Дијаспора

Во Москва како во Охрид

moskva-1

moskva-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – РУСИЈА  (3)

Пристигнавме на аеродро­мот „Ше­­реметјево“, кој не се разликува од другите светски авионски дестинации по изгледот и бројот на патници. Шереметјево е најголем аеродром по обем за меѓународен сообраќај и е влезна точка за најголем дел од туристите што ја посетуваат Москва. Аеродромот е пуштен во употреба во 1960 година, на него денес е забележан сообраќај од над дванаесет милиони патници.

По завршените царински процедури, се упативме кон градот и брзо стасавме во хотелот „Белград“ во централниот дел на Мос­ква, каде ја потврдивме врската помегу Русија и Србија. Имавме доволно време да се одмо­риме и да  с­е запознаеме со вековните каракте­рис­тики и споме­ници од историјата, културата и повторно да го по­чув­­­ству­ваме пулсот на животот на велеградот. Овој пат Мос­ква дишеше со но­виот здив на капитали­змот.

Во Москава има огромен број музеи од сите типови. Едни од најпознатите и најпосетените секако се: Третјаковската галерија, Пушкиновиот музеј на ликовна уметност, Политехничкиот музеј и други. Третјаковската галерија е националното богатство на руската фина уметност, а воедно претставуваи еден од најголемите музеи во светот. Збирката на галеријата се состои целосно од руска уметност и артисти кои дале придонес кон историјата на руската уметност или имале блиска поврзаност со неа. Колекцијата содржи повеќе од 130.000 дела, слики, скулптури и графики, креирани низ вековите од неколку последователни генерации на руски уметници.

Пушкинскиот музеј на ликовна уметност, пак, содржи милиони предмети и уметнички дела од древниот Египет, Македонија, Елада, Рим, Асирија и Вавилон. А во посебен дел е сместена голема колекција од европски дела како што се: Ван Гог, Матиз, Пикасо, Сезан, Моне, Кандински, Реноар и други.

Русија е земја во која постојат околу 160 етнички групи кои зборуваат на околу 100 јазици. Рускиот јазик е едниствениот официјален државен јазик на земјата, но Уставот овозможува на поединечните етнички групи во републиките да го користат својот мајчин јазик како ко-официјален веднаш до рускиот јазик. И покрај неговата голема раширеност, рускиот јазик е во голема мера хомоген во цела Русија. Денес рускиот јазик е еден од шесте официјални јазици на ООН.

moskva-2
Москва

Стариот руски фолклор, пак, се заснова на корени од паганските верувања на старите Словени, кој денес најчесто е застапен во руските бајки. Руските епоси заземаат важен дел од словенската митологија. Најважните и најстарите епоси од времето на Киевска Русија, всушност се создадени во денешниот северозападен руски федерален округ. Голем број на бајки и епоси биле приспособени и претставени во анимациски филмови од страна на многу познати режисери. Некои руски поети направиле голем број познати поетски интерпретации на класичните руски бајки.

Меѓу овие се вклучува и Александар Сергеевич Пушкин кој, исто така, создал целосно оригинални бајски песни кои до ден-денес ја задржале својата голема популарност.

Цен­тар на образованието на државата и пошироко е Ломоносовиот уни­вер­зитет кој е формиран во 1755 година. Во Москва има и други бројни универзитети, ви­соки воени и други школи, академии, институти и секаков вид институции.

Најпознатата туристичка атракција во градот е, секако, Црвениот плоштад каде што се лоцирани Кремљ, црквата „Свети Василиј“, мавзолејот на Ленин, Големиот Кремљиски дворец и многу други мали манастири и споменици на културата и општественото живеење. Оттука може да се види и најголемиот хотел на светот, хотелот Русија, како и седиштето на вселенскиот патријарх- црквата на Исус Христос. Плоштадот е познат и по воените паради кои се одржувале на него во времето на Советскиот Сојуз, особено во времето на Сталин.

Москва е главен град на Русија, а воедно претставува и нејзин политички, економски, образовен и транспортен центар. Во исто време тој е културно, управно и индустриско средиште, тој е најголемиот, нај­значајниот, најубавиот, најфреквентниот и главeн град на Русија. Во минатото градот бил престолнина на Царска Русија и главен град на Советскиот Сојуз. Тој е најбројниот христијански велеград, а во исто време, поради атеизмот и најконтроверзниот центар на пра­­во­сла­вието.  Седиштето на Руската православна црква, исто така, се наоѓа во Москва, во манастирот „Свети Данило“. Со повеќе од 10 милиони жители Москва претставува руска убавица и најголем град во Европа.

moskva-ohrid
Москва, Охрид

При нашиот престој во Москва посетивме поголем број цркви и манастири, притоа бевме примени во седиштето на Руската православна црква и разговаравме со нејзините претставници. Во разговорите посебен акцент беше ставен на односите на Руската православна црква и Македонската православна црква, како и проширувањето на христијанската љубов и заедничката соработка. Притоа, домаќините беа информирани за прашањето или (не)христијанскиот однос на Српската кон Македонската православна црква, како и за други аспекти врзани со христијанството во Македонија.

Од посетите на бројните руски духовни храмови во Москва, ќе ја издвоиме визитацијата на црквата на Христос Спасителот која е седиште на Вселенскиот патријарх на Руската православна црква. За неа е врзана долга и интересна историја. Имено, црквата постоела сè до 5 декември 1931 година, кога била срушена со цел на тоа место да се изгради огромна градба – статуа на Ленин. Но, поради недостигот на фондови, а и проблемите со поплавите од околната река, местото било претворено во огромен отворен базен.

Меѓутоа, оригиналната скица на црквата била зачувана и во февруари 1990 година  Руската православна црква добила дозвола за реизградба на храмот, по што се започнало со собирање на средства и донации во 1992 година и со градење на црквата во 1994 година. Црквата конечно била завршена на 19 август 2000 година.

Според информациите што ги добивме од литературата, меѓу другото се вели дека метрополата Москва за првпат се спомнува во пишаните записи како мало гратче во 1147 година. Десетина години потоа кнезот Јуриј Долгоракиот го изградил првиот ѕид околу градот. Меѓутоа, во 1237 и 1238 година монголската Златна орда  го ограбила и запалила градот, убивајќи го целото население. Благодарение на извонредната местоположба градот бил обновен и бргу закрепнал.            

Неговиот подем, сепак, бил ограничен од страна на Монголите, кои во тоа време собирале даноци од најголем дел од руските територии преку своите вазали. Но, поради подемот на Литванија и Полска, Монголите сакајќи да балансираат дозволиле Москва да прерасне во моќно кнежество и да биде еден од најважните руски градови во тоа време. Ослободувањето на Русија од монголска доминација траело сè до 1480 година, кога по Големата битка на реката Угра, татаромонголите се повлекле и засекогаш била отфрлена нивната власт над руските територии, а престолнината на Русија која многупати била менувана, конечно била префлена во Москва.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top