Дијаспора

Разговор со Душан Ристевски по повод: БАБА СЕ МАЖИ

ivan-trpovski

ivan-trpovski

Повод за разговор со Душан Ристевски ни даде поставувањето на сцена на неговата последна драма „Баба се мажи“ во изведба на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј.

Душан, ова е мошне интересен наслов, делува смешно и се јавува љубопитност да се дознае темата на „Баба се мажи“.

Точно со самото слушање на насловот луѓето се смеат, а воглавно и тоа се очекува од оваа коимична престава: исполнета е со комични сцени само за разонода, смеење и уживање во позитивните моменти на животот. Малку се бега од македонското традиционално размислување со кое „бабите или дедовците не треба да се мажат или женат“ но затоа вреди да се види и да бидеме отворени кон она што ќе се чуе во преставата. Стигмата или срамот се нарушува, живееме во друг свет каде се и сешто е можно. Иако е комедија, секако има доста пораки за размислување во однос економските ситуации во Македонија и Австралија, за она луѓето што некогаш се присилени да прават неморални и неетички работи.

Минатата престава „Куферот“ се прифати многу позитивно од публиката иако беше трагедија. Што беше поводот да напишете комедија кога знаеме дека секогаш обработувате социјални и психолошки теми.

Пред „Куферот“ на сцена беше „Доктор Жими Мајка“, комедија со особено длабоки пораки во однос семејството, социјалните промени и меѓучовечките односи. Пред неколку години на сцена ја имавме музичката комедија „Стари и весели“. Репертоарот го прошируваме по барање и желба на публиката, некои сакаат комедии за да дојдат само за разонода но некои сакаат поозбилни теми, драми со подлабоки содржини. Се обидуваме со преставите да постигнеме повеќе цели па се надевам дека и со оваа престава луѓето ќе бидат задоволни. Добро е што успеваме на заедницата да и нудиме разонода.

Повторно земате учество на Discovery Festival во Хрствил каде ја преставувате македонската култура.

Повторно сме поканети и скоро секоја година успеваме да преставиме нешто не само за македонската туку и за англиско-говорната публика. Тој е најуспешниот начин да се покаже нешто од нашите културни вредности, посебно од театарот кој е длабоко врежан во нашата култура.

Покрај постарите во оваа престава имате и нови членови во Театарот.

Среќни сме што секогаш ни доаѓаат нови членови кои сакаат да бидат дел од нашата група, а некои од постарите после неколку години пауза повторно се враќаат. За прв пат настапуваат Татјана Нешковска, Јован Апостоловски, Зора Сазданова и Македонка Наневска. Покрај нив учество земаат Јаворка Котевска, Гордана Милошевска, Владо Сазданов, Антонио Нешковски и Спасија Огненовска. Режијата е на Васко Србиновски, а сценската продукција на Никола Апостоловски.

Значи нудите пет престави во НЈВ а имате ли престави да посетите и други градови/држави?

Покрај Сиднеј и Волонгонг би сакале да ја дадеме преставата и во другите градови каде македонската заедница е стационирана но тоа зависи од постоечките македонски организации кои делуваат таму. Поканите не ги одбиваме само турнејата треба да се организира по нивно барање. Преставите се закажани само за:

Civic Theatre, Hurstville Entertainment Centre, MacMahon Street, Hurstville во петок, 11-ти ноември и сабота, 12-ти ноември во 19.30 часот

Sun Lounge Function & Reception Centre, 8-14 Stewart Street Wollongong во сабота, 19-ти ноември во 19.30 часот

Macedonian Cultural Centre “Ilinden”, 65 Railway Street Rockdale во недела, 20-ти ноември во 15 часот

Bankstown Polish Club,11 East Terrace Bankstown во сабота, 3-ти декември во 19.30 часот

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top