Дијаспора

„Свети Пророк Илија“ во Фуцкрај – втора МПЦО во Мелбурн (29)

fuckraj

fuckraj

ОД ЖИВОТОТ И АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Мелбурн, главниот град на државата Викторија е втор по големина економски, културен, политички и административен центар во Австралија, веднаш по неговиот вечен ривал Сиднеј. Често Мелбурн го вбројуваат меѓу најзначајните центри на автимобилската индустрија, спортска мека и град бисер од другата страна на Екваторот. Таа над четиримилионска метропола, сместена на југоисточната страна на петтиот континент во Филиповиот залив како да се скрила зад Тасманија од каде што доаѓаат струењата  на Тихиот и Јужниот Океан. Градот е лоциран по полжината на реката Јара која со своите безбројни меандри го прави привлечен за живеење и за работа.

Во тој конгломерат на народи, нации, етнички групи и домородно население живеат неколку илјади Македонци од сите делови на етничка Македонија.Според некои неофицијални податоци во поширокото градско подрачје на Мелбурн живеат околу педесет илјади, од кои најбројни се од Леринско, Битолско, Костурско., од Преспа, Охридско, Прилепско и други делови на Македонија.

Во Мелбурн во 1960 година Македонците, претежно од егејскиот дел на Македонија, ја изградија првата Македонска православна општина „Свети Ѓорѓи“, а потоа беа формирани МПЦО „Свети Илија“ во Фуцкрај, „Свети Никола“ во Фицрој, „Свети Димитрија“ во Спринвел, дбата манастира „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, „Свети Наум„ во Риклин, и „Успение на Пресцета Богородица„ во Сиднхам, како и „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиденхам,манастирот „Свети Прохор Пчињски – Мелбурн, Донибрук, „Света Злата Мегленска“ во Мелбурн, Хоперс Кросинг, „Свети Наум Охридски – Мелбурн, Роклин, „Света Петка“  Мил Парк – Мелбурн.

Авторот на овие текстови Славе Николовски – Катин не ги дели македонските православни општини, цркви и манастири по составот на сегашните две епархии Австралиско-новозеландска и Сиднејдко-австралиска епархија, туку според неговот дело „Македоските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД, „Нова Македонија“, 1991 година и според распоредот на Светиот синод на МПЦ во тој период.

fuckraj-2

Според делото на авторт на овие редови, еден од значајните духовни, национални и културно-просветни центри за Македонците во Мелбурн е, секако МПЦО „Свети Проток Илија“ во Фуцкрај. Таа е втора општина македонските доселеници во Мелбурн, сместена на западната страна на градскиот центар, во месноста Јаравил, каде што е концентрирано македонско иселеништво од околу дваесеттина илјади, кое дошло претежно од подпелистерските села и од селата во етничка Пелагонија, а ги има и од преспанско-охридскиот регион и од руги места од Републиката.

Изградбата на оваа македонска православна црковна општина беше резултат во тие години на оддалеченоста  на црковната општина „Свети Ѓорѓи“ и големиот прилв на доселеници во Фуцкрај. Затоа, уште во 1971 година е формиран Иницијативен одбор за организирање на МПЦО „Свети Пророк Илија“. Во одборот влегоја голем број истакнати иселеници од македонско потекло, особено од битолско-прилепскиот крај, меѓу кои беа: Илија Милошевски, Цветан Велјановски, Томе Дервишовски, Борис Трајков, Веле и Војо Божиновски, Перо Ѓорчевски, Коле Најдовски, свештеникот Методија Лазаревски и многу други верници и патриоти кои вложија и труд и средства за тој македонски храм.

За кус период се собраа парични средства и во 1974 годиа е купена една методистичка црква, која беше оспособена за богослужби на православните Македонци, а на која на 26 декември 1974 година е извржено таканаречено- мако осветување. За прв парохиски свештеник беше назначен познатиотцрковен мисионер Методија Лазаревски, потоа долги години со успех ја вршеше таа одговорна должност протоерејот Ѓорѓи Кацарски, кој беше и архиерејски заменик за Австралија, а по него дојде свештеникот Ефтим Бетински.

Се чини еден од најзначајните  датуми за оваа црковна општина ќе остане 2 мај 1976 година, кога надлежниот архиереј на тогашната Австралиско-македонска епархија, митрополитот Кирил, во сослужение на повеќе македонски свештеници, неколку илјади посетители и многу гости од австралиското општество и Владата на Австралија ја освети црква, со што почна со работа уште едно македонско светилиште во Мелбурн.

Стариот храм на црквата „Свети Илија“ кој беше опожарен беше од тврд материјал и претставуваше убава архитектура. Иконите беа дело на македонски мајстори и голем број од нив беа подарок од македонските доселеници. Таа, покрај храмот се состоеше од добро уредени две сали, кујна и други помошни простории. Како придружни објекти беа двете згради до црквата, од кои едната беше дом за свештениците, а другата, заедно другите црковни простории служеја за неделното училиште за македонски јазик „Гоце Делчев“. Во минатото општината беше сопственик на три станбени згради, но подоцна тие беа продадени и средствата се искористени за изградба на Македонскиот дом во Саншајн.

kud-ilinden
КУД „Илинден“

Во состав на црковната општина со успех работи КУД „Илинден“, во кое членуваат голем број ентузијасти и вљубеници во македонското оро и песна. Друштвото гостувало во сите македонски колонии, на етнички и други манифестации низ цела Австралија, а неколку пати гостувало во Република Македонија. Исто така и дополнителното македонско училиште има значајно место во образовните процеси, потоа фудбалскиот клуб „Вардар“, женската и другите секции.

Голем успех на црковната управа, членовите на црквата и пријателите на Македонците е, секако е изградбата на Македонскиот центар „Саншајн“. Темелите за центарот се осветени во 1988 година, од надлежниот архиереј митрополитот Тимотеј, а во присуство на голем брок Македонци и гости. Центарот се наоѓа  на македонска земја од 4 хектари и претставува место за собирање, другарување и рекреација. Овој убав македонски дом во Мелбурн има околу две илјади квадратни метри корисна површина . Во него има голема сала, две помали сали, библиотека и помошни простории. Таму се одржуваат приредби, игранји, вечеринки и други манифестации што значат живот за македонските доселени на тој дел од демократска Австралија.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top