Дијаспора

„Света Богородица“ во Бризбеин и „Света Недела“ во Голд Коуст – македонски домови за генерациите (12)

sv-bogorodica-1

sv-bogorodica-1

ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Бризбеин, или како што често го нарекуваат „градот на цвеќето“ е главен и административно-културен центар на државата Квинсленд. Овој убав град како населба бил формиран 1824 година во состав на англиската колонија и служеше како „заточеништво“ на непослушните  и прекршителите на законот. Меѓутоа, денс овој привлечен велеград е значајно морско пристаниште, кое ја поврзува Австралија со Далечниот Исток и пошироко по целиот свет, а во него и во околните места живеат околу два и половина милиони население од сите делови на светот, наоѓајќи своја егзистенција во туристичките, индустриските, земјоделските и други бизниси.

Во овој велеград и конгломерат од народи се вгездиле повеќе од илјада Македонци од етничка Македонија. Нив ги има најповеќе од егејскиот дел на Македонија кои се доселиле по поразот на ДАГ во Граѓањската војна во Еледа (Грција), поточно во екот на голготата на македонскиот нарот. Исто така, на тие простори се доселиле и семејства од Република Македонија. Нив ги има од сите делови на Македонија, но најбројни се од Леринско, Битолско, а ги има и од Прилепско и од Охридко-преспанскиот регион.

Иако македонската заедница не е многубројна како во другите австралиски центри, но таа е голема по духот и постигнувањата на национално, духовно и културно поле. Тоа особено е изразено преку заедничкото живеење во македонската православна црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ , која претставува дом на заедништво, другарување и зачувување на македонскиот национален дух, култура, традиции и обичаи и сакрален објект за православните Македонци на тие австралиски простори.

Почетните активности, особено оние на црковно духовно поле во македонската колонија во Бризбеин почна со посетата на тогашниот архиереј митрополитот господин Кирил во јуни 1980 година. Тогаш митрополитот Кирил  ја опслужи првата богослужба на мајчин македонски јазик, изврши осветување на објектот во кој се собираа Македонците и го изврши првото крштевање на македонско девојче.. Чин што остана со трајни белези кај Македонците на тие топли простори,

Инаку,  зградата на црквата “Света Богородица” во минатото припаѓала на една Англиканска црква, а сега е преуредена во македонски храм. Таа е изградена од тврд материјал и претставува убаво архитектонско решение. Црквата се состои од храм за неколку стотини луѓе и други помошни простории.

Во тој период во состав на црквата работеја: Играорната група “Танец”, Фудбалскиот клуб “Обединети македонски браќа”, Неделното училиште по македонски јазик “Крсте Мисирков”, Македонскиот радио-час што се емитува во рамките на мултикултурна програма во Австралија, како и Македонскиот младински центар “Китка”.

sv-bogorodica-2

Заслуги за овој македонски духовно-културен светилник за генерациите во Бризбеин имаат сите Македонци на тие простори. Меѓутоа, посебно треба да се нагласи активноста  на првата црковна управа на чие чело беа претседателот и донаторот Симе Гагачев од с. Буф, Леринскло, секретарот Никола Стоилковски, потоа на активистите: Кире Буцевски, Кире Азмановски, Коста Ликовски, прота Атанас Станковски, како и свештеникот Ѓорѓи Кацарски, првиот свештеник што ја посетил оваа македонска општина.

Еден од светлите датуми на македонската православна црква „Света Богородица“ во Бризбеин е, секако, 9 мај 1982 година кога е извршено големото осветување од тогашниот надлеже архиереј митрополитот Тимотеј, во сослужение на свештениците Спасе Стефановски и Климент Џепаровски, а во присуство на голем број доселеници од повеќе македонски заедници.. Посебен белег на тој свечен цин му даде присуството на тогашниот министер на Австралискиот парламент, г. Бен Хафри. На оваа свеченост посебно улога имаше играорната друпа „Танец“, а забавата траела до доцна во ноќта кога и биле собрани голем број донации за црквата.„Света Богородица“.

