Дијаспора

Стефан Наумов – Стив

Stefan Naumov-Stiv

Stefan Naumov-StivСтефан Наумов – Стив ( 27. X 1920 – 12. IX 1942) е македонски деец, првоборец и народен херој. Повеќе пати бил апсен како комуниста. По Априлската војна во 1941 година работел  на организирање на оруженото востание во Македонија, а во април 1942 година учествувал во формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“. Во мај бил вклучен како член на привремениот ПК на КПЈ за Македонија и член на Оперативниот штаб за Македонија. Загинал во борба со бугарската полиција, заедно со поетот и народен херој Димитар Богоевски – Мите.

Стефан Наумов е роден на 27 октомври 1920 година во Битола, во печалбарско семејство. Се образувал во родниот град, каде завршл гимназија. Уште за време на гимназиските денови се истакнувал во работата на литературната секција, преведувал од германски текстови за организацијата „Трезвена младина“, а бил и добар гимнастичар. Во училиштето се запознал со Кузман Јосифовски – Питу, кој бил познат младински раководител и организатор на напредните средношколци. Покрај Кузман, Стив почнал да се интересира за марксизмот.

По завршувањето на гимназијата во Битола се запишал на техничкиот факултет во Балград. За време на студиите на Белградскиот универзитет бил многу активен во студентското движење. Учествувал во сите манифестации и демонстрации. Во текот на една од демонстрациите, на кои раководел со удрна група, бил уапсен и шест дена поминал во озогласениот затвор „Главњача“, а потоа бил протеран во Битола. По извесно време се вратил во Белград но повторно бил уапсен.

Во 1939 година му било фатено писмо во кое Стив имал запишано: „Сега е време ние Македонците да станиме“. Тоа било до негов другар додека бил студент во Белград. Писмото го откриле српските власти поради што бил тепан. На прашањето од каде е? Тој им рекол: „Јас сум Македонец од Македонија“.

Во 1939 година станал член на СКОЈ и КПЈ, а во септември 1940 година бил поставен за секретар на Месниот комитет на КПЈ во Битола.

По Априлската војна и окупацијата на Кралството Југославија во 1941 година, Стив Наумов како секретар на МК КПЈ во Битола и околината работел на организирање на оруженото востание. Собирал оружје и работел на формирање на првите вооружени групи.

Во јули 1941 година преминал во илегала, а во април 1942 година учествувал во формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“. Во мај 1942 година бил вклучен како член на привремениот ПК на КПЈ за Македонија. и станал член на Оперативниот штаб за Македонија. Покрај организациската работа активно се борел против окупаторот. На 6 мај 1942 годна на улица во Битола го убил полицискиот началник, а во август раководел со партизанската акција против Бугарите во селото Кожани. 

Како раководител на народноослободителната борба во Битола се состанал со поетот револуционер и секретар на Обласниот комитет на КПЈ за Ресен  Димитар Богоевски – Мите, заради договор околу кординација на партизанските одреди. Стив и Мите се сретнале повторно на 12 септември 1942 година и заноќиле во една куќа во близина на селото Болно.

Бугарската полиција која била во потера по партизаните ја опколиле куќата и ги повикале Стив и Мите да се предадат. Не сакајќи живи да паднат во рацете на окупаторот, започнале борба со непријателот, а кога им снемало муницаја со последната бомба извршиле самоубиство. 

Бугарската војска ги изложила телата на Стив и Мите во селото Болно за да ги препознаат блиските, а по нивното фотографирање биле закопани во близина на местото каде загинале. Меѓутоа, бидејќи  народот не ги заборавал и почнал да ги посетува гробовите, бугарските војници ги откопале телата и ги оставиле покрај реката да се распаднат, а потоа ги однеле во непозната насока.

Народот не го заборавил. Една година по неговата смрт, Битолскиот баталјон, формиран на 11 ноември 1943 година во леринското село Винени, бил наречен по него. А по Втората светска војна, партизанските гробишта во Битола бил подигнат гроб на Стив Наумов, но тој останал празен. Во алејата на партизаните почива и неговиот брат Ѓорѓи Наумов (1914 – 1942), кој бил обесен во скопскиот затвор.

Стив Наумов е меѓу првите борци на Народноослободителната војска  кој со Указ на АВНОЈ, на 29 јули 1945 година бил прогласен за народен херој.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top