Дијаспора

Развојот на македонскиот иселенички печат на Петтиот континент (2)

mak-aus

mak-aus
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Според пишаните документи се знае дека доселувањето на првите Македонци во Австралија започна по Првата шетска војна, кога патиштата кон Америка беа затворени. Така, поголеми групи македонски печалбари од Леринско, Костурско, Битолско, Преспанско и Охридско пристигнале во Австралија во 1924 и 1927 година. Особено по 1934 година, односно по доаѓањето на Метаксас на власт во Грција, бројот на доселениците од Егејска Македонија се зголемува, а по Граѓанската војна доаѓа до вистински бран на иселување. По шеесеттите години, пак, бројот на доселениците во Австралија рапидно се зголеми и од територијата на СР Македонија.

Македонските доселеници во Австралија уште со самото доаѓање во новата средина, започнуваат спонтано да се собираат по австралиските кафеани, на веселби и приредби. Таму се формираа и првите македонски клубови во кои започнаа со активност и првите организации во периодот меѓу двете ветски војни. Така, во 1941 година во Перт, Западна Аветралија беше формирано Првото македонско прогресивно друштво под името „Единство“, а потоа се формирани друштва и во рамките на Македонско-австралискиот народен сојуз (МАНС), како и други македонскн асоцијации во сите поголеми индустриски центри каде што живеат македонеки доселеници.

Денес тие во Автралија претставуваат една хомогена целина, веќе афирмирана и често посочувана како пример по својата организираност и активност и меѓу Австралијанците и другате етнички групации. Тоа особено е изразено во македонските православни црковни општини, кои се вистинско огледало на нивните активности, односно духовни, културно-просветни и       забавни центри за македонскиот народ и за новите генерации од македонско потекло. Во македонските православни црковни општини македонските доселеници, без оглед на тоа од кој дел на Македонија се дојдени, зборуваат ист јазик, пеат исти песни, играат исти ора, учат на македонски јазик и ги продолжуваат македонските традиции и обичаи донесени од Македонија.

perth-australia

Паралелно со создавањето на македонските друштва, црковните организации и другите асоцијации изразено особено по Втората светска војна, македонските доселеници во Австралија покренуваат и издавање на иседенички весници, списанија и отворање радио и ТВ часови на мајчин јазик, преку кои ги изразуваат целите и задачите на организациите, нивните активности и целокупното живеење, како и стремежите и постигнувањата на македонските доселеници во целина.

Прв весник кој во Австралија се печатеше на мајчин македонски јазик е „Македонска искра”. Тој излегуваше цели десет години како орган на Македонско-австралискиот народен сојуз (МАНС) и претставуваше вистински пример за развојот на македонското новинарство на овие простори. По „Македонска искра” се појавија бројни информативни гласила како „Илин- денско востание”, кое се јавува по повод прославата на 48 годишнината од Илинденското воетание, „Македонски глас”, како продолжение на „Македонска искра”, потоа „Народен глас” во Мелбурн и „Единство” во Сиднеј.

Со формирањето на Македонската црковна општина „Свети Ѓорѓии во Мелбурн, се интензивира и издавачката дејност. Имено, во Мелбурн се појави „Македонски весник“ како издание на македонските општини од Мелбурн, Перт, Аделајд, Були, Вулунгонг Порт Кембла, Њукасл, Квинбијан и Шепартон, поголем број билтени печатени по повод некој празник, а потоа во Перт се појави „Македонски општински весник“. Во исто време се јавуваат и неколку приватни весници, меѓу кои, „Македонија” во Сиднеј и „Македонска вистина” во Мелбурн. Обично овие весници се печатат на македонски јазик со латиница.

Во седумдесеттите години, покрај другите гласила, во Престон се појави „Македонски живот” кој се печати на македонски јазик, но со кирилица, потоа излегува „Илинденски весник” во Сиднеј, кој излегува пет години и претставува значаен придонес во новинарската дејност на Македонците. Во тој период се јавуваат и други весници и списанија кои се печатат на македонски јазик, но овојпат и со материјали на англиски јазик. Таков е случајот со „Весник“, гласило на македонската општина од Перт, Западна Австралија, а се печатат и првите списанија, покрај кои се „Сонце детски весник”, „Македонски спорт” и други.

Се чини дека едно од најзначајните македонски гласила што подолго време излегувало во Австралија е списанието „Повод“ од Сиднеј, како прво македонско списание за литература и култура на петтиот континент и единствено од таков вид меѓу иселеништвото. Да го споменеме и списанието „Искра“ од Аделајд кое, иако со релативно краток век на печатење, претставува значаен прилог кон иселеничкиот печат и афирматор на македонската вистина. По овие информативни гласила, се јавуваат и списанието „Изгрев” и „Корзо” во Мелбурн.

melbourn-sidnay

Од весниците со подолг век на печатење е секако „Македонија“ седмичен гласник од Мелбурн, кој започна да се печати 1982 година и излегу-ва во тираж од околу пет илјади примероци. Исто така и „Македонски весник” од Сиднеј кој се појави во 1985 година е еден од редовните и значајните гласила на македонските иселеници. И весникот „Копнеж” што излегуваше во Њукасл претставува вистински гласник на активностите во таа македонска колонија. Слична улога има и списанието „Македонска мисла“; од Перт.

Едни ад најзначајните, ако не и најзначајни, македонски неделници меѓу иселеништвото се, секако, „Австралиско-макадонски неделник” и „Денес“ од Мелбурн. „Австралиско-макадонски неделник”  започна да излегува во 1988 гадина паралелно и на македонски и на англиски јазик и е вистински афирматор на македонската култура, литература, јазик, историја, спорт. Овој весник излегува и денес. Исто така и весникот „Денес“ се печати на македонски и на англиски јазик и е еден од најтиражните весници што се печати во македонската дијаспора.

Од другите информативни гласила, секако, радиото игра важна улога во информативната дејност. Затоа ќе спомене дека првиот македонски радио-час во Австралија започна во Перт во 1947 година, веднаш по излегувањето на првиот иселенички весник „Макадонска искра”. Програмата се емитувала на Радито од Перт, секоја втора среда со почеток во 19 часот и 10 минути. Уредник и водител на макадонската радио програма беше Мик Веловски, иселеник од Егејска Македонија, еден од основачите на друштвото „Единство” од Перт. Овој радио-час постоел во текот на 1947 година и неколку месеци во 1948 год. Тој е темелникот на радио-часовите во Австралија.

Потоа почнаа да се отвораат и други македонски радио-часови, меѓу кои, во Мелбурн 1959, во Сиднеј 1975, во Њукасл 1977, потоа во Аделајд, Вулунгонг, Џилонг, и на други места. Исто така за одбележување е што во деведесетите години се појавија и првите телевизиски часови на македонски јазик. Помал број радио-часови се емитуваат преку приватни и други радиостаници. Меѓутоа, во Австралија и радио и ТВ-часовите работат во состав на Австралиското етничко радио и Австралиската ТВ-програма, како дел на мултинационалните програми на демократска и мултикултурна Австралија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top