Дијаспора

Петрополис – Центарот на Империјата и богатството

blazil3-1

blazil3-1
ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – БРАЗИЛ (3)

Вториот император Дон Педро Втори бил надарен со способност, мудрост и со широко срце. Ја зел власта во свои раце на возраст од 15 години и владеел цели 49 години, сѐ до укинувањето на ро­бо­владетелството. Тоа бил период на економски рас­теж на земјата, развој на производството за кафе, па­мук и шеќер. Животот во кралскиот двор се одвивал по рецептот на европските земји, а Дон Пед­ро Втори бил чест гостин на Европа. Така, при една негова посета на Европа, како последица од неговото лошо здравје, принцезата Изабела ги ослободила робовите без да им плати на соп­стве­ни­ците на плантажите. Меѓутоа, како што рекол не­кој од очевидците, кој бил и потписник на тој до­кумент, „Нејзиното Височество спаси една раса, но ќе го загуби престолот“. Така и се случило.  На 15 ноем­ври 1889 година монархијата била отфрлена и Бразил се прогласил за република.

Имавме можност да се запознаеме со овие по­да­тоци и настани од минатото при посетата на градот Петрополис, 80-тина километри северозападно од Рио, каде се наоѓа и Музејот на Империјата. Всушност, се­гаш­ниот музеј бил Кралската палата на Дон Педро Втори во период од десетина години, односно тоа била лет­на резиденција на императорот од каде тој ја водел државата. Таа прекрасна зградата е во неокласичен стил, со пространи пар­кови наоколу, исполнети со разновидни дрвја и цве­ќиња и други егзотични растенија. Во таа оаза на слободата на духот, како што рече преведувачката Глауција, симпатична мулатка, императорот поминувал шест месеци во годината во летната резиденција во Петрополис.

Денес музејот има вредна колекција на до­ку­менти од кои може да се проучува историјата на Бра­зил во XIX век. Посебен простор заземаат предметите и вредностите кои говорат за многу богатото минатото, но и за сегашноста на земјата, што е составена од 22 сојузни републики, 4 федерални територии и еден фе­де­ра­лен округ – Рио де Жанеиро.

15-coisas-que-voce
Петрополис

Со самото пристигнување на дивите простори на Бразил, Португалците биле вчудовидени од уба­вината што го опкружувала тогашниот град Рио. Всуш­ност, по слегувањето од бродовите се сре­ќа­вале со бескрајни падини со бел песок, зеленило и појас на шуми меѓу гра­нич­ните врвови што се издигаат над кристално чис­тата вода. Меѓутоа, новодојденците биле не­пожел­ни и требало да бидат подалеку од брегот на океа­нот. Тамоуосите, староседелски индијански пле­ми­ња кои живееле и го користеле тој рај, не ги са­ка­ле но­водојденците, ниту, пак, оние кои пристигнувале во на­ре­дните години. Тие, веројатно, биле свесни дека белиот човек нема никогаш да престане да доаѓа во нивната земја. Во тоа биле и во право. Тамоуосите знаеле дека тие простори на кои се протегал Рио де Жанеиро и заливот што го поврзува не биле река, туку само залив (гуанабара), што на нивниот јазик значи „заштитник, знаме на морето“. И кога првите Португалци се доселиле кај заливот, старо­се­дел­ци­те и од љубов и од омраза ги нарекла „кариоки“ што на нивниот јазик значи „куќа на белиот човек“.

Денес, по повеќе од 500 години, во Рио непрекинато доаѓаат посетители од целиот свет. И сѐ уште се вчудовидени од неговата убавина. Кога ќе се при­стигне на интернационалниот аеродром во Рио, првиот поглед на градот е од кај заливот – Порта (гуанабара) кој останал со истите раскошни планини, шу­ми, песок и вода како пред 500 години, од времето на Америго Веспучи.

Инаку, административен центар на Бразил, пак,  е метрополата Бразилија која е сместен во рамнината Планалто и има околу 2, 5 милиони жители и е на листата на Светското наследство на УНЕСКО. Престолнината Бразилија е седиште на трите гранки на Бразилската власт. Исто така, таа е и седиште на многу бразилски компании, банки и други административни установи. Тој е планиран град во кој сместувањето на резиденцијалните градби се на широки урбани простори, со големи улици поделени на сектори, што поттикнало дебата околу животот во големи градови во XX век.    

Градот е планиран и развиен во 1956 година, а во 1960 година и официјално станал бразилска престолнина. Гледан одозгора формата на градот наликува на авион или пеперутка.Бразилија е изградена со цел да биде бразилска престолнина. Идејата била да се префрли главниот град од јужниот морски дел во централниот дел на Бразил. Пред тоа главен град на Бразил бил Рио де Жанеиро, а пред него Салвадор.

pedro-ii-of-brazil
Кралскиот музеј во Петрополис

За составот на населението во Бразил постојат голем број податоци.  За потомците на Бразил, чии предци се припадници на разни раси, постојат повеќе имиња, а најчесто е името мелези. Децата на еден бел и еден Афро-американец родител се викаат мулати, децата, пак, од брак на белец и американски Индијанец – местаци, а потомците од мешани бракови меѓу американски Индијанци и Афроамериканци – замбоси. Во земјите на Латинска Америка често било мешањето меѓу различните групи народи и се формирал мозаик на луѓе потомци на разни раси. Најголемата група ја сочинуваат мелезите (местаците, потоа мулатите и замбосите), а од нив најбројни се местаците.

Португалските ос­во­јувачи кои станале господари, освојувајќи го­ле­ми те­ри­тории од новиот свет, со себе не ги по­ве­ле своите жени, а тоа се однесува и за подоц­неж­ните португалски доселеници. Тие се женеле со Ин­ди­јанки во времето на колонијалното владеење од XVI до XVII век. Португалците не им дозволувале на другите Европејци да се доселуваат во Бразил. Затоа местаците се од чисто португалско-индијан­ско по­тек­ло. Склучувањето бракови меѓу Пор­ту­га­лец и Ин­ди­јанка имало за последица и некоја оп­штес­твена то­лерантност, каква што немало меѓу ан­гло­сак­сон­ците кои го населиле најголемиот дел од северно – аме­­риканскиот континент.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top