Дијаспора

Во Сиднеј премиерна изведба на драмата „Баба се мажи“

baba-se-mazi-2

Минатиот петок, 11-ти ноември, во просториите на Civic театарот во Хрствил, Австралиско македонскиот театар од Сиднеј ја изведе премиерата на драмата „Баба се мажи“ од Душан Ристевски во режија на Васко Србиновски.

baba-se-mazi-2

Ова беше едно фантастично дожувување да се почувствува енергијата од публиката на преполнетиот театар од 250 луѓе каде деведесет минути само се смееше и уживаше она што го гледа на сцена. Еден од гледачите забележа дека Душан како терапевт создаде терапија со смеење, каде целата публика со нетрпение очекуваше да се расветли сонот на баба Јана. Да бидам искрен, досега не сум бил во можност да гледам комедија која од смеење очите постојано ми солзеа – доживување кое долго ќе го паметам.

baba-se-mazi-1

Јаворка Котевска (во улогата на Јана) се покажа дека е вистинска дива на сцена, и не случајно и беше понудена главната улога, се чини како драматургот Душан да ја пишуваше оваа улога за неа. Покрај Јаворка, главните носители на целото дејствие беа и Гордана Милошевска во улогата на Џеки – интересен карактер на ќерка; Владо Сазданов (Спасе) одигра еден тежок карактер за кој публиката не можеше да не се смее; Антонио Нешковски (Стојан) се покажа како зрел глумец иако има само 18 години; Татјана Нешковска (Лидија) која дебитираше но изврсно го престави својот карактер; Самоил Митревски (Стојко и попот) иако му беа доверени кратки улоги но истите беа многу значајни, а Самоил како и секогаш успева да навлезе во различни карактери; Самуил Ангелкоски (Крис) и Натан Маљановски (Тони) најмладите актери за кои мислам доправа ќе се слуша и пишува, дебитираа во оваа драма; Зора Сазданова (Спаса), Лариса Мабеи (Цеца), Спасија Огненовска (Гица) и Македонка Наневска (Мица) ја правеа преставата интересна и забавна.

baba-se-mazi-3

И во саботата кога се даде втората престава, како што бев информиран, театарот бил исполнет до последно место и требало да се постават додатни столици за публиката да не биде вратена. Инаку двете престави беа дадени како дел од Фестивалот за уметност Discovery на градската општина Georges River. Исто така драмата наредната сабота ќе се прикаже во Волонгонг, а во недела гостува во Рогдаел и потоа следи Бенкстеон на 3 декември.

Честитки до авторот Душан како и до режисерот Васко кои избраа изврсен тим да ни ја прикаже оваа комедија како и до сите членови на Театарот кои повторно ни донесоа престава која долго ќе се памети и затоа без ограничување им ја препорачувам на Македонците да ја видат.

Иван Трпоски

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top