Дијаспора

Изгубените македонски траги во земјата на Кариоките

brazil4

brazil4
ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – БРАЗИЛ (4)

Португалците со Ин­дијанците постапувале како со ниска класа и не­мало ме­шани бракови. Меѓутоа, толерантноста на Пор­туга­л­ците во однос на склучувањето бракови со Ин­­ди­јанки, истовремено, се совпаѓало со најсви­ре­по­то поробување на индијанските племиња. Така, меѓу другите племиња целосно е уништено индијанското племе Аравак, чии припадници биле принудени претерано да работат на тропските плантажи со ше­ќерна трска на островите во Карипското Море. Многу Индијанци отишле во смртта работејќи и во рудниците за злато и сребро или како робови на огромните ла­тифундии.

Во раниот колонијален период бројот на бел­ците бил незначителен. Точни податоци не по­стојат, но се смета дека во 1800 година пред са­миот почеток на војната за независност во Бразил имало 400 000 белци, 1 500 000 Афроамериканци и 600.000 Индијанци. Денес бро­јот на белците (условно да кажеме)  е значително поголем. По из­во­јувањето на независност од колонизаторите се на­се­лиле  Европејци.

Кариоките не одат на плажа, тие живеат на пла­жата. А, Рио е опкружен со плажи. Копакабана и Панема се најпознатите и најпривлечните плажи поврзани во низа од 32 километри од Пуркаја до Тижукаја. Тоа е, веројатно, најдолгата плажа во светот што им е на располагање на капачите кои доаѓаат во Рио,  ка­­де постои вечното лето коешто го прави Рио по­годно место за живеење, разонода и туризам.

Копакабана, веројатно, е најпознатата плажа не само во Јужна Америка, туку и во светот. Таа е нај­­возбудливиот дел на Рио. Триста илјади Кариоки жи­­веат во стотина улици на Авенида „Атлантика“, најблиската авенија до океанот, чиј широк тротоар е послан со фамоз-ниот црно – бел мозаик, кој е направен од мермерот што се носел со бро­довите од Португалија и Шпанија за не  по­то-нат бродовите во океанот, а на враќање да понесат голема ко­ли­чи­на богатство од новиот континент. Оваа авенија е долга 4 км  и на неа од јужната страна, меѓу другите е лоциран еден од најубавите и најлуксузните хотели „Рио Гранде“.

rio-prespa

Денес, меѓу бројните жители на Рио де Жанеиро има и од Македонија. Се смета дека првите Македонци пристигнале во оваа далечна земја по Првата свет­ска војна. Тоа биле претежно политички емигранти или авантуристи, а некои продолжиле на патот за Арген­тина.   До пред повеќе години тој број се дви­жел  и до стотина.

Нашата посета ја искористивме да го пронајдеме живеалиштето на еден наш близик роднина од Преспа, кој во Бразил дошол веднаш по Втората светска војна, оставајќи го своето семејство во Македонија. По долго трагање со помош на неколку пријатели, припадници на Католичката црква, пронајдовме дека нашиот роднина живеел на југот во градот Јагуажа, што е сместен на другиот крај на оваа пространа земја, во непосредна близина на Уругвај. Овој податок го потврдивме со информацијата на конзулот на поранешна Југославија, кој нè упати до еден роднина на сопругата на нашиот пријател.

Податоците што ги добивме од тоа лице беа оскудни, но единствено беше добро што добивме неколку адреси од ќерќите кои ги добиле од бракот со Португалка, на кои подоцна се обративме и добивме низа потребни информации за неговиот живот, новото семејство, работата, успесите и падовите во животот, тагата за Македонија и смртта на нашиот роднина. Поради ограничениот престој во Рио посетата на семејството на нашиот роднина не ја остваривме, но останавме со мислата дека при некоја друга прилика таква средба ќе се оствари и дека ќе го посетиме вечниот дом на нашиот роднина од Преспа, кој остави изгубени траги во Бразил

Периодот во кој го посетивме Рио беше крајот на јуни и почетокот на јули. Во  Македонија жешко летно сонце, а во Бразил иако годишно време беше зимата, про­сеч­ната температура се движеше меѓу 25 и 30°C. Тогаш сонцето откај океанот се издига во вид на  златно црвена топка дури во 7,30, наместо во 5,30 часот кога и почнува де­нот на Копакабана. Бевме во Рио во времето кога ри­барите се враќаа од ноќното фрлање мрежи во океанот ток­му на по-четокот на Копакабана, каде сѐ уште пос­тои пазар за риби.

brasil-copacabana
Прекрасната Копакабана

Во тие утрински часови плажата ста­нува гимнастички центар; повеќе групи играат од­бој­ка или фудбал на песокот, а илјадници џогери и ре­креативци се движат долж четирикилометарскиот тро­тоар. Веројатно, никаде на светот нема толку мажи и жени и во толкав број по мозаикот, за да го доживеат задоволството по дол­жината на океанот. И ние бевме дел од таа војска ше­тачи во која секој се забавува и прави шема на свој начин.

Авенијата „Атлантика“ е една од најфрек­вент­ни­те артерии во Рио. Преку цел ден и цела ноќ се дви­жи бесконечна колона автомобили кои, веро­јатно, се најчисти во светот, бидејќи не видовме вал­кано возило како што е случај на Балканот.

Кога сонцето ќе се подигне над океанот, а сен­ката од дрвјата долж авенијата ќе се намали, то­гаш џогерите се враќаат во своите домови, а на „сце­на“ на плажата настапуваат бејби – ситерките и мај­ките кои со најмладите и со најмалите доаѓаат на плажа. Кристалниот ситен песок е вистинско игралиште за нив. Подоцна, плажата ја запоседнуваат по­воз­рас­ните за кои фудбалот и одбојката на песокот се оми­ле­ни спортови и едни од спортските игри во Бразил кои се многу популарни од сите други забави на пла­жата.

Познати светски фудбалери како Зико, Јуниор и Ромарио, ја започнале својата ка­риера токму на плажите на Рио. Затоа не е чудно што Бразилците се светски и олимписки шампиони во одбојка на  песок и фудбал.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top