Според делото „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ на авторот на овој текст, Македонците во Австралија имаат долга и макотрпна историја проткаена со бескрајни страници, но и со премрежија и турбуленции кои оставиле длабоки траги кај одреден број што живее на тие простори. Македонците отсекогаш биле предмет на разни туѓи верски, нацио­нални и политички влијанија, кај кои се нашло погодно тло за таквата дејност. Во тој правец активна била бугарската, грчката и српската пропаганда, кои со успех ги вршеле своите замислени цели. Притоа, во прилог одела и неорганизи­ра­носта на македонските доселеници кои, за жал, немале ниту своја држава, ниту, пак, свои Македонски православни цркви.

Затоа, во периодот од нив­ното доаѓање во Австралија до конституира­ње­то на ма­кедонската држава, Македонците биле предмет на туѓи пропаганди.

Во периодот меѓу двете светски војни, кога МПЦ не беше конституирана како државна институција, македонските доселеници во Австралија не само што учес­твувале во организирањето и во изградбата, туку и  ги поддржале, ги фи­­­­­нансирале и црквувале во други цркви.

sv-nedela

Меѓутоа, љубовта кон родната земја Македонија, а со тоа и кон Бога била голема, чиста и искрена. Таков е случајот со Македонците во Бризбен кој ја формирале првата православна црква на петтиот континент изградена со средства на Македонци. Имено, во 1936 година, во околината на Бризбеин, имало голем број Македонци од Егејска Македонија и од другите  Балкански држави собирачи на банани и други земјоделски производи, тие решиле да ја подигнат православната црква “Света Богородица”. Таа била изградена во една мало места на фарма со банани чии средства ги дал еден Македонец од егејскиот дел на Македонија. Црквата “Света Богородица” им служела на сите православни и други христијани на тие простори се‘ до 50-тите години од минатиот век.

Слично како во Бризбен, во  1947 година, во месноста Крејбс Крик во Нов Јужен Велс била изградена и православната црква “Света Богородица”. Таму живееле и работеле дваесеттина семејства од Беломорска Македонија, кои собрале средства и на имотот на еден Македонец од Костурско ја изградиле црквата. Осветувањето на црквата го извршиле свештеници на Англиканската и Руската црква и била регистрирана пред австралиските власти. Црквата “Света Богородица” постоела 4-5 години, се‘ до периодот кога се отселиле Македонците и го продале местото заедно со објектот.

Меѓутоа, со обновувањето на Македонската православна црква во лицето на Охридската архиепископија во 1957 година, состојбите рапидно се изменија. Така, македонските православни цркви и црковни општини во Австралија се конституирани врз законска основа и се организирани како религиозни, национални, социјални, хуманитарни, културно-просветни, литературни, спортски и друг вид институции. За реализирање на своите активности црквите и црковните општини, пред се‘, имаат добиено широка поддршка од властите каде што постојат и од мајката Светиклиментова црква во Република Македонија..

Една од таквите македонски центри е, секако Македонската православна црква “Света Недела“ во Голд Коуст. Почетната иницијатива за изградба на оваа црква датира од 1989 година кога било формирано македонско друштво, кое подоцна прерасна и беше регистрирано во црковна општина. Новиот црковен и национален храм „Света Недела “ е убаво архитектинско решение со кое Македонците се гордеат.

Со формирањето на македонската православна црква “Света Недела“ во Голд Коуст, во голема мера се придонесе да се подигне на повисоко рамниште свеста, љубовта  за заедничко живеење и националниот идентитет на македонските иселеници на тој дел на во Австралија.За црквите „Света Богородица“ во Бризбеин и за „Свети Никола“ во Голд Коуст, често се вели дека се духовно-национални храмови за генерациите.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top