Дијаспора

СМК ГО ЧЕСТИТА 6 МАЈ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКО-ГОРАНСКАТА ЗАЕДНИЦА НА КОСОВО

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

СМК ГО ЧЕСТИТА 6 МАЈ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКО-ГОРАНСКАТА ЗАЕДНИЦА НА КОСОВО

5 мај 2016 година, Приштина, Косово

– Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упати поздравна честитка по повод 6. Мај – Денот на Македонско-Горанската заедница на Косово.

СМК посакува унапредување на положбата и правата на Македонско-Горанската заедница на Косово, како етнички Македонци.

СМК очекува Владата на Косово да ја поддржи Македонско-Горанската заедница на Косово во целосната интеграција на косовската држава и општество.

СМК се надева дека Владата на Косово ќе покаже доблест во почитувањето на правата и слободите на Гораните како етнички Македонци, како еднакви меѓу еднаквите и рамноправни меѓу рамноправните, што претставува показател на меѓуетничката и меѓуверската хармонија, како и на мултикултурализмот во Косово.

СМК апелира до Владата на Македонија да ја зајакне соработката со Македонско-Горанската заедница на Косово, а во рамките на македонско-косовската соработка, да ја помогне Македонско-Горанската заедница на Косово во реализацијата на неколку проекти: културна автономија на Македонско-Горанската заедница на Косово, добивање на двојно државјанство – косовско и македонско за Гораните на Косово, прогласување на областа Гора за Евро-зона на тромеѓата Албанија-Косово-Македонија на Шар планина, унапредување на статусот на граничниот премин Стрезимир-Рестелица во меѓуграничен премин со 24 часовна употреба во текот на целата година и употреба на македонскиот мајчин јазик како наставен и службен јазик во областите Гора и Призренска Жупа и на Косово во целина.

Областа Гора се наоѓа на тромеѓата Косово, Албанија и Македонија. Населена е со автохтони етнички Македонци од исламска вероисповед, познати како Горани или Горанци. Гора зафаќа 370 км2, со надморска височина од 1.000 м до 1.300 м. Во Гора, после Титов Врв на Шар Планина, се наоѓа највисокиот врв Трпежница со 2.160 м.

Во областа Гора живеат околу 40.000 Македонци од исламска вероиспове во 20 села на Косово (Рестелица, Глобочица, Крушево, Зли Поток, Брод, Бачка, Млике, Враништа, Орчуша, Мал Крстец, Голем Крстец, Диканце, Љубоиште, Лештане, Горна Радеша, Долна Радеша, Кукаљане, Горна Рапча, Долна Рапча, со општински центар во Драгаш), 2 села во Македонија (Урвич и Јеловјане) и 10 села во Албанија (Очикље, Запот, Кошариште, Пакиша, Оргоста, Црнољево, Орешек, Борје, Ново Село, Шиштеец, со општински центар во градот Кукс). Областа Гора е богат крај со води и пасишта, но недоволно економски развиен и неискористен.

Од 1990 година во Гора живееле околу 16.000 Горани, со војната на Косово иселени се околу 4.000 Горани и нивниот број денес изнесува околу 12.000. Меѓутоа од 1945 до 1990 година од Гора иселени се два до трипати повеќе Горани отколку што денес живеат на Косово, како печалбари, на сите меридијани на земјината топка. До 1990 година наставата се изведува на српски јазик, но поради домицилните наставници, таа се изведува на горански дијалект на македонскиот јазик.

Етнички Македонци со исламска вероисповед живеат и во областа Призренска Жупа. Нив УНМИК ги именува како “муслимански словени“. Во Преизренска Жупа денес живеат околу 35.000 Македонци во следните места: Локвица, Јабланица, Грнчаре, Небрегоште, Горна Љубиња, Речане (мешана населба со Македонци, Албанци и Срби), Плањане, Љубижда, Манастирица, Скоробиште (мешана населба со Македонци и Албанци), Горно Село и Мушниково (каде процесот на албанизација е речиси завршен). Наставата во овие села до 1999 се изведувала на српски јазик, а од 1999 година населението конвертира со барање за настава на децата на бошњачки и албански јазик од познати причини. Во три села од нив, населението целосно конвертира со барање за настава на своите деца на албански јазик, бидејќи целосно се опкружени со Албанци. Само во Призрен има околу 10.000 Македонци од областа Гора и Призренска Жупа. Во Ораховец живеат околу 1.200 Македонци, во Исток живеат околу 1.000, во Пеќ околу 1.500-1.700, во Витомирица околу 2.500, во Приштина околу 1.600-1.800 а пред војната дури 3.500-4.000, во Косовска Митровица околу 1.750 Македонци, во Гнилање живеат околу 100, како и околу 120 Горани во Косовска Митровица.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top