Дијаспора

Во земјата на Колумбо и Кастро

kuba2-1

kuba2-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – КУБА  (2)

Условите за туризам во Куба се врвни. Хотелите се првокласни. Услугата најчесто е “ол инклузив”, или народски речено “за џабе”. Секако дека е далеку од бадијала, затоа што се прилично скапи аранжманите за летување на овој карипски остров. Но кога ќе се измери квалитетот на сместувањето, можностите за забава, спортските активности и излети, па ако се додаде топлото море со тиркизна боја, плажите со ситен песок и ладовината од палмите, тогаш одморот на Куба вреди за парите.

Туристите на Куба купуваат,покрај одмарањето и уживањето. Најмногу се бараат познатите кубански пури или рум. Агенциите организираат посета до плантажите со тутун и фабриките за пури. Но, познавачите велат дека е подобро соло откривање на квалитетните пури и цигарите.

Инаку, Република Куба (шпански República de Cuba), или како често ја викаат земјата на Колумбо и Кастро е најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со вода,  Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ. Куба има интересен издолжен облик во правец исток-северозапад и е долга околу       1.200 километри, со просечна широчина од околу 110 километри. Во овие граници на тој простор денес живеат повеќе од 11 милиони жители. Куба е средноамерикански островски архипелаг во Карипското Море и интересниот Мекискански Залив.

Куба е најнаселениот карипски остров. Биолошкиот и геолошкиот диверзитет е импресивен. На островот има 6000 видови билки, од кои половината се ендемски. Заради тропската клима, температурните осцилации се мали, па просечна годишна температура е 25 степени. Воздухот е доста влажен, но посетителите брзо се навикнуваат на тоа.

Северозападно од Куба се наоѓаат Соединетите Американски Држави, северно се протегаат  Бахамите, источно се наоѓа Хаити, јужно се Кајманските Острови и Јамајка додека на запад преку заливот е Мексико. Главниот остров на државата е Куба, но во околината се наоѓаат групи острови. Главниот остров претежно е низински, но присутен е и планинскиот масив Сиера Маестра. Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот. Општо гледано од ноември до април во државата е сушна сезона, додека од мај до октомври е влажниот период. Главен град на Куба е Хавана, додека официјален јазик е шпанскиот јазик.

che-guevara
Споменик на Че Гевара

При нашата посета бевме информирани дека името „Куба“ потекнува од јазикот таино и неговото точно значење не е целосно познато. Називот може да се преведе како „место каде плодната земја е во изобилство“  или како „големо место“ („коабана“). Покрај ова тврдење, постои уште едно, кое, веројатно, е поточно, со кое се тврди дека кога Кристофор Колумбо пристигнал на островот го именувал островот според стариот град  Куба во Португалија.

Исто така, според пишаните документи се вели дека Куба станала социјалистичка република со уставот од 1976 година, но тој устав бил заменет со нов во 1992 година, кој се базира на марксистичките, ленинистичките и идеите на Фридрих Енгелс. Уставот ја карактеризира Комунистичката партија на Куба како „водечка сила на општеството и државата“. Првиот секретар на Комунистичката партија е претседател на државниот совет или наречен претседател на Куба и претседател на Советот на министри или порано познат како премиер на Куба. 

Членовите на двата совета се избрани од страна на Националното собрание на народната сила. претседателот на Куба, исто така, е избран од страна на Собранието за мандат од пет години, но без ограничување при кандидирање. Меѓутоа, во Куба е забрането политичка партија да има политички ангажман како собири, митинзи или кандидирање на пратеници, иако Комунистичката партија досега има забележано такви ангажмани.

varadero
Хотел во Варадеро

Во пишаните документи се вели дека Куба произведува шеќерна трска,тутун, кафе, ананас,банани,  лимони, портокали и др. По производство на шеќер Куба го зазема првото место во светското производство. Во помали количества се одгледува: пченка, ориз, градинарски производи, овошје и друго. Рудното богатство во Куба се состои од големи резерви на железна руда (околу 3,5 милијарди тони), потоа на: бакар, хром, манган, злато, нафта и друго. На основа на рудното богатство многу индустриски гранки се во развој. Од нив најразвиени се прехранбената (производство на шеќер во повеќе од 200 фабрики), потоа,  тутунската, текстилната, хемиската, градежната индустрија и други. Во поново време подигнати се повеќе рафинерии на нафта, кои ја навестуваат иднината на Куба.

Куба извезува: шеќер, кафе, пури, ананас, банани а увезува: машини, автомобили и друго. Меѓутоа, се чини дека во Куба значајна стопанска гранка е туризмот. Пријатната клима и долгите песочни плажи секоја година привлекуваат сè поголем број туристи, особено од Канада, Германија и други земји на Европската унија.

kuba2-2
Првата нова католичка црква во Куба

Инаку, и покрај тоа што Куба официјално е атеистичка држава, ние се уверивме дека на територијата на држа-вата се практикуваат поголем број религии. Најдоминантна религија во Куба, секако,  е католицизмот. Во тоа се уверивме при посетата на Католичката црква во Хавана, каде добивме податоци за „забранетиот“ духовен живот.

Статуата на Исус Христос, кој ја благословува Хавана, е налик на онаа во Рио де Женеиро. Сместена е во старото градско јадро. Кипот висок 20 метри, направен е од италијански мермер и е поставен во 1958 година. Импозантни се и гробниците Кристобал Колон, кои се активни повеќе од 130 години. Таму се наоѓаат преку милион гробови што е своевиден музеј на отворено.

Имавме можност да разговараме со верници и во други христијански храмови. Интересно беше што тие ја имаат речиси сличната духовна филозофија како онаа во Македонија веднаш по Втората светска војна.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top