Дијаспора

Од историскиот развој на МПЦ „Свети Димитрија Солунски“ во Вулунгонг (17)

vulungong1

vulungong1

Често пати се вели дека Австралија е земјата на бизнисот и религијата. Тоа се потврдува со фактот што на тие богати простори век векуваат  еден крај  друг многу­бројни народи и нации од сите расни групи со различни ре­ли­гии и од сите континенти во светот. Меѓу нив, зна­чајно место имаат и Македонците, кои ги уживаат си­те права и слободи за развивање на своите на­цио­­н­ални чувства, на својата култура, религија и на сè она што ја карактеризира нивната самостојност и са­мобитност.

Во минатото Маке­дон­ците на петтиот континент биле во по­­по­дре­дена по­ложба во споредба со емиграцијата на соседните зем­­ји на Балканот. Затоа биле пос­тојана цел на ту­ѓи­те пропаганди. Соседните земји, со свои­те освојувачки и аси­ми­ла­тор­ски апетити, насто­ју­ва­ле со сите сили и пер­фидни средства, да ги придобијат и да се наметнат на неорга­ни­зи­ра­ни­­те Македонци, со цел да ја деформираат и да ја потиснат нивната нацио­нал­на свест. Така заразени од туѓите проп­а­ган­ди, за жал, како религиозни луѓе некои се приклучиле кон (про)бугарски, (про)српски, (про)грчки пра­во­слав­ни цркви и други организации и клубови.

Ме­ѓу­тоа, положбата рапидно се сменила по консти­ту­и­­­ра­ње­то на Република Македонија во 1944 година и осо­бено по об­но­ву­вањето на Охридската архие­пис­ко­пија во ли­цето на Македонската православна црква. Како резул­тат на тие придобивки, Ма­ке­дон­ците во Австралија формирале многу македонски пра­вославни црк­ви, македонски друштва, клубови и различни асо­ци­јации, отворија радија и ТВ-програми, започнаа да печатат весници, списанија и други инфор­ма­тив­ни гла­сила на македонски јазик. Тоа при­донесе во но­вите средини тие да се претстават како за­себна на­ција, со своја држава, со длабоки корени, со национална црква и со сите дру­­ги атрибути на еден народ во светот. Македонските иселеници од сите делови на Македонија        за­ста­­наа на страната на вистината, со цел да го афир­ми­­­раат македонската вистина,  народ и Република Маке­до­нија.

vulungong2
Панорама на Вулунгонг

Беше прекрасен пролетен ден, наоколу со распослани зелени килими, а низ нив опојни разнобојни цветови. На начин на кој животот се буди и развива убаво чувство на љубов кон природата. Сонцето, чии бои се прелеваа во далечините на исток од каде започнуваше новиот ден, беше како огромна топка или балон што едвај се движи во просторот. Глетката беше прекрасна. А автомобилот на нашиот пријател Ѓорѓи (Гоче) Баковски брзаше од населбата Рокдеил кон градот Вулунгонг.

Тргнавме по автопатот кој воиди долж Океанот, од кој уште на излезот на Сиднеј се гледаа убави пошумени предели, заливи и современи куќи по должината на брегот. Нашето патување беше уште попријатно кога се искачивме на планинскиот гребен кој како ѕид од дрва се протега на југ и го дели континенталниот од песочните окенски простори.

На патот, на дваесетина километри до Вулунгонг забележавме сообраќаен знак со ознака „Мелбурн 1,000 км“. Далечини што за еден Европјанин се необични. Потоа застанавме во еден респоран лоциран на високиот гребен на планината, од каде како на дланка  се гледа Вулунгонг со сите населби околу него. Во тие моменти уживавме  на прекрасната глетка која Тихиот Океан ја збогатува со својата недогледна водена шир.

vulungong3

По кусиот престој, одмор и задоволство од панорамата, која наликува како онаа кога се набљудува од Галичица над Трпејца, од каде се гледа сината езерска шир на Охридското Езеро и рамниот дел кон манастирот „Свети Наум“, го продолживме патувањето кон Вулунгонг. Тогаш се уверивме дека не случајно Вулунгонг се збратимил со Охрид.. Тоа е како резултат на бројноста на македонското иселеништво кое потекнува претежно од Охридско-струшкиот регион и кое претставува значаен чинител во севкупното живеење и голема алка на синџирот меѓу Австралија и Македонија, кои имаат блиски и присни меѓусебни односи.

 На просторот на Илавара постојат две македонски православни општини; „Свети Димитрија Солунски“ и „Свети Климент Охридски“. Првата црква е сместена во тесното градско подрачје на Вулунгонг, во непосредна близина на брегот на Тихиот Океан. Таа е изградена во форма на буквата „Г“, која денес е реновирана, приширена. разубавена и адаптирана за нејолку стотини  верници. Во состав на црквата работи КУД “Вардар”, Женската секција, фудбалска и други секции.

Црквата „Свети Димитрија Солунски“ е една од првите македонски православни цркви во Австралија. Почетните активности за формирање на оваа црква беа од времето кога се формираше првата црква „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн. Меѓутоа, во 1967 година Македонците од овој дел на Австралија го регистрираа првиот црковен одбор, кој успеа во наредните години да купи место за изградба на црквата.

Местото беше осветено од митрополитите Методиј и Кирил, во сослужение на свештениците Методи Лазаревски, Владимир Поповски и Живко Поповски, кои на 4 април 1971 година го положија и осветија камен-темелникот на црквата. Со тоа почна акција за собирање материјални средства во која се вклучија голем број Македонци од сите делови на Македонија и затоа црквата беше изградена за кус период.

Според делото „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ на авторот на овој текст, во аналите на оваа црква е запишано дека осветувањето на Храмот беше извршено на 27 август 1972 година. што го изврши на симболичен начин градоначалникот на Вулунгонг, кога беа собрани голем број средства.Тоа беше голем и значаен ден за Македонците, кога го прославиај својот празник во присуство на неколку илјади македонски иселеници, на претставници на Парламентот на државата Нов Јужен Велст, Министерството за емиграција, претставници на Англиската црква и други пријатели.

На тој ден беа собрани голем број средства. Посебно место во дарителството му припаѓа на Злате Танески од Белчишта, Охридско. Исто така, придонес во дарувањето имаат Мијал Стефановски, Ангеле Ристиќ, Димко Димитровски (кој беше прв претседател), Ангеле Брглевски, Димче Николовски, Каранфил Кочовски, Спасе Ложенковски и други. Посебно место во духовно живеење имаат свештениците: Љупчо Милошевски (првиот свештеник), Васил Сламков, Васко Димитровски, Климе Џепаровски и други.

Црквата „Свети Димитрија Солунски“ во Вулунгонг е убав македонски дом што го изгради поголема грума Македонци кои беа патриотски ориентирани и припаѓаа на Движењето за обединување на Македонија (Македонците). Затоа, во една пригода со еден член на оваа црква бев информиран дека тој се гордее дека е Македонец и дека во изминатите илјадници години, период богат со настани,само два народа се нарекле Македонци: античките Македонци и сегашните Македонци, кои денес живеат на просторот на етничка Македонија и на сите континенти во светот. Затоа со право се вели дека на многу народи судбина им била историјата, а на Македонците историјата им била судбина.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top