Дијаспора

Весниците „Македонија“ (1969) и „Нова Македонија“ (1969) од Сиднеј (7)

makedonija-sidnej

makedonija-sidnej
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Првиот број на весникот „Македонија“ се појави во Сиднеј на 13 март 1969 година. Отпечатен е на 8 страницц на среден формат (29×44 см), на македонски јазик со латиница. При употребата на македонскиот јазик со латинско пиомо, се вметнувани буквите „ЅН“, „СН“, „ТЅ“ наместо „Ѕ“, „С“, „С“. Единствено само главата на весникот е со кирилица, како и неколку текстови во вториот број. На клишето со латиница стои дека главен и одговорен уредник, директор и печатар е Панајот Георговски.

Во воведот, пак, кој е поместен на првата страница, покрај другото, се вели: „Нашиот сонароднјик П. Георговски (а не Георгофски, како што стои на главата на весникот, н.з.) од пред извесно време дојде на идеја да почне да издава ваков весник. Тој има околу себе повеќе интелектуалци кои се готови да му помотнат (во реализацијата на неговите планови…

Весникот е независен и рекламно-информативен, а тоа значи дека нема да се врзува со било каква идеологија и политика. Весникот „Македонија“ ќе донесува вести и информации од животот во македонските заедници во Австралија – втората татковина, а во исто време и за стариот крај (Македонија), каде што во текот на двете десетлетија е направено повеќе отколку во многу столетија“.

Во овој броје поместена фотографија на Гоце Делчев, проследена со пригоден текст, потоа текстови за историјата на Македонија и македонскиот народ, за Македонската православна црква, за Григор Прличев, за св. Кирил Слунски, за иселеништвото во Австралија и Торонто, како и куси спортски информации.

Во вториот број од 19 март 1969 година, меѓу другото е објавена опширна статија под наслов: „Црквата — важен фактор во животот на македонските општини“, во која се изразува пошироката позиција и целите на македонските иселаници органи- зирани во црковните општини. Исто така, се нагласува дека Австралија им ги призна човековите и национапеите права на Македонците во Австралија и дека македонските општини во неа не се изолирани колонии, туку се мостови што поврзуваат. За одбележување е дека од 12 страници две се дадени со кирилица. Ваквата практика за печатење со кирилица продолжува и во наредните броеви. Така во шестиот број кој излезе на 16 април 1969 година, од вкупно 16 страници, 9 се са кирилица, а 7 оо латиница.

sidnej7
Сиднеј

Третиот број на веаникот „Македонија“ е отпечатен на 26 март 1969 година, на 10 страници, на формат 27 х 38 см. На првата страница е поместена воведна статија, во која, покрај другото, се вели дека весникот почна да се печати еднаш неделно, со цел да ги известува своите луѓе за вистината во минатото на својата нација и да ја слика сегашноста. Во продолжение се дадани информации од светот, од културата, филмот и занимливости од светот, чии куси текстови се проследени со фотографии.

Бројот 6 на весникот „Македонија“ од 16 април 1969 година е отпечатен на 16 страници, на ист формат како претходните броеви, на македонски јазик со латиница. На првата стрзјница е поместен текст и фотографија од пристигнувањето на црковната делегација во чиј состав беа митрополите г. Методиј и г. Кирил. Во продолжение одреден простор е посветен на поезијата на Кочо Рацин, за св. Климент Охридски, за Јане Сандански, информации од светот и од спортот, придружени со бројни фототрафии, а се поместени и рекламно-пропатандни материјали.

Бројот 8 од 30 април 1969 година е отпечатен на ист форма како првиот број на 12 страници и е последен број од овој весник. Неговата глава (клише) се разликува од првиот број, со тоа што во левиот агол е поместена етничка кајрта на Македонија. Овој број на весникот „Македонија“ обилува со позајмени текстови од други весници што се печатат во Рапубликата, а кои се од културата, општествеиото живеење и поезијата.

„НОВА МАКЕДОНИЈА“ (1969) — СИДНЕЈ

nova-makedonija-sidnej

Македонското информативното гласило „Нова Македонија“ за првпат се појави во Сиднеј на 19; април 1969 година како недалник, чиј издавач беше извесан Чек Лорд, а главен и одтоворан уредник е Драган Неделковски. Главата на весникот е на макадонски, со латиница и ги содржи основиите податоци. Весникот се печати на  македонски јазик (дијалекти) со латиница, на 8 страници, на формат 28 х 45 см. А се продава по цена од 15 центи. Весникот е неделник, исто како и весникот „Македонија“ и излезе по неговото престанување, што веројатно не е случајна коинциденција.

На птрвата страница е помеетен текстот под наслов „Титовиот план за заштита на Југославија“ кој негаторски се однесува кон политиката на Тито и Југославија, а е дадена и фотографија на Тито. Во продолжение се дадени фотографии и кус текст за смртта на претседателот на САД Ајзенхауер, за културно – просветпото друштво „Илинден“ од Рокдеил, за политичките настани во Чехословачка, како и други информации за настаните и проблемите во светот. Една страница е поаветена на      свадбените обичаи во Мариово, проследени со бројии фотографии, потоа две страници се посветени на рекламно-пропагандни материјали на фирмата „Странд електроникс“, која е на иста адреса каде што и се печати ова гласило. Исто така, поместени се бројни огласи за работа, продажба, како и кусу текстови со хумор.

Во почетокот на мај 1969 година се јавува уште еден број. Во него нема многу од информативен и содржински карактер вредно за одбележување и претставува една епизода од негативен набој со недобронамерни тенденции во процесот на организираното собирање на македонските иселеници во Австралија, а тоа, што го споменуваме е резултат на настојувањата да ги регистрираме сите изданија во Австралија печатени на макеронски јазик.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top