Дијаспора

Весникот „Македонска вистина“ од Мелбурн (1970—1972) – едно од најзначајните македонски информативни гласила (8)

makedonska-vistina

makedonska-vistina
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Почнувајќи од првиот весникот „Македонска нација“, бројот на македонските информативни гласила во Австралија се зго­лемува од година во година како потреба за национална афирмација и презен­ти­­рање на активностите и достигнувањата во новата средина и секако,  на мај­чиниот македонски јазик. 

Истовремено, информативните гласила се моќен фактор за зачувување на националниот дух, го јакнат патриотското единство и ги афирмираат националните доблести рамноправно со другите етнички групи што жи­веат на петтиот континент.                   

Едно од таквите гласила на петтиот континент е, секако весникот „Македонска вистина“ (1970-1972) од Мелбурн. Тој е еден од најзначајните македонски печатени весници во Австралија. Првиот број на ова македонско гласиио излезе во Мелбурн на 19 август 1970 година, на македонски со латиница и со кирилица, а некои текстови се и на англиски јазик. Во текстовите со латиница, наместо буквите „Ѕ”, ,,С”, „С” се употре- буваат „ЅН”, ,,СН”, „2Н”, „ТС”. Главата на весникот е со кирилица со црвена боја, на која во центарот е нацртано сонце со зраци во чија средина се дадени пружени раце во знак на пријателство меѓу Егеј -Вардар-Пирин. Под тоа стои дека гласилото е македонски весник на Македонците во Австралија.

Првиот број е отпечатен на 10 страници, среден формат 34×45 см со цена на чинење од 15 центи. Ова големина на весникот е зачувана кај сите броеви од првата година на издавањето. На првата страница врз текстовите иа сите броеви е поместена границата на етничката карта на Македонија со лозунгот „Македонија на Македонците“. За цело време главен и одговорен уредник беше познатиот иселеник Борис Трајков.

Во воведот на првиот број што е поместен на првата страница, покрај другото, се вели: „Македонската емиграција во Австралија долго време ја чувствуваше потребата од македонско гласило. Бројот на Македонците во Австралија се смета дека изнесува 60 илјади. Нам ни е дадена слобода од демократската австралиска влада да живееме рамноправно со другите народи и народности. За нас е тоа голем нодарок, а ние знаеме и треба да го цениме, дотолку повеќе што нашата татковина е расчеречена… На Македонците од Австралија им недостасува македонски весник. Навистина, Македонската православна црковна општина издава таков лист, но со три броја во годината не може да се задоволат чувствата на нашиот народ”.

Во продолжение се вели дека весникот „Македонска вистина”, покрај другото, треба да ги задоволува и да одговара на желбите и.потребите на сите луѓе и дека тој ќе ја брани македонската вистина, а неговото мото ќе биде „Македонија на Македонцит“. Во почетокот замислата беше ова гласило да се печати секоја среда во неделата, но поради некои технички и други причини, се печатеше секоја втора среда.

Првиот број обилува со текстови со поизразен патриотски дух. Во него се застапени рубриките: ,,Правни совети“, „Брак, љубов и расправии”, „Од активностите во македонските заединци”, „Хороскоп”, „Спорт” и друго, а се поместени и голем број рекламно-пропагандни материјали од фирми и други стопанственици кои го помогнале неговото излегување.

makedonska-vistina-2

Од првиот број весникот „Македонска вистина“ почнува да донесува и широки изводи во продолженија од книгата на д-р Христо Андонов-Полјански „Одѕивот на Илинденското востание во светот”. Потоа, пренесува историски текстови и изводи од книгата на Драган Ташковски „Самоиловото царство” итн. Тој посветува забележително впимание и на теми од историјата на македонскиот нарорд, расветлува одделни настани, упатува повик за сплотеност на редовите и активно дејствува во македонските црковни општини и воопшто во макадонските колонии.

Вториот број излезе на 2 септември 1970 година, кога започна да се печати секоја среда во месецот. Во него преовладуваат текстови и информации од македонските колонии во Австралија, од Република Македонија и од светот.

Во третиот број од 16 септември 1970 година посебно место е посветено на статијата „Егеј-Вардар-Пирин“, која всушност, ја изразува платформата на весникот каде што се вели: „Македонци, од каде и да сте дојдени, каде и да живеете – обединете се во едно цело. Станете активни членови на македонските организации и учествувајте во сите национални настани и манифестации што ги организираат македонските општини“.

Од бројот 4 од 30 септемери 1970 година започна да се печати еден вид воведник. Така, во овој број е поместан текстот „Во пресрет на 11 Октомври” како воведник, а е даден и текст за отворањето на македонското училиште „Св. Кирил и Методиј” во Фуцкрај, кое започна со работа на 19 септември 1970 година, како и други информации од спортот, продолжение од „Одзивот на Илинденското востание во светот”, хороскоп и други материјали.

Петтиот број на весникот „Македонска вистина” од 14 октомври 1970 година е посветен па националниот празник на македонскиот народ 11 Октомври, за која цел е поместен воведник за генералното собрание на МПЦО „Св. Ѓорѓи” од Мелбурн, како и за активностите во македонската колонија во Аделајд.

Шестиот број, пак е отпечатен на 28 октомври 1970 година, на 10 страници и е сличен како претходниот број. Во него е поместен текетот под наслов „Историски настан”’ кој се однесува на средбата на папапат Павле VI со поглаварот на МПЦ архиепископот г. Доситеј орджана во Рим, а по повод годишната прослава на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј. Во овој број првпат е дадена телевизиска програма на каналите 9, 7, 0 и 2 од телевизијата во Мелбурн, а се објавени и други материјали и информации одактивностите на Македонците.

Во седмиот број на весникот „Македонска вистина“ од 11 ноември 1970 година е поместен освртот по повод Цркопвно-националната конференција во Австралија, како и опширен текст по повод организирањето на Првиот конгрес на организацијата „Обединети Македонци” од Канада, што се одржа на 4 септември истата година.

Бројот 8 од 25 ноември 1970 година е сличен како претходните и содржи бројни текстови од активностите во македонската колонија, а е поместен и воведник по повад 29 Ноември. И бројот 9 одј 10 декември истата година е сличен на претходниот. Од изворните текстови заслужува внимание оној за селото Вапчор, Костурско и материјалите за историскиот развој на Австралија.

Бројот 10, пак, од 6 јануари 1971 година е печатен на 10 страници, но на помал формат, 27,5 х 39,5 см. Тој е сличен како и претходниот, а содржи воведник посветен на антимакедонската грчка пропаганда, потоа материјалот по повод Црковно-националната конференција на Македонците во Австралија, како и информацијата за отворањето на првата македонска печатница во Мелбурн.

Вројот 11 од 20 јануари 1971 година, покрај другото, ги содржи текстовите за Црковно-националната конференција, што е дополнет со бројни фотографии, потоа за истакнатиот и доблесен патриот, иселеникот Васил Мојанов, кој е избран за прв потпретседател на Епархискиот управен одбор, како и за спортот и други информации. Во бројот 12 од 3 февруари истата година, пак, на првата страница е даден текст за изградбата на манастирот „Св. Климент Охридски” во Македонскиот парк во месноста Кинг Леик, а содржи и други материјали и информации,

Во бројот 13 од 17 февруари 1971 година, воведникот е посветен на пишувањето на весниците „Еленикос зои“ и „Македонска трибуна“. Во него, покрај другото, се вели: „Нека простат и Бугарите и Грците и Србите или само некои од нив кои мислат дека Македонците се Грци, Срби, или Бугари. Тие отсекогаш биле, се и ќе бидат само Македонци“.

Од бројот 26 од септември 1971 година, весникот престанува да се печати извесен период, Меѓутоа, правени се напори тој да продолжи да излегува. Така, на 27 јули, год, III за 1972 година се појави уште еден број, тоа е бројот 27, кој има иста форма како и првите броеви, 29,5×43 см., на 20 страници, чија цена е 15 центи. Овој број е со модифицирано клише на главата; клишето е со други букви и наместо сонцето поместена е етничка карта на Македонија. Тој обилува со позајмени текстови од весници од Републиката. Од изворните внимание заслужува воведникот во кој, покрај другото, се вели: „.. Неоддамна се формира Редакциски одбор од повеќе членови, а не како во минатото одговорноста да падне само на Борис Трајков. Во иднина се планира весникот да излегува како неделник и да се печати секој вторник“. Овој број има подобро техничко решение.

Наредниот број 28 излезе на 11 јули 1972 година, исто така на 20 страници со слична содржина како и претходниот на „Македонска вистина“. Тој е, всушност, последниот број на ова многу значајно информативно македонско гласило, кое ги освои симпатиите кај најголемиот број читатели и влубеници во Македонија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top