македонски јазик прилагодени за деца на училишна возраст.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top