Дијаспора

Семакедонскиот храм „Свети Климент Охридски“ во Порт Кембла (18)

port-kembla

port-kembla

ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Иако далеку од Македонија, припадноста и чувството кон дедовската земја на македонските доселеници на петтиот континент е многу голема. Таа се преточува пре­ку нацио­нал­ни­те белези, традициите, црковните обичаи и         об­реди, преку негување на мајчиниот збор, преку спортот, иг­рата, песната и медиумите, а особено преку активностите во македонските православни цркви и манастири.

Таков е случајот со Македонците, без разлика од кои простори на Ма­ке­донија се задомиле во Порт Кембла. Тие претставуваат нераскинлив и значаен дел од цело­купниот мо­заик на македонската вистина. Нивната врска со двете татковини, Македонија и Австралија е трајна, искрена, чо­вечка, носталгична, маке­дон­ска. Затоа со право се вели дека  мостовите што ги градат меѓу Ре­пуб­лика Македони­ја и втората татковина Австралија се двонасочни, плодотворни, от­во­рени и многу значајни во севкупното живеење, ра­бо­та и комуницирање.

Порт Кембла, (Пристаништето Кембла) се наоѓа на јужната страна од Вулунгонг во државата Нов Јужен Велс. Тоа е место на челикот и значајно пристаниште за прекуокеанските товарни бродови. Само во челичарницата, најголема во јужната хемисфера се вработени околу дваесетина илјади работници и стручнаци од целиот свет, меѓу кои, според некои незванични податоци Македонците се едни од најбројните.

  При нашата посета на овој гигант на челикот, заедно со нашиот пријател Спасе Ложенковски бевме информирани дека меѓу вработени можат да се сретнат доселеници од сите краишта на Македонија, меѓутоа, најбројни се од Охридско, од Струшко, Битолско и од Преспанско. Овој индустриски гигант од светски размери привлекол голем број наши луѓе и не е проблем ако човек незнае англиски јазик, зашто македонскиот јазик како веќе да е втор.. Многумина Македонци се наоѓале и на најтешките работи, останувајќи и по повеќе часови, но затоа добро заработиле. Како резултат на тоа, голем број Македонци, со парите од Австралија изградиле убави и современи куќи во родните места во Македонија.

sv-spas-2
Манастирот „Свети Спас“

Според делото „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ на авторот на овој текст, црковниот живот на подрачјето на Вулунгонг почнало при крајот на шеесеттите години со изградба на македонската православна црква „Свети Димитрија Солунски“. Подолг период таа беше центар и духовен дом на поголемиот број македонски доселеници во Вулунгонг и околните места. Меѓутоа, пред се‘ поради рапидното зголемување на бројот на Македонците, во седумдесетите години, а и поради некои внатрешни судрувања, оваа црква стана претесна да ги прими сите христијански верници. Затоа се пристапи кон формирање на нова македонска православна  црква со седиште во Порт Кембла, каде што е концетрирано бројно македонско иселеништво.

 Иницијативата за изградба на новиот и културен центар, што го доби името „Свети Климент Охридски“, дојде на состанокот што беше одржан на 26 јануари 1981 година, кога беше избран Иницијативен одбор, во кој влегоа бројни истакнати иселеници, а чиј претседател беше Тоде Колупачевски. Тоа беше почеток на  активностите на оваа втора МПЦ на тие простори од петтиот континент, каде се претпоставува дека во тој период  живееја околу дваесеттина  илјади Македонци, кои, всушност ја реализираа акцијата за собирање средства и учествуваа со личен труд во изградбата на нивниот духовен, национален и културен дом.

Во период од неколку години било купено место и е изградена црква на која на 8 јануари 1983 година било извршено мало  осветување. Осветувањето го извршил архиерејскиот заменик, прота ставрофор Ѓорѓи Кацарски, тогашен свештеник во Мелбурн, во сослужение со свештениците Љубомир Милошевски и Александар Ивановски (од Сиднеј), Климент Џепаровски (од Њу Касел) и Васил Сламков (од Вулунгонг), а во присуство на претставници од тогашното дипломатско претставништво на Југославија во Сиднеј, претставници на други македонски православни цркви и голем број иселеници.

petar-vladika
Владиката Петар со своите свештеници

Посебен белег на свеченоста и‘ даде присуството на тогашниот градоначалник на Вулингонг, во чиј реон припаѓа и Порт Кебла, г.. Френк Аркел и одборникот г. Питер Мортон, кои ја збогатија свеченоста, а со одбраните зборови за значењето за македонската заедница и за нивните активности, влеа доверба и почит кај македонските доселеници, кои играат значајна улога во севкупното живеење на градот.

Исто така, бележит ден е 22 мај 1983 година, кога е извршено големото осветување, што гогашниот надлежен архиереј митрополит австралиски г. Тимотеј го изврши во сослужение на сите македонски свештеници во Нов Јужен Велс, а во присуство на бројни ислеленици, гости и претставници на австралиското општество.

За формирањето, изградбата, осветувањето и активностите на културно-просветното живеење на оваа црква се заслужни голем број Македонци. Меѓутоа, посебно место им припаѓа на претседателите на црковните управи, меѓу кои,Тоде Босев, Веселин Талевски, Јоце Василевски, Благоја Чепиговски и сите други досегашни активисти, како и на свештениците Љубомир Милошевски и Раде Јошевски.

Македонската православна цркава „Свети Климент Охридски“ е убав православен храм подигнат на височинка во Порт Кембла, во непосредна близина на Тихиот Океан, што наликува на местоположбата  на манастирот „Свети Климент Охридски“ во древниот Охрид и ги потсетува македонските доселеници на нивната родна земја. Покрај храмот на 22 октомври 1989 година бил поставен камен-темелникот за изградба на салата во која денес се одржуваат концерти, банкети, свадби и други манифестации во културниот и просветниот живот. Во состав на црквата со успех работи КУД “Билјана” кое е носител на голем број активности, театарска група, женската секција, фудбалскиот клуб и други секции.

Значајно за македонската православна црква „Свети Климент Охридски„ е тоа што таа е иницијатор и градител на македонскиот манастир „Света Петка“. Манастирот кој е дел на црквата е изграден на имот од шеесеттина  илјади метри квадратни со прекрасен поглед на океанот, езерото и падините околу Вулунгонг. Во него има простор за 250 верници на служба, има 17 конаци за преспивање, голема трпезарија, 25 метри висока камбанарија со видиковец и слободен простор кој може да се искористи за изградба и на други објекти за потребите на Македонците кои ги има во голем број на тие австралиски простори.

И покрај несогласувањата, недоразбирањата, различите мислења и се‘ она што се случуваше во Австралиско – македонската епархија на МПЦ во изминатите дваесетина година, сметаме дека Господ ќе им го покаже правиот пат на Македонците во Македонија и во дијаспората и ќе се надминат сите бариери. Зошто на Македонецот од сите делови на Македонија му е потребно взаемно разбирање,  слога, вера, надеж  и љубов.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top