Дијаспора

Врската меѓу голема Русија и Македонија

rusija-karta

rusija-karta

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – РУСИЈА  (1)

Беше пладне кога ја напуштивме Прага и заминавме за Москва, главниот град на Русија. А таму ни се потврди она дека кога човек повторно ќе се врати во едно место, држава, град или метропола, дури тогаш најдобро ќе ги осознае реалностите. Таков е и нашиот случај со големата Русија. Ова голема земја отсекогаш била предизвик за секој намерник, патник или вљубеник во нејзините постигнувања на културен и друг план. Таа е држава со најдолга граница, се граничи со Норвешка, Финска,  Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Белорусија, Украина,Грузија,  Азербејџан,  Казахстан,  Кина,  Монголија и Северна Кореја.

Русија се доближува до Соединетите Американски Држави, кај Беринговиот Премин. Северната и источната граница ѝ сè до Атлантскиот, Северниот Леден Океан, и Тихиот Океан. Исто така, Русија има излез и на Црното, Балтичкото  и Каспиското Море.

Според географските податоци со кои се запознавме пред нашето тргнување, на територијата на Русија се наоѓаат најразлични природни зони, од пустинските брегови на Каспиското Море до поларните мразеви на Нова   Земја и Новосибирските Острови. Широко застапени се степите, тајгите и тундрите. Релjефот на Русија е различен. Околу 70% од територијата на земјата е опфатен со рамнини, од кои најголема е Источноевропската Низина. На нејзината источна страна се наоѓа планината Урал со највисокиот врв Народнаја (1895 метри). На исток од Урал се наоѓа Западносибирската Рамнина, Средносибирското Блато и Јакутската Рамнина.

Планинските области се наоѓаат на источниот и јужниот дел од државата, како и на северните делови од Голем Кавказ каде се наоѓа и највисоката точка во Русија, врвот  Елбрус кој е висок 5642 метра, Јужносибирските планини вклучувајќи го Алтај со највисокиот врв Белуха од 4506 метри, Западен и Источен Саја. Најголемите реки во Русија се Северна Двина,  Печора,  Енисеј,  Лена,  Индигирка, Амур, Анадир, Дон, Кубан, Нева и други. Познати езера во Русија се  Каспиското Море, Бајкалското Езеро,  Ладошкото Езеро и други.

moscow-city-color-60
Нови градби во Москва

Нашата посета на оваа интересна и по многу нешта контроверзна земја ја искористивме да се запознаеме со сето она што еден намерник сака да види, да чуе, да се запознае со многу вистини… Затоа се интересиравме за Руската Федерација или Русија, за земјата која се протега на огромни пространства од Источна Европа до Северна  Азија. Така, во информациите е запишано дека Русија има површина од 17.075.400 километри квадратни, таа е најголемата земја во светот (зафаќа околу 11,5% од вкупната светска површина), покривајќи речиси двапати поголема територија од Канада, Кина или Соединетите Американски Држави. По бројот на население (144.526.378 жители)  Русија е седма сила во светот, по  Кина,  Индија,  Соединетите Американски Држави, Индонезија,  Бразил и Пакистан.

Русија е независна земја и влијателен член на Заедницата на независни држави од распадот на Сојузот на Советските Социјалистички Републики во декември 1991 година. Таа се смета за наследник на

Советскиот Сојуз како во економски, така и во политички и дипломатски рамки. Поголемиот дел од површината, популацијата и индустриското производство на Советскиот Сојуз, една од двете велесили, се наоѓаат во денешна Русија, поради што, таа игра значајна улога на светската сцена. Оваа улога, иако е значајна, е далеку од улогата на некогашниот Сојуз на Советските Социјалистички Републики. Денес Руската Федерација е земја која прави големи чекори во сите области од општественото живеење; во неа се прават големи стапки на раст во сите државни сфери од која највлијателна е економијата.

Русите се едни од најуспешните спортисти во светот, кои секогаш се наоѓале на самиот врв од Олимписките игри. Доколку се признаат медалите кои Сојузот на Советските Социјалистички Републики ги освоил, и се префрлат на нејзината наследничка Русија, таа на вечната ранг листа е на второ место по бројот на златни медали на Летните олимписки игри и прва на Зимските олимписки игри. За време на советската ера, националниот олимписки тим настапил 18 пати и бил најуспешен тим во историјата на спортот. При што гимнастиката,  атлетиката, дигањето тегови,  борењето,  боксот, мечувањето, стрелањето, шахот, уметничкото лизгање се спортовите во кои Сојузот на Советските Социјалистички Републики и Русија имаат освоено најмногу медали.

kremlj-i-crkva
Москва, центар на православието

По распаѓањето на Советскиот Сојуз, руските спортисти продолжиле со својата доминација во овие спортови. Земјата била организатор на Летните олимписки игри во 1980 година, кои се одржале во престолнината Москва, а освен тоа во 2014 година била организатор на Зимските олимписки игри, најскапите во историјата на спортот кои  се одржаа во Сочи.

За нас, исто така, беше значајно да ја најдеме врската, блискоста и различноста меѓу Русија и Македонија, меѓу македонскиот и рускиот народ, не само на економски и општествено-политички план, туку и на религиски, јазичен, културен и сестран план. Затоа, почнавме да истражуваме низ литературата од времето на праисториската епоха, кога во огромните  степи  во Јужна Русија биле населени  номадски  племиња. Во класичната антика, народите на Понтиските степи биле познати како  Скити.  Градот Гелон бил опишан од страна на Херодот како еден од најголемите во тоа време во Европа. Помеѓу III и VI век пр.н.е., на тие простори опстојувало Босфорското Царство, кое се растурило по инвазијата на Номадите. Хазарите, пак, долго владееле на територијата помеѓу  Каспиското Море и Црното Море.

Се чини дека врската меѓу рускиот и маке­дон­скиот народ датира уште од времето на Александар Македонски и трае до ден-денес. Во тоа се уверивме при посетата на споменикот на Боро­дин­ска­та битка во Москва каде е прикажан еден начин на војување како во античко време. Видовме како Напо­леон и Ку­тузов ги воделе своите војски во нај­познатата битка, по угледот и тактиката на оние поз­нати битки што Александар Македонски ги водел за да ја прошири границата на Македонија зад Кас­пиското Море.

Христијанството во Русија, исто така, било пренесено преку Македонија во Русија, по доаѓањето на Апостол Павле за првпат на европска почва во Македонија. Христијанството го прошириле македонските и сесловенските учители свети Кирил и Методиј и нивните ученици свети Климент Чудотворец и свети Наум Охридски од Охрид. Затоа, со право се вели дека Охрид е православен Ерусалим од каде зрачело Сонцето на Исус Христос на просторите на голема Русија. 

Значајно е и тоа што врската меѓу Русија и Македонија е и на јазичен план. Рускиот јазик е најраспростра-нетиот географски јазик на просторот на Евроазија и најзборуваниот словенски јазик. Корените на овој старома-кедонски, сесловенски јазик се протегаат од  Македонија до Русија. Темелите на денешниот руски јазик ги поставиле светите браќа Кирил и Методиј од Солун, од Македонија. Затоа блискоста меѓу македонскиот и рускиот јазик, а и со другите славјански јазици е голема.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top