Дијаспора

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ ја одржа Свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

kim1

kim1

Во неделата на 29–ти мај, 2016 година, со најголеми почести се одржа чествување на славните Браќа Свети Кирил и Свети Методи.

Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс , како и секогаш, натпросечно ја организира оваа величенствена свеченост на која присуствуваа родителите и учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во етничките и редовните основни училишта, како и во  саботните средни училишта. Свеченоста се одржа во Црквата “ Свети Кирил и Методи“ во Сиднеј.

На свеченоста, гостите ги поздрави Госпоѓата Луција Џонс, Потпретседател на Федерацијата за јазици на зедницата, ги поздрави присутните и нагласи дека:„ Македонскиот просветно училишен одбор е значајна општествена институција во НЈВ, која динамично, активно и високо квалитетно ја организира наставата по македонски јазик во сите училишта. Напорната работа на учителките и волонтерите, постојано е пример за другите заедници во Нов Јужен Велс.“

kim2

За делото и значењето на Светите браќа Кирил и Методи зборуваше Претседателот на Македонскиот просветно училишен одбор , Госпоѓата Жаклина Михајлова, која меѓу другото рече:

„Почитувани Гости, родители, ученици – пријатели на македонскиот јазик. Денеска ги чествуваме идеалите, името и делото на солунските браќа Кирил и Методи. Да се зборува за славните учители, свештеници, за славните филозофи е голема чест и гордост. За славата на учителите најдобро зборуваат нивните ученици, заправо генерациите на ученици што го слават делото кое сведочи за учителите. Како такви, и по род и по учење, и ние денес ја продолжуваме славата на славните Македонци и со изучувањето и организирањето на училиштата по македонски јазик во Австралија, ја потхрануваме светата македонска лоза.“

Почесниот Претседател на МПУО за НЈВ, Господинот Тоде Кабровски им се обрати на присутните и им укажа на важноста на негувањето и зачувувањето на македонскиот јазик. Тој на членовите на Одборот им ја предаде Наградата СВ Климент Охридски, со која што Одборот беше одликуван од Република Македонија, со цел истата да се зачува во ахивата на Одборот.

Програмата ја водеше Господинот Благоја Јосифовски, кој е  успешен млад Македонец. Денеска тој е професор по македонски јазик во средното саботно училиште во Бенкстаун, а пред години беше ученик во етничкото училиште во  Рокдаел, во средното во Когра, а го заврши и студиите по македонски јазик на Маквори Универзитетот. Во својот говор тој истакна: „Благодарение на Министерството за образование на НЈВ, кое овозможува , македонскиот јазик да се изучува во етничките , редовните и саботните средношколски центри  и на вложениот доброволен труд на сите членови на МПУО, јас, некогашен ученик во тие училишта, денеска стојам, рамо до рамо, со моите први учителки, стојам пред вас како секретар на МПУО и како учител кој ја учи денешната генерација ученици по македонски јазик. Користете го македонскиот јазик што повеќе во вашите семејства. Приликите што ќе ви се отворат преку мулти – лингвизмот во вашите криери се непроценливи, зашто живеете во свет кој што е толку технолошки и културно поврзан , толку зависен од познавањето на повеќе јазици“.

kim3

Потоа  на  заслужните учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во Нов Јужен Велс,од сите редовни и етнички основни, и средни училишта им беа доделени Признанија и Награди.

Специјални Благодарници им беа врачени и на активисти и доброволци кои го помагаат изучувањето на македонскиот јазик.

Добитници на Признанија за изучување на македонскиот јазик во Нов Јужен Велс:  Клои Илијоска,, Бриjана Илијоска , Клаудиjа Огњаноска, Татијана  Тошеска, Амилиjа  Анчевска, Никола  Кочанкоски, Кристијан Кузмановски, Наталиjа Петреска, Елизабет Мојановска, Петар Славески, Емилиjа Гулевска,  Даниел Грчев,Сиена  Петреска, Изабела  Митева, Кристина  Соколоска, Тијана  Манева, Анабел  Петреска, Ева  Ѓуровска, Стефан Трпковски, Наташа Трпковска, Емили Зафировска, Џасинта Глигороска, Алана Цветковска, Екатерина  Јовановска, Моника   Темелкова, Марко  Гурабиовски, Ребека  Басукоска, Александар  Бакрески, Александар Петровски, Ана Радеска, Матеа Димовска, Адриан Долевски, Филип Ѓоргиевски, Ешли Ѓоргиевска, Анамарија Ангелкоска, Стевче Димески, Емили Гашовска, Мелани  Најдовска, Симона  Бојческа, Петар  Павлоски, Јулијана  Блажевска, Емилиjа  Гашовска, Александра  Киселоска

Заслужни членови на МПУО и пријатели на македонскиот јазик:

Алберт Вела, Луција Џонс, Тоде Кабровски, Carlton Public School, Иван Трпоски, Ирена Вељанова, Наум Деспотоски, Управа на МПЦ “ Света Петка“ Рокдаел, Гордана Клисарова, Мак Видео – Драган Димитровски, Зара Јошевска – Travelworld  Wollongong, Carlton Public School, МПОС – Црква “Свети Кирил и Методи“, Јове Стојановски, Македонски Телефонски Именик, Цане Ристески, Ѓорѓи Михајлов и Наум Деспотовски. Драгица  Митева, Каролина Марковска, Раде Стојкоски, Елизабета Кузмановска, Александра  Грчева, Тања Гулевска, Пeрo Трифуновски, Кире  Простиженовски, Доне Кочанковски, Управа на МПЦ “ Света Петка“ Рокдаел, СБС – Радио, Радица Бојковска Димитровска, Мак Видео – Драган, Пецо Наумоски, МКУД „ Илинден“ Сиднеј и Столе Трајковски, Цвета Чумковска, Славица Ристевска, Силвана Трајковска

Весна Трајковска, Наташа Котевска, Трајана Стојановска, Лилјана Спироска, Весна Трајковска, Благоја Јосифовски,

Мери Петковска, Дијана Јовчевска, Сузана Стојановска, Александра Ѓорѓиевска, Лидија  Славеска и Елена Здравковска.

Жаклина Михајлова – Учителката

Азбука

Паметат камењата дека
те имало и пред последната,
паметат пештрите дека си
забележана како – древната.

Паметат тревите и погребните
лелеци ти ги паметат звуците,
памети традицијата, глаголите,
песните ти ги паметат и внуците….

Обновена, упростена,
прекрстена, раскостена,
ама пак на старото
си стежнала, накитена,
од Руен, кон езерата си полазала,
на север и југ, насекаде си стасала.

Многу жедни со ум си напоила,
многу страдни очи опулиле,
многу алчни грабале, лажеле,
тогаш лажни правила важеле.

Сега е време друго,
вистината во очи ни вреба,
сега ни дојде редот,
горди да бидеме треба.

Слава на Методи и Кирила,
слава на светците сугестивни,
уште поголема слава на Климента,
што буквите стари ги врати видни.

Жаклина Михајлова

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top