Дијаспора

Вечните врски меѓу Украина и Македонија

ukraina3-1

ukraina3-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – УКРАИНА  (3)

Македонија и Украина имаат многу заеднички нешта. Двете земји се наоѓаат на стратегиски прос­тори и имаат богато културно-историско наследство интересно и за соседите. Освен тоа, двете земји има­ат богата почва за земјоделство, овоштарство и сто­чар­ство што во минатото било исклучително зна­чај­но за завојувачите. Двете земји биле предмет на рас­парчување, туѓа доминација, а и на дена­цио­на­ли­зација на нивните народи.

И обете стекнале др­жав­ност со заминувањето на социјалистичката ре­во­луција и пренесувањето на суверенитетот на фе­де­рацијата: СССР и СФРЈ, од кои, по оса­м­о­сто­ју­ва­ње­то, си ја вратија самостојноста и сувереноста. Исто та­ка, Република Македонија со години беше при­сут­на во Украина (сега со намалена динамика) во гра­деж­ништвото и туризмот, а Украина во Македонија, глав­но, со челикот за Скопската железарница.

Ме­ѓутоа, се чини дека и двете држави имаат слични не­пријатности: економско-политички блокади и цр­ков­но-верски оспорувања, главно, од старите кру­го­ви во престолнините на претходните федерации, Москва и Белград.

Прашањето, пак, во однос на црквите, се дол­жи на традицијата и толкувањето која е „мајка“, а која „ќерка“ црква. Факт е дека директните врски биле Охрид – Киев, почнувајќи од IX век кога од Ох­ридскиот универзитет почнал протокот на идеи, пи­с­мо и култура на североисток, исток и север.

Според академик Вла­ди­мир Мошин, киевскиот кнез Владимир во 987 година, „прв испратил пратеништво кај Са­муил во Охрид со предлог за сојуз и молби за орг­а­ни­зирање на христијанска црква со словенска бо­го­служ­ба“. Како резултат на тоа од Охрид во Киев бил ис­пра­тен епископот Леон на функцијата мит­ро­по­лит на Киевска Русија. Тој таму заминал со мно­гу­бројни мисионери – свештеници и ѓакони – со голем број богослужбени книги кои се основа за преписи и за создавање своја книжнина.

ukraina3-2
Печерсла ларва

Откако се покрстил бла­жениот Владимир, како што е запишано во рус­киот летопис на новогородските владици од 991 го­дина, продолжило просветителското ширење на Све­тото писмо на третиот црковен јазик во Европа из­лезен од Македонија, старославјанскиот, односно старомакедонскиот јазик, што бил раз­бирлив наспроти дотогаш елинскиот и латинскиот кои биле неразбирливи.

Така Киев, што ќе рече Украина, станал нов, кул­тур­ен зрачник, пандан на Охрид како „православен Еру­салим“, односно Киев како „втор Охрид“, а врс­ки­те, со повратен стремеж, траат во сите следни векови.  Особено биле изразени во XVIII и XIX век, по Илинденското востание во 1903 година, по Втората светска војна и особено во Новиот милениум.

Според историските податоци се знае дека охридските архиепископи, односно патријарси, се институирале со името на Јустинијана Прима од 535 година. Затоа уште повозвишено е значењето на ма­­ке­донската културно-духовна престолнина. „Јус­тинијана Прима“ со едикт на Јустинијан Први, роден во селото Таор кај Скопје, била прогласена за прва по ранг црква која го опфаќала просторот и на пропаднатото Западно Римско Царство. Тој примат траел 10 години, по што „Јустинијана Прима“ била прогласена за еднаква на Рим и Константинопол „за сите времиња“, што никогаш не е отповикано.

Од Охридската архиепископија во 1219 година неканонски се отцепи Смедеревската епархија, која прераснала во денешната Српска православна црква. Аналогно на тоа прераснување се случи и со Руската пра­во­славна црква. Поради тоа сега постојат обиди за присвојување на двата „Охрида“ или „двата пра­во­славни Ерусалима“, со сето културно, ис­то­рис­ко, умет­ничко и книжно наследство од страна на Рус­ката и Српската православна црква.

Се чини дека од сите средби во Киев нај­воз­буд­лива беше средбата со патријархот киевски и ук­раински, неговата светост г. г. Филарет, човекот кој со својот изглед, харизма и православен дух остава впечаток кај соговорникот. Приемот се одржа во не­говата резиденција, при што, на негово барање, раз­говорот го водевме на украински и македонски јазик. Со тоа ги потврдивме и проширивме охридско-киев­ските врски од пред десет века.

Патријархот г. г. Филарет зборуваше за состојбата на Украинската православна црква и проблемите што ги имаат со Руската православна црква. Притоа, изрази под­гот­ве­ност да воспостави христијански, православни кон­такти со Македонската православна црква и да при­ми нејзини свештени лица кои со украинските вла­­дици би сослужувале во некоја украинска црква, што ќе претставува де факто признавање на двете цркви во Република Македонија и  Украина.

ukraina3-3
Академик Мошин, МАНУ

За време на срдечната средба, на патријархот ки­е­в­ски и украински г. г. Филарет му подаривме ли­те­ра­тура која го рaсветлува историскиот развој на Ма­кедонската православна црква и на македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД. Тој изрази голем интерес за македонските цр­ковни општини во дијаспората, бидејќи, како што рече, и Украинците имаат неколку милионско иселеништво во САД и во Канада.

А, тие преселници од Украина, кои припаѓаа на Римокатоличката црква, особено во Канада, има­ат иста или слична судбина како и Македонците, и добро се организирани во дијаспората. На тие простори Македонците и Украинците си нашле заедничка љубов и христијанско зближување преку нив­ните цркви, црковни општини, културно-умет­нич­ките друштва и други асоцијации, кои имаат заедничка цел – да бидат поблиски како многу сродни пра­во­славни народи.

Така, втората по големина христијанска црква во Украина е Католичката црква. Таа ги обединува верниците со римокатоличка вероисповед и верниците со источно-православен обред кои припаѓаат на Католичката, односно Унијатската црква.

Унијатството во Украина, слично како во Македонија се појавило како резултат на  општествените, економско-политичките, социјалните, културните, црковните, образовните и други  (не)прилики. Притоа, и Украинците и Македонците често се обраќале до римските папи за покровителство преку прифаќање на црковна јурисдикција на Римокатоличката црква, наместо Цариградската патријаршија. А унијатството во Украина и во Македонија датира од почетокот на XIX век.

Така, прва унијатска црква во Македонија е формирана во Кукуш во 1859 година, во која членувале голем број видни македонски преродбеници, меѓу кои Константин Миладинов, Рајко Жинзифов, Партение Зографски и други. Тоа, всушност, било движење за еманципација и ослободување од елинизмот (грцизмот), односно црковно-просветно движење против грцизмот што во тој период имал широки размери во Македонија.   

Слична е судбината и на Украинците. Во тоа се уверивме при неколкуте посети на Украинската католичка црква „Света Богородица“ во Торонто. Таму од надлежниот католички бискуп бевме информирани за судбината на Украинската црква и украинските доселеници на тие канадски демократски простори.

Притоа, се запознавме со огромниот напредок што Украинците го имаат на национално, црковно, духовно, образовно и културно поле во новите средини во Канада, за што се благодарни и горди што припаѓаат на Римокатоличката црква.

Овие значајни историски факти се утврдување на традиционалните односи, кои се уште една голема причина повеќе да продолжат да го  одржуваат долготрајното заемно пријателство за двете напатени држави – Македонија и Украина.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top