Дијаспора

Во Сиднеј по 20 години повторно на сцена: НЕДА

neda1

neda1

Поетската драматизација „Неда“ од Душан Ристевски во продукција на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј успешно се постави на сцена на Гала вечерта на 17 декември посветена на доделувањето на наградите за глума Александар Македонски за 2016 година.

А која е Неда? Ликот на Неда е прикажан како страдалник на македонската жена и мајка која штотуку дознава за убиството на нејзиниот единец Кузман од проклетите Геги кои ги пустошеа македонските села во западниот дел на Македонија, убиваа невино и незаштитено населени, силуваа мајки и девојки… се под крилата на Отманите кои ја пиеа крвта и цедеа македонската пот… Болот и солзите на Неда лесно се пренесе врз гледачите кои колективно гледаа во оваа мајка како херој и спасител и дека треба да се истрае и да се бара одмазда за ослободување од стегите на поробувачите… а поробувачи сеуште ја стегаат мајката Македонија. А уште колку Неди, солзи и тажачки ни се потребни да се разбудат Македонците?

neda2

Преставата беше работена од еден цел тим на актери од македонскиот театар, музичари и играорци од КУД Илинден, кои со висока професионалност го поставија ова дело на сцена под режија на Стефо Нанцу. Сцена беше премала за Валентина Апостоловска која со голема артистичка вештина ги пренесуваше емоциите на мајката Неда, полна со неспокојство, очајание, жал, бол, омраза, борбеност и надеж. Никој не остана рамнодушен на пискотниците на Неда за несреќата што ги збра Македонците. Таа и беше целта на авторот Душан, да ни го доближи трагичниот лик на Неда кој познатиот поет Григор Прличев така возвишно го пишуваше во поемата „Сердарот“. Покрај Валентина на сцена се преставија и Стефо Нанцу, Спасија Огненовска, Зора Сазданова, Македонка Наневска, Самоил Митревски, Васко Србиновски, Антонио Нешковски, Горан Вељаноски, Кристофер Карафиловски, Антонио Трајковски, Стефан Климоски и Јован Апостоловски. Исто така гласовите на Дона Димовска Кантаровска, Никола Апостоловски и Валентина Апостоловска беа употребувани за подобро сценско прикажување, а сценските ефекти беа на Никола Апостоловски.

neda4

Интересно е да се спомне дека „Неда“ за прв пат беше прикажана пред цели 20 години, во 1996 година, а во изведба на Македонскиот театар „Благоја Нешковски“ од Волонгонг, во главна улога на Олга Николовска.

Треба да се збележи дека Македонскиот театар зад себе имаше плодна артистичка годишна програма, прикажа две драми: „Куферот“ и „Баба се мажи“ и ја заокружи програмата со поетската драматизација „Неда“.

Македонска нација

neda3

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top