Дијаспора

Во земјата на убавите плажи, музиката, играта, спортот…

cuba3

cuba3

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – КУБА  (3)

Кубанската култура е доста богата и има силни влијанија од Шпанија