Дијаспора

Јубилеј за почит на „Канадско – македонското историско друштво“

kanadsko-makedonsko-istorisko-drustvo

kanadsko-makedonsko-istorisko-drustvo

На 12-ти ноември 2016 година, во големата сала на Катедралната македонска православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто, а по повод 25. годишниот јубилеј на „Канадско – македонското историско друштво“, се одржа гала вечера. 

На прославата присуствуваа околу 400 македонски иселеници од сите делови на Македонија и гости од други канадски асоцијации, кои срдечно ги поздрави предсетателот на Друштвото -Тодор (Тони) Марковски, а присутните со убава македонска музика ги забавуваше оркестарот “Децата од Bуф“.

Инаку, „Канадско-македонското историско друш­т­во“ е асоцијација во која членуваат Канаѓани од македонско потекло од сите делови на етничка Македонија кои се занимаваат со македонската историја, култура, јазик, литература и воопшто со македонската вистина во минатото и сегашноста. Тоа е формирано во 1991 година од група ентузијасти чиј број постојано расте и привлекува други професионалци и ентузијасти да ги негуваат македонските придобивки

„Канадско – македонското историско друштво“.е многу значајна македонска иселеничка  организација која има за цел да ја развива свеста и гордоста меѓу членовите и пошироко во канадското општество со цел тие да дознаат од каде им се корените, какво било нивното минато, сегашност и иднина. Затоа, Друштвото собира и ја регистрира потребната документација и материјали за македонскиот национален идентитет, традициите, културата, религијата, јазикот и други области.

Друштвото е единствена  асоцијација од ваков вид во Канада и пошироко во македонската дијаспора. Тоа игра значајна улога во севкупната научна и културолошка активност на голем број македонски интелектуалции од Канада и има своја библиотека, Тоа работи во состав на Домот за стари лица „Канадско-македонски центар“, познат како „Старски дом“, каде старите лица нашле среќно катче.  Овој центар со стотина апартмани, трпезарија, и други потребни простории е пријатно место за живеење за голем број Македонци и Канаѓани. Тој е една од старите и значајните македонски институции во Канада.

can-mak-starecki-dom
„Канадско-македонско место“ (Старскиот дом)

Целта на „Канадско-македонското историско друш­т­во“ е да остави траен белег за македонското историско минато. Притоа да ги сними членовите на Друштвото и други Македонци од постарата генерација, со цел тие да се претстават со материјали од своите области, како што се: пред с’е историјата на Македонците во Канада, нивната култура, традиции, јазик, религија во Македонија и во Канада, како и прашања и од други области поврзани живото во нивните родни места во етничка Македонија и во Канада.

 Оваа значајна канадско-македонска асоцијација е непрофитна, доброволна, формирана согласно законските одредби на провинцијата Онтарио. Затоа Друштвото е поддржано од бројни волонтери и нивни спозори кои ги финансираат програмите на Друштвото. Исто така, Друштвото придонесува да се соберат на едно место и членовите на Канадско македонската асоцијација на ветераните, што е голема придобивка во развивањето на односите меѓу ветераните од Македонија и Канада.

Посебен акцент во работата на Друштвото е ставен на развојот и промовирањето на македонските историски и археолошки истражувања, како и воспоставување и одржување на библиотечен и музејски фонд, кои значат проширување на знаењата на членовите и афирмација на македонската вистина во демократското канадско општество. 

Затоа, „Канадско-македонското историско друш­т­во“ е место каде се одржуваат броини предавања, трибини, промоции и други манифестации во врска со историската вистина за македонскиот народ и Македонија.

slave-katin-7
Пишува
Славе  Катин

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top