Дијаспора

Практикуми со високи педагошки вредности

blaze-kitanov

blaze-kitanov
Проф. д-р Блаже Китанов

(Проф. Д-р Марија Емилија Кукубајска: „Здрава храна-здраво дете“ (Штип, Емари 2016), Практикум за ,,Букварчето на Емилина“, рана детска писменост, 3-6 години (Штип, Емари 2015)

Воспитанието и образованието им е потребно на сите, и на богатите и на сиромашните, и на надарените и на тапоглавите. Воспитанието е комплементарно на образованието, па според тоа воспитанието и образованието му се неопходни на човекот. Тој процес започнува многу рано, во раниот детски развој, додека децата започнуваат да пролетуваат, да полетуваат. Како птиците. Само тие од сите животни се поистоветуваат со децата, зашто своето пеење го учат од постарите, од својата мајка, од друг според утврдено време или елементарни правила. Тоа со примерот на канарките и врапчињата на мошне сликовит начин го објаснува и современото образование како и „стариот“ И. Кант во малата книшка ,,Воспитување надецата“. Значи, не е можно образование без правила. Мислам дека кај нас недостасуваат вистинските правила, па образованието во тој случај доживува промашување.

Прво и основно правило на образованието е константноста / доследноста и примена на едно или повеќе начела. За тоа е потребен учител, просветител. Вистински учител, а тоа е оној кој ги почитува правилата и образовните начела, постигнати на начини кои даваат најефикасни резултати.

Нема совршени учители. Можно е и необразован татко да биде добар учител ако е верен на своите начела. Значи, детето го образуваме во домот-градинката-училиштето. Тоа се два дома, две гнезда.

blaze1

Градинката како гнездо треба да се ограничи да биде продолжение на семејната средина, зашто стабилниот а флексибилен учител на крајот станува дел од семејството. Лексемата гнездо е најприкладна метафора за овој пред /училишен период. Од првата па до седмата година. Во овој период детето се прилагодува и учи: слуша, повторува и учи песнички во рима, ги восприема ритамот и гласот, си игра со зборовите и песните, ги пронаоѓа, слуша шеговити и ритмички детски песни. Ги сака сказните; ги учи првите букви, сите букви; започнува со пред/читачки и читачки вештини, учи да пишува и да го открива значењето на знаците. Тоа не е едноставен процес. Потребни се добри учители, но и добри книги и усни и писмени едукативни насоки, примери и правила и содржини што ќе ги отворат очите и срцата на децата, ќе ги поттикнат да пишуваат, да учат, да зачекоруваат во светот на описменувањето и светот на писменоста. Но, треба да се има љубов кон јазикот и науката за јазикот, кон книжевноста и науката за книжевностите, и за другите науки, прородните, љубов кон природата, кон светот, а најмногу кон децата.

blaze2

Е, токму таква љубов е содржана во битието на Марија Емилија Кукубајска. Таа љубов на д-р Кукубајска кон децата може да се спореди со љубовта на великиот чешки педагог Јан Амос Коменски од едноставна причина што за нив детето е битие со спонтатни и искрени чувства за животот и природата. Кукубајска во детето гледа ангелска невиност; добрина, љубов и убавина. Затоа професорот, педагог и книжевник Марија Кукубајска ќе се обиде најпрво на детето да му помогне да ги совлада, да ги усвои првите, сите букви за да може да го вклучи во процесот на пишување на сопственото име, името на другарчето од најразлични простори на татковината и светот, да го пронаоѓа необичното и во обичното, и спонтано да го збогатува речникот.

Тоа Марија Емилија Кукубајска го стори на најдобар можен начин со прекрасното „Букварче на Емилина“ наменето за описменување на децата од раната возраст, од 3-6 години. Во Букварчето со сета душа и срце авторот и педагог Кукубајска ја движи ,,управува со рачето на детето и му помага како тоа кревко раче треба да ја напише правата линија, косата линија, кругчиња и полукругчиња, нивно спојување и поврзување до конечно оформување на првите, на сите печатни букви. Паралелно со усвојувањето на буквите детето се оспособува како да го напише сопственото име и имињата на деца од етничките заедници и националности, во Македонија и ширум светот. На тој начин Кукубајска го подготвува детето за комуникација, за интеркултурна комункација со другиот.

