Дијаспора

Ван Петров – легенда за настаните и активностите на Македонците во Торонто (13)

van-petrov

van-petrov

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ 

Кога се зборува или пишува за иницијаторите при формирањето на МПЦ „Св. Климент Охридски”,  за угостителството, за хуманитарните активности кај Македонците во дијаспората, за спортот или за другите активности во Торонто, името и делото на македонскиот доселеник Ван Петров се тесно поврзани со почетните настани. Затоа, едно од интерсените интервјуа со Македонци во Торонто што ги водеше авторот на овие редови во еден подолг период беше, секако интервјуто  со Ван Петров (Петроф).

Имено, тој беше и еден од петмината доблесни патриоти од македонско потекло кои ги ставија своите потписи и со својот имот гарантираа пред канадските власти за валидноста и сигурноста при формирањето и изградбата на првиот македонски духовен, културно-просветен и национален храм во мултикултурна Канада – МПЦ „Св. Климент Охридски” во Торонто.

Ван Петров е роден битолчанец од  „Гини Маале“, а цел живот го поминал во Канада најпрвин во  градчето Свети Тома (Саинт Томас), каде живеел неговиот татко, а по неколку години се доселил во Торонто. Се оженил со Мери Лекушева, Канаѓанка од македонско потекло, чии корени се протегаат во Беломорска Македонија, во селото Поздивиште, Костурско.

Тој е еден од познатите Канаѓани од македонско потекло, кој долги години работеше и беше сопственик на сервис за снабдување со прехранбени артикли на фабрички мензи, кафетерии и друг вид угостителски објекти. Ван беше организатор на Отворениот македонски турнир во голф што започнал да се организира во 1942 година, а кој цели педесетина години тој го раководеше и финансираше. Ван Петров беше човекот кој беше активен во Канадско – македонскиот дом (Старскиот дом) и во Клубот на пензионерите во Торонто.

Животната и бизнис сторија на Ван Петров е многу интересна и бурна. Во разговорот што со овој пријатен, разговорлив, интелигентен и мудар нашинец го водевме во просториите на Канадско – македонскиот дом, во периодот кога тој беше претседател на таа институција, кога и бевме информирани, како на филмско платно да гледавме филм за него и за неговите активности, за активностите на македонските доселеници во демократска Канада кои постигнале видни резултати во тамошното општество..

Имено, тој е роден во 1923 година во Битола. Потекнува од македонско печалбарско семејство. Татко му Тале бил еден од првите од тој крај кој заминал на печалба веднаш по Илинденското востание. Во 1903 година Тале пристигнал на северноамериканскиот континент преку Елис Аиланд, потоа се преселил во градот Свети Тома во Онтарио кај брат му, а од 1924 засекогаш дошол во метрополата Торонто. Во меѓувреме, Тале се вратил во Битола каде што изградил куќа, во чиј состав биле адаптирани фурна и слаткарница. Меѓутоа, наскоро бил мобилизиран во српската војска, од каде што бега за Канада и каде што останува до крајот на животот.

Кога Ван Петров дошол во Канада во 1930 година, бил на седумгодишна возраст. Се доселил кај татко си во Сент Томас, град што се наоѓа во непосредна близина на Нијагарините водопади. Таму го завршил 13 одделение  и матурирал на колеџот „Паркдеил„. Потоа се запишал на студии за  хотелјерство, ресторан и пекарска трговија во Торонто (сега познат како Раерсон) каде  и дипломирал на посебниот оддел за угостителство.

bitola
Битола, родниот град на Ван Петов

Во тие интересни години за Македонците во Канада кои претежно отворале ресторани и татко му на Ван го отворил својот прв ресторан во Торонто во 1942 година, што бил во негова сопственост до 1945 година.

Ван му помагал на таткоси во ресторанот, меѓутоа, во јануари 1945 година, младото Македонче, како што милуваше тој да каже, замина да волонтирал за канадските вооружени сили кои биле стациониран во кампот „Борден” како инструктор по оружје, постигнувајки го рангот „Ленс заповедник”. Во.Канадската армија останал полни 18 месеци на канадска територија.

По отслужувањето на војската, му се пружиле поголеми перспективи за работа во познати хотели во Торонто, каде што и го усовршил своето занимање. Во почетокот на бизнисот, Ван Петров започнал со мали угостителски инвестиции. Но, од година во година, неговиот капитал се зголемувал, што му овозможило да стане сопственик на триесеттина кафетерии во кои вработил околу 250 луѓе. Угостителската работа ја вршел цели триесет години, а од 1987 година беше заслужен канадски пензионер. Но, и како пензионер не мируваше.

Ван Петров уште како ученик  играл фудбал и кошарка, а како војник играл бејзбол во армискиот тим. Меѓутоа, во педесетите години од минатиот век се отворила нова страница во неговата спортска кариера, кога започнал  да игра голф. Голфот му станал опсеција, пасија и професија. Така, во неговата долга кариера имал учествувано на голф турнири во голем број земји, меѓу кои Шпанија, Португалија, Бразил, Грција и САД. За неговите успеси бил добитник на бројни трофеи.

Инаку, во македонската заедница во Торонто, покрај другите спортови, голфот е омилена игра на голем број бизнисмени и интелектуалци од македонско потекло Тоа го потврдивме во разговорот со Ван Петров при нашата посета во Торонто. Како резултат на големата љубов кон голфот, четириесетина години го организирше Отворениот македонски турнир во голф. Оваа значајна спортска манифестација тој започнал да ја организира уште во 1951 година, на која секоја година учествуваат околу 200 натпреварувачи, од кои најголемиот број се канадски бизнисмени од македонско потекло, чии семејства претежно се дојдени во Канада пред Втората светска војна.

За Отворениот македонски турнир во голф се сеќава авторот на овие редови Славе Катин кога беше вклучен да игра голф во тимот на Филип Ангелковски, Ник Тодоровски и Анџело Аргиро во 1989 година. Тогаш беше организиран 38-от турнир во голф, што се одржа на терените во Еурора, недалеку од Торонто. На овој интересен голф турнир победници беа Крис Коцопулос, познат хокејар во Канада, чие потекло е од Леринско, и Крис Крцос, исто така по потекло од Егејска Македонија, кој беше петтиот голф играч на ранг-листата на аматерското првенство во голф на Онтарио.

Со Ван Петров  разговавме и за минатото и иднината на македонската заедница во Торонто. Притоа, тој не информира дека во периодот меѓу двете светски војни немало македонски цркви, затоа верските обичаи ги извршувале во други православни цркви. Во тој период најголемиот број Македонци оделе во македонско – бугарската православна црква „Свети Кирил и Методиј”, што била  изградена во 1910 година, и во црквата „Св. Ѓорѓи”, кои биле финансирани од Македонци, претежно од егејскиот дел на Македонија, а само свештениците биле од Бугарија.

 Меѓутоа, со формирањето на организацијата „Обединети Македонци” и со обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, во 1962 година се покрена иницијатива за изградба на македонска православна црква под јуриздикција на Црквата во Македонија. Ван Петров беше еден од петте доблесни донатор и патриот, членови на групата што формирале корпорација за основање и градба на МПЦ „Св. Климент Охридски” во Торонто.

Освен тоа, тој беше еден од добротворите и донаторите на поголем број активности, помагач на македонските информативни гласила во Торонто и пошироко. Меѓутоа, се чини најголема беше неговата улога и помош во Канадско – македонскиот  место (Старскиот дом), во кој нашле свое животно катче стотина стари лица, претежно од Беломорска Македонија на кои не им беше дозволено ниту да умрат во родената земја, која и денес стенка под „јаремот на демократијата”.Тој беше претседател на Канадско-македонското место (Старечкиот дом) за време на изградбата и на официјалното отворање на 17 јуни, 1979 година.

cmpf

Исто така, Ван Петров беше познат хуманист и добротвор кој ги помагал хуманитарните организации во Торонто, потоа давал средства на македонските православни цркви и други македонски организации. Исто така, тој беше човекот кои заедно со други Македонци од Канада и САД дал помош за настраданите во земјотресот во Скопје во 1963 година. Потоа испратил парична помош и лекови за неговата татковина Македонија, за што во 1976 година, Универзитетот во Скопје му доделил високо признание за неговиот придонес и помош на Медицинскиот факултет во Скопје.

Меѓу активностите на Ван Петров, секако треба да се одбележи дека тој беше еден од првите Македонци во Канада кој станал масон и бил  член на “Цар Соломон ложата”, “Рамзес светилиште храмот” и “Лисајд светилиште клубот”. Тоа, секако му помогнало да влезе во побогатото општество на Канада, затоа постигнал видни резултати на полето на бизнисот.

Во 1993 година, Ван Петров го предаде Македонскиот голф турнирот да стопанисува Канадско-македонското место (Старечкиот дом), каде и денес е седиштето на овој голф турнир. Мегутоа, тој оставил амант дека дел од средствата да се даваат на Катедрата по македонски јазик на Универзитетот во Торонто Инаку, Ван Петров беше една од главните финансиски поддржувачи на Катедрата од  нејзиното  основање.

Во нашиот разговор Ван Петров постојано потенцираше дека се гордее со своите две татковини, со Македонија, земјата на неговото раѓање каде живеел седум години и на Канада, земјата на неговото живеење и творење повеќе од седумдесет години. Тој со гордост се декларираше како Канаѓанин од македонско потекло. Затоа за Ван Петров со право се вели дека беше легенда за настаните и активностите што се одвиваа во македонската колонија во Торонто.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top