Дијаспора

Новата туристичка книга за Македонија излезе од печат!

Mazedonien-Cover

Mazedonien-Cover

Неделава во Германија излезе најновата туристичка книга за Македонија со работен наслов „Македонија“ и е пуштена во продажба во  сите книжарници во СР Германија. Иѕдавач е познатата издавачка куќа Трешлер Верлаг, којашто веќе пет години печати туристички книги за нашата земја. Затоа,  не изненадува дека оваа книга е веќе петто издание, што покажува дека постои добар интерес во Германија за нашата земја.

Книгата има 328 страници, 209 фотографии во боја, 34 планови на градови, листа на евтини хотели, ресторани итн – разни информации што ќе му помогнат на германскиот турист многу лесно и едноставно да се снајде во Македонија, беѕ разлика каде да се наоѓа, или како  и на кој начин стигнал во Македонија, со автомобил, авион, воз, пешки…. важно книгата го упатува до сите потребни адреси за добар престој во Македонија и – најважно – уживање во природата, природните убавини и старите градови и села, со кои обилува нашата земја.

Авторката на книгата е Филине фон Опелн, и самата пред една година дошла на едноставен начин во нашата земја и ги посетувала сите села, места, градови, езера, пешки, со автобус, автомобил, велосипед: што ја мотивирало да ја напише оваа туристичка книга од своите лични прекрасни доживувања во земјата, средби со луѓе, доживувања и се она што дава прекрасно чувство за убавина, спокојство, уживање и проширување на знаењата за една мала земја на Балканот.

Затоа оваа книга ѓе биде многу интересна за сите оние Германци кои сакаа да ја доживеат нашата земја на свој личен начин!

Драко Антов

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top