Дијаспора

Улрих Вилкен и историскиот роман Александар Трети (Велики) Македонски (37)

ulrih-vilken

ulrih-vilken

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ – ДЕЛО СО БИБЛИСКА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОРЕНИ

Историскиот роман Александар Македонски од германскиот автор Улрих Вилкен, во превод од англиски на македонски на Славе Николовски-Катин, а во издание на Книгоиздателството “Мисла” од Скопје, отпечатен во 1988 година, претставува значаен придонес и прилог кон осветлувањето на голем  број аспекти за древноста и континуитетот на историската вистина за Македонија, со посебна нагласка на  античкиот период. 

Во Република Македонија, за жал, античкиот период не е цесто и континуирано истражуван, затоа бројот на делата кои се занимаваат со оваа прашање е многу мал, за разлика од нашите јужни и други соседи, кои со векови потплатуваат и копаат по “нивната вистина”, за да ја замаглат и покријат македонската вистина. Меѓутоа, вистината неможе да се закопа во земја, кога – тогаш таа ке излезе на површина. Таков е случајот со вистината за Античка Македонија и древните Македонци, за кои е напишано толку многу литература што може да се спореди со литературата за Светото писмо-Библијата.

Токму затоа авторот на овие редови имаше можност и убава прилика овој пат на македонски јазик да го претстави и да се соочи со историски роман што е базиран врз  вистинските аргументи  и историските пишани материјали  за Античка Македонија.

aleksandar-makedonski-ulrih-vilken

Овој историски роман е лика и прилика за развојниот  континуитет на Македонија, претставен во романизирана литературна форма, со посебна нагласка на ликот и делото на големиот стратег, мислител и дипломат – Фип II Македонски и најголемиот досега воин,  освојувач на земји, гениј над гениите, обединувач на народите, почитувач на различните култури, традици и обичаи, и цар на силното Македонско Царство  – Александар III (Велики) Македонски. Затоа, со право може да се рече дека ова дело претставува библиска вистина за македонските корени и непресушен извор од каде секој Македонец ќе ја пие чистата патриотска љубов кон татковината-Македонија кон својот народ, со правичен односот и почит кон своите собраќа, пријатели, соседи, кон човештвото…

Историскиот роман Александар Македонски на авторот Улрих Вилкен, а како прв превод од англиски на македонски јазик во Република Македонија што го направи авторот на овие редови претставува сублимат на традиционалната македонска вистина, култура и наследство, почнувајќи од времето на владеењето на Филип II Македеонски (359-336 пред Христа) до владеењето и смртта на неговиот син Александар III Македонски (336-323 пред Христа).

На страници од романот е обработена македонската вистина, многу успешно се претставени ликовите на Филип и Александар, како и на другите личности од тој период. Авторот Урлих Вилкен навлегол во корените од каде проникна ‘ртулецот на принцот Александар, а потоа го следи неговиот раст од небесните височини, за да напише дека тој наследил од своите претци душа како Шарената Планина и ум чист како бистрите води на реката Бистрица.

Но, откако во Оазата Сива ја доживеал чудесната трансформација од човек во Бог, чинот на просветлувањето, јасно ја видел Екумената, братската заедница на целото човештво. Тој верувал дека наближува времето кога ќе создаде еден единствен свет на рамноправни луѓе со кои тој владеел, не како нивен господар, туку како добродушен и правичен Бог.

aleksandar-makedonski-ulrih-vilken-2

Сакал да им покаже и докаже на сите како ја замслувал Екумената на дело. И кога видел како мислата станува дело, се побунтубале неговите Македонци. Верувал дека лесно ќе излезе на крај со нив, но не било така. Колку тој влечел кон Екумената, толку тие влечеле кон Татковината. Меѓутоа, вистината е таа дека Александар, со своето големо дело, не само со силината на мечот, туку и со доблеста на душата, како никој пред него и по него направил најповеќе да ги сплоти луѓето од сиот Свет во Екумената, братската заедница меѓу сите народи, за која верувал дека таа некогаш ќе стане стварност. Со еден збор, тој бил основачот на денешната заедница во Европа и пошироко.

Романот Александар Македонски е поделен на повеќе глави. Во него голем простор му е даден на големиот Филип Македонски, потоа Олимпија, Парменион, македонските цареви Пердика, Аминта Први, Архелај, Клеопатра… Посебен процтор авторот посветил на Аристотел, учителот на Александар, непопустливиот и големиот противник на Македонците – Демостен, како и на бројни настани од тој период, каде особено доминираат и недоволно до денес истражените области од културното достигнување на Античка Македонија. Притоа, битката кај Хајронеја (Хиронеја) што се одиграла на 2 август 338-та година пред Христа, како Прв Илинден за Македонците, остава посебен впечаток кај читателот.

Романот, всушност е посветен на Александар Македонски со сите негови подвизи и дела, со посебна нагласка на  формирањето на единственото Македонско Царство. Притоа е претставен Александар Трети, царот на Македонија и неговите походи на Коринт, Граник, Халикарнас, Ис, Тир и Оазата Сива како и цивилизацискиот придонес, со целиот блесок на создавањето на познатите градови со висока култура, како и бројни споменици и библиотеки (како примерАлександриската).                                                             

Александар Македонски е претставен како Амонов син, кој патува од Александрија во Гавгамела, во Вавилон, преку Суса и Персепол до Пакистан, за да  стаса до Хиндукуш, “на крајот на Светот”. Потоа, заради различни околности, по морски пат се вратил во Вавилон, каде ги поминнал последните мигови од неговиот краток но бурен  живот.

Романот Александар Македонски од авторот Урлих Вилкен на англиски јазик, а во превод на македонски јазик на авторот на овие редови, опфаќа значаен и голем период на настани што се случиле на просторот од Македонија и Македонското Царство, чии граници и континуитет се менувал, но многу нешта останале трајни со неизбришливи траги во историјата на цивилизацијата. Овој историски роман, во кој се претставени извонредните раскажувачки способности на авторот, кај читателот буди силни чувства за нараснатиот интерес на недоволно проучените периоди од античкиот период и ја јакне љубовта кон Македонија.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top