Дијаспора

Интересни македонски информативни гласила со различни содржини во Австралија (9)

mesecni-novini

mesecni-novini
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Првиот број на билтенот „Месечни новини” (1971-1974) се појави во март 1971 година како орган на Македонско-австралиската православна општина од Перт, Западна Австралија. Клишето за главата на весникот е на македонски и на англиски јазик, во средината е дадена фотографија од зградата на Центарот на Македонската православна општина, каде што е и сместена црквата „Св. Никола“, прва во Перт. Билтенот се печати еднаш месечно и служи како организационо гласило на општината во Перт; донесува вести, текстовм, покани и друг вид соопштенија на македонски и на англиски јазик, користејќи се со латиница. Излегува обично на 4 страници мал формат, 23 х 29 см., а некои броеви се печатат и на повеќе страници.

Првиот број од март 1971 година е отпечатен на 6 страници на македонски и на англиски јазик. На првата страница на овој број е поместена воведна статија во која се вели: „Комитетот на Македонско-австралиската православиа оиштина од Перт, Западна Австралија, имајќи ја предвид нуждата од едно подобро комуницирање оо нашите членови, дарители и поткрепители, реши да издава четиристранично билтенче, во чии страници се опишува и македонската црква во Перт. Печатењето на билтенот ќе чини околу 50 долари и ќе излегува редовно еднаш месечно. Билтенот „Месечни новини“ ќе го опишува социјалниот живот и ќе ги чува интересите на Македонците во општината и во целина, а ќе се печати на македонски и на англиски јазик со латиница“.

Главен и одговорен уредник на билтенот е Коста Ангелков, а дадени се и имињата на соработниците и тоа:; спортската секција ја води Васил Радин, младинската секција Џејри Скивинс, женската секција Мита Мијас, црковниот живот му припаѓа на прота Спасе Стефановски, културното живеење на Кони Макензи, додека за одбојката е задолжен Ник Каркакис. Во продолжение од билтенот „Месечни новини“ е поместен текстот за македонската црква и за Македонците во Перт – Западн Австралија, соопштението во врска со намерите за печатење на спомнатата книга за животот и дејноста на Македонците во таа општина, како и информацијата за Првата црковно-национална македонска конференција што се одржа во Мелбурн на 2 јануари 1971 година.

mesecni-novini-2

Целта на ова гласило е да го опишува социјалниот живот во Перт, Мелбурн, Џералтон и други места, каде што живеат голем број Македонци од Егејска Македонија, кои се меѓу првите доселеници од македонско потекло што стасале во Австралија. Такви текстови се објавени во сите броеви.

Вториот број, пак, од април 1971 година е на ист формат како и претходниот, на четири страници. На првата страница е поместен текстот под наслов „Успеси на македонскиот народ“, во кој е даден животот, активностите и постигнатите резултати на Македонците, како и еден текст во продолжение на повеќе страници, кој се однесува на социјалните активности во заедницата во Перт. Посебен простор е посветен на активностите на спортскиот клуб, женската секција, играорната група и други информации.

Третиот број од мај 1971 година е идентичен на претходните. Во него се презентирани бројни информации, честитки, соопштенија и реклами. И четвртиот број од јуни 1971 година е на 4 страници на ист формат, на македонски и на англиски јазик. Во него е поместен текстот за Гоце Делчев, а по повод 68- годишнината од неговата смрт и бројни вести и информации од социјалниот живот во македонската општина во Перт. Посебен простор е посветен на покојниот иселеник Наум Кристов од селото Турие, Леринско, еден од активните членови во македонската заедница.

Како двоброј за јуни и јули 1973 година, под година 3 се појави бр. 26. Овој број на, билтенот „Месечни новини“ е на ист формат како и претходните броја, но на 16 страници и со ист квалитет на хартијата. Клишето на главата од билтенот во одредена мера е модифицирано. На левата страна е сместен ликот на Гоце Делчев, во средината фотографија од Општинскиот центар, а на десната страна е даден амблемот „Македонија за Македонците“ со вкрстен пиштол и нож.

Главен и одговорен уредник и на овој број е Коста Ангелков, а цената на билтенот, односно весникот е 5 центи. Во овој број на македонски јазик е поместен пригоден текст по повод 70-годишнината на Илинденското востание, а на англиски јазик текстот под наслов „Илинден – македонски национален ден“. Во продолжение се дадени опширни и интересни текстови за македонскиот јазик, текстови за македонските иселеници, вести, информации од целокупното живеење, како и бројни фотографии од животот и активностите во македонската заедница во Перт.

„МАКЕДОНИЈА (1972) – ПОРТ КЕМБЛА

Во предградието на Вулунгонг, во Порт Кембла, во почетокот на седумдесеттите години, кога бројот на доселеници од Македонија постојано се зголемуваше, се појави првиот број на весникот „Македонија“ (1972). Тој е отпечатен како месечник во февруари 1972 година, на 8 страници, на среден формат. Се печати на македопски јазик со кирилица, а има текстови и на англиски јазик. „Македонија“ е исполнет со текстови преземени од други весници што се печатат во Република Македонија. Сопственик и одговорен уредник е Жан Мицикијан, кој се потпишува како Ј. Мицикан, роден скопјанец, а Ерменец по потекло. Весникот донесува вести и други информативни материјали од Австралија, СР Македонија, како и други вести од културата и од други области.

Од весникот „Македонија“ се отпечатени само три броја кои се исти по форма и идентични по содржина и кои се приодонес на македонското новинарство на петтиот континент.

ИНФОРМАТИВЕН ДОКУМЕНТ (1973) – МЕЛБУРН

informativen-dokument

Ова е специјално издание на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија. Отпечатено е на 12 страници, на македонски со кирилица, на формат 28×42 см. во Мелбурн, во декември 1973 година, а го уредиле членови на МПЦО „Св. Горѓии. Всушност, ова информативно гласило е збир на документи во врска со поделеноста во македонската колонија во Мелбурн. На насловната страница е поместена фотографија од св. Климент Охридски и голем број пароли со патриотски карактер. На втората и третата страница е поместен текстот под наслов „Вистините околу предизвиканиот и организиран расцеп во Мелбурн“, а во врска со купувањето на новата црква „Св. Илија“ во Фуцкрај и во продолжение се дадени голем број документи, писма, фотокопија и други преписи со цел да се докаже дека членовите на МПЦО „Св. Горѓи“ не се за расцеп, туку за единство и сакаат да ја помагаат втората македонска православна црковна општнна во Мелбурн „Св. Илија“.

Исто така, во овој број на „Информативен документ“ е поместен опширен текст во врска со Проект-текстот на Уставот на Македонската православна црква, во кој во точката 23 стои: „Секој православен христијанин кој ќе биде признат како таков, како член припаѓа на оваа парохија на чие подрачје живее. Парохијанин кој не е државјанин на СР Македонија може да биде избиран во органите и телата на Македонската право- славна црква само со посебна одлука на Светиот архијерејски синод“. Оваа точка предизвика бурни реакции меѓу македонските доселеници, особено оние од егејскиот дел на Македонија.

БИЛТЕН“ (1973) — МЕЛБУРН

bilten-mesecni-novini

Овој „Билтен“ е издаден од Македонската православна црква „Свети Пророк Илија“ од Фуцкрај, а по повод македонскиот пикник одржан на 22 декември 1973 година во Гисборн. „Билтенот“ е печатен на 4 страници (12×33 см) и содржи опширни информации и друти текстови за одржувањето на Македонскиот пикник.

Втората и третата страница се резервирани за активностите на црковната управа „Свети Пророк Илија“, односно културно – забавниот живот и идните планови за работата и за црковно-националните активности. Последната страница е посветена на програмата во која се вели: „Покрај пикникот на 22 декември, ќе сеодржи и старокрајска вечеринка за која се поканети сите иселеници. Културната манифестација под наслов — „Избор на таленти пејачи“.  Таа се одржа на 25 ноември 1973 година во Јаравил и остана незаборавна за околу 800 лица присутни од сите делови на градот.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top