Дијаспора

Чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

mak-jazik-njv

mak-jazik-njv

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ, во прекрасниот амбиент во Emporium Reception во Bankstown во присуство на многу гости , родители и наставници ја одржа добротворна забава, со цел да се соберат средства за да се подобри и модернизира наставата по македонски јазик. Вечерта се прослави и матурската вечер на која им беа врачени дипломите на 25 матуранти за успешно завршено изучување на македонскиот јазик во средното училиште.
Покрај, студентите и родителите на забавата присуствуваа и: Амбасадорот на Република Македонија во Австралија, Г-от Веле Трпевски, претседателот на Федерацијата за јазици на НЈВ, Г-от  Алберт Вела, претседателката на Учителската асоцијација од Викторија, Г-та Љубица Талеска , директорката на Државните саботни училишта за јазици Г-та Ненси Морвило,координаторката за јазици при Средношколскиот училишен центар за јазици Когра, Г-та Анѓела Лирис, како и  претседателката на МПУО за НЈВ– Г-та Жаклина Михајлова.

Во своето обраќање до присутните, Амбасадорот Г-ин Веле Трпевски истакна дека „ ваквите манифестации и изучувањето на македонскиот јазик на австралискиве простори  е многу важно, зашто тоа ќе го зачува македонскиот идентитет , традицијата и културата. Македонија е лулка на културата. Изучувањето на јазикот ќе придонесе изучување на културата. Затоа е многу важно да се изучува македонскиот јазик и да се овозможи модерна и интересна настава за учениците. Но, подеднакво е важно да се посети Македонија, за да се почувствува духот на корените…“
Вечерта големо изненадување предизвика доделувањето на наградата која ја доделува Македонскиот Просветно Училишен Одбор за НЈВ, – Авионска карта за Македонија, овојпат за најсреќниот матурант кој најмалку 5 години го изучува македонскиот јазик во средното образование. Среќата му се насмевна на Кристофер Тодороски, кој ќе патува за Македонија бесплатно. Врачувајки ја Наградата, Госпоѓата Жаклина Михајлова , им посака успех на испитите на сите ученици.
Во пригодниот говор наменет за матурантите, меѓу другото таа истакна дека:“ Културата на еден народ се одржува преку јазикот и тој е единственото нешто преку кое можеме да ги пренесеме и задржиме нашата историја и нашиот идентитет овде во Австралија. Вие носите две култури и тоа е големо богатство, вие имате големи вредности и притоа им помагате на луѓето околу вас овде во Австралија да дознаат која е Македонија.“ Потоа таа истакна дека“ Изгледа дека меѓу нашиве годинашни матуранти има најмногу адвокатки, но и идни доктори, професори, пилоти, инжењери… Убедена сум дека и во другите матуранти лежат скриени таленти што допрва ќе испливаат на површина. Ние, Македонците сме домородци на светот и имаме света крв. Затоа примарно е да си ги зачуваме корените и јазикот, наш македонски.“, истакна Михајлова. Новата генерација македонски матуранти со гордост ги истакнаа Дипломите, искажаа искрена благодарност кон своите учители и изјавија дека ова е почеток на нивните нови походи кон повисоките образовни институции ширум Австралија.
Во забавниот дел на вечерта настапија членовите на  МКУД „Вардар“ од Сиднеј. Тие со својот беспрекорен настап и со уметничката кореографија на традиционални ора и песни ја ввоодушевија публиката.

Благодарност беше упатена до сите учители кои неуморно работеа и придонесоа оваа вечер да биде успешна.

Вечерта свиреа членовите на “Група без име“ кои забавата ја направија незаборавна и весела. Водители на вечерта беа ученичките од 11 година Марија Грозданова и Александра Ристовска.

Матуранти 2016

Од Центарот Bankstown: Џошуа Богдановски, Викторија Ивановска, Стефанија Јошеска, Кристина Јовчевска, Стефан Јуруковски,  Александра Киселоска и Никола Ничоски.

Од Центарот Kogarah: Симона Бојческа, Емилија Гошаревска, Филип Ѓорѓиоски, Микаела Кумановска, Анастазија Неделковска, Анѓелика Митрова, Габриела Ставреска, Кристина Трпчевска, Кети Наумовска, Наташа Стеванова, Петар Павловски, Кристофер Тодороски,Глорија Велеска, Александар Петковски и Јане Звездаковски.

Од Центарот Smith Hill: Талија Попчевска, Ангела Стојчевска и Никол Јовановска.

Им честитаме!

Донации за македонскиот јазик можат да се уплатат на:

PAYMENT METHODS

DIRECT DEPOSIT

Account Details: Macedonian School Council

BSB: 032-057

Account Number: 601 946

Bank: Westpac

Branch: Rockdale

Please ensure your surname and initial(s) are on your transaction description.

CHEQUE

Payable to Macedonian School Council and posted to: PO Box 164 Rockdale NSW 2216

Жаклина Михајлова

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top