Таа книга-учебник, Букварчето, претставува педагошки раритет во воспитно-образовната практика кај нас. Посебно ова се однесува на децата од многу рана возраст, од 3-6 години, кога се одвиваат првите зачекорувања во светот на воспитанието и образованието, на развој на говорот, на културата на говорот, на совладување, поточно усвојување на првите писмени чекори – каде преку игра и забава детето заедно со воспитувачот од предучилишниот дом и воспитувачот од родителскиот дом, стекнува сознание, способност за откривање, за пишување на првите, на сите букви и нивно вклучување во процесот на усната и писмена комуникација со себе си, со нас, со светот.

Она што Букварчето го прави привлечно и единствено во воспитно-образовниот процес на македонски јазик е инвентивноста и креативоста на методичкиот дизајн за пишување и совладување на првите, на сите букви, односно вонредниот и оригинален упат за оформување, за пишување на прави, исправени, коси, легнати и други видови на линии, од една, и нивното вешто и среќно поврзување во знаци, зборови и изрази. Во овој процес на учење Кукубајска го вградила од себе и знакот и зракот на љубов, восклик и радост со кој се отвора вратата на животот, на детето, љубов и подршка во процесот на совладување на материјата од букварчето која е изразена и во родителската и учителската и детската радост.

Откако Кукубајска го оспособи детето да пишува, а со тоа и да може да чита, да учи, да говори и игра, таа ни нуди Практикум за Букварчето на Емилина: ЗДРАВА ХРАНА-ЗДРАВО ДЕТЕ. Може да се рече дека тоа е Практикум што предизвикува актуелен интерес, практикум за секоја воспитно образовна институција, за секој воспитувач и родител, за секој човек, за секој дом. Уште во својата Didaktika Magna J. A. Коменски сугерираше ,,Кој внимава на три работи: умерена исхрана, вежбање на телото и правилен одмор, може да има добро здравје и долг живот“. Особено ,,децата од шест години кои со грижата на таткото и воспитувачот се добро воспитани, личат на овошки кои се грижливо засадени и кои добро фатиле корен и почнуваат да ги шират своите гранки“. Значи, да цутат, да полетуваат, како што веќе истакнавме на почетокот од овој запис. Токму затоа, ПРАКТИКУМОТ ЗДРАВА ХРАНА-ЗДРАВО ДЕТЕ има посебно значење за воспитување на децата од повеќе причини.

Прво, Практикумот содржи цртежи на различни видови овошје, зеленчук, житни плодови и др. Именувани со почетните букви на азбуката; наведени се витаминските компоненти на плодовите, а сето тоа е проследено со умесни, логички и инвентивни прашања и задачи за нивно откривање, именување и утврдување. Еве пример за лубеницата: Кое од зборчињата е на вкусната слика? Напиши го во линијата. А, можеш да го обоиш со една од двете познати бои за зрела и слатка: лешник, леблебија, лубеница, лутеница. Примерите за сите плодови кои ја содржат/имаат почетната буква од азбуката се мошне импресивни и инвентивни и придонесуваат за збогатување на речникот и јазичниот израз кај децата. Впрочем, Коменски укажуваше дека ,,јазикот не смееме да го учиме без предмети…зборовите не смеат да се учат одвоено од предметот…“. Со тоа се потврдува правилно избраниот методички  пристап на Марија Емилија Кукубајска за полесно, поинтересно, поинспиративно и пореално, практично учење и откривање, усвојување и решавање на поставените прашања и задачи во практикумот „Здрава храна – драво дете“.

blaze3

Следствено, ако со „Букварчето на Емилина“ наменето за рано описменување на децата од 3-6 години, Кукубајска го оспособи детето да ги пишува првите букви, сите букви, го описменува и му ја отвора вратата на животот – да прогледа, да прооди, да пролета, а со Практикумот за букварчето на Емилина „Здрава храна – здраво дете“, Кукубајска, истакнат и омилен професор и вонреден педагог, со своите оригинални, ретки примери – го едуцира детето како да се храни здраво, за да живее и здраво, што е предуслов и да учи успешно. Да биде и образован и воспитан. Да биде ЧОВЕК.

blaze4

blaze5

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top