Дијаспора

Почетокот на македонскиот иселенички печат во Австралија (1)

makedonskiot-iselenicki-pecat

makedonskiot-iselenicki-pecat
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Појавата на македонскиот иселенички печат во Австралија е израз на долготрајната макотрпна борба на македонските доселеници (без разлика од кој дел на Македонија дошле), за афирмација на својот национален идентитет и на дедовската земја Македонија. Македонците на петтиот континент секаде и во секоја пригода го истакнуваат македонското битие, изразено преку сопствената, богата, културна, национална и духовна историја. Во таа насока се и настојувањата на авторот на овие продолженија во „Македонска нација“ преку публикацијата  „Македонскиот иселенички печат” (НИО „Студентски збор“, Скопје, 1993, 1-254), да ги претстави хронолошки по години информативните гласила пред читателите, да ја прикаже љубота на Македонците кон пишаниот збор, вистината на иформирањето, постигнатите резултати на полето на новинарството и публицистиката и со еден аналитички пристап да се претстави историскиот развој на новинарската дејност кај Македонците во Австралија.

Делото “Македонскиот иселенички печат” е резултат на авторовата долгогодишна истражувачка работа во областа на печатот и новинарството и публицистичките достигнувања на македонските иселеници во прекуокеанските земји – Австралија, Канада и Соединетите Американски Држави, како и во голем број европски земји. Таа е подготвена да го претстави печатот на Македонците надвор од нивната татковина, за периодот од 1945 година, односно до конституирањето на НР Македонија од 1992 година, времето кога Македонија стана самостојна суверена и независна држава.

Оваа книга има исто така за цел да биде помош за новинарите, културулозите, историчарите, политичките, научните и други работници кои можат да  најдат голем број податоци во врска со активностите, ентузијазмот и достигнувањата на полето на новинарството на македонски иселеници на петтиот континент.

makedonija-etnicka-karta

Информативните гласила во македонска дијаспора во голем број случаи го носат името “Македонија”, кое јасно говори за нивната силна врска со нивната дедовска земја, етничка Македонија, додека одреден број гласила го носат името на некои историски настан или личности.

Само за илустрација ќе споменеме дека, под името “Македонија” во Австралија, Канада, САД и Европската Унија има педесетина гласила чии содржини вклучуваат културни и историски настани, настојуваат да ги разбудат патриотските чувства кај читателите и, уште поважно што тоа е еден од начините за поддршка на дедовската земја – Македонија.

Публикацијата “Македонскиот иселенички печат” е прв обид за дело од ваков вид во Македонија и има за цел да ја пополни празнината во историската анализа на печатот на македонските иселеници во Австралија. Оваа дело има за цел да ја збогати новинарската историографија, која во последните неколку децении е широко развиена кај Македонците на петтиот континент.

Инаку, треба да се нагласи дека македонските информативни гласила во Австралија, имаат посебно значење и играат огромна улога во зачувувањето на македонскиот јазик, тие се поттикнувачи во врска со продлабочувањето на националниот дух и самобитноста, како и продолжувачи на културните вредности на Македонците во новите средини. Во исто време информативните гласила во Австралија го јакнат единството меѓу иселениците од сите делови на Македонија.

avstralija-karta

Улогата на средствата за јавно информирање е незаменлива во продолжувањето на културните традиции на македонските доселеници во англосаксонскиот свет. Тие настојуваат целосно да го запознаат читателот, слушателот, и гледачот со македонскиот јазик, културата, историјата, фолклорот, обичаите и со други карактеристики донесени од стариот крај.

Во подготвувањето на публикацијата „Македонскиот иселенички печат“  се користени информативни гласила, публикации, научни трудиви, писма, разговори, извештаи и друг вид материјал, како и фондовите за иселеништвото кои се наоѓаат во Архивот на Македонија, Матицата на иселениците од Македонија, во Министерството за односи со странство, Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ и други институции, како и приватни архиви на иселеници ширум светот. Притоа, најзначајна беше личната архива на авторот на публикацијава, Славе Катин, која тој најчесто ја собираше при посетата и престојот во Австралија, Канада, САД и бројни европски земји, а која се наоѓа во Архивот на Македонија и е подарок на македонскиот народ и на Македонија.

Оваа публикација не претендира на исцрпност, туку, напротив таа само ги поткрепува наводите и констатациите изречени при третирањето на одделни прашања за значењето на книгата за развојниот пат на македонскиот иселанички печат и новинарството надвор од Република Македонија. Затоа секоја добронамерна сугестија на читателите посебно ќе биде корисна во дополнувањето на нејзината содржина.

Публикацијата „Македонскиот иселенички печат” има за цел да пополни извесна празнина во историографската анализа на печатот во иселеништвото. Нејзиното објавување само ја збогатува и онака оскудната литература од оваа област, која во последните децении е широко развиена сред Македонците во светот.

Авторот на оваа публикација ја изразува својата благодарност на рецензентите д-р Боро Мокров и д-р Весна Шопар, како и на сите колеги, пријатели и голем број иселеници кои помогнаа во наоѓањето материјали, весници, списанија и друга литература, или дадоа сугестии за подобрување на формата и содржината на текстовите и на публикацијата во целина.

Посебна благодарност авторот им изразува на издавачот „Студентски збор“ од Скопје и почитуваниот директор и учител во новинарството, Насте Стојкоски, потоа на поранешниот дипломат во Австралија, Ванчо Андонов, за неговото дело „Македонците во Австралија“ (Култура, Скопје, 1973 година), и на проф.д-р Томе Груевски за неговото дело „Јавното информирање во Македонија“ (Студентски збор, Скопје, 1991 година, како и на Министерствата за образование и наука и Министерство за информации, за нивното разбирање и помош за печатењето на оваа публикација. Исто така, голема благодарност  на бројни автори од иселеништвото, чиј дела се користени, како и на многу добронамерници и вљубеници во македонскиот печат и новинарството во македонската дијаспора..

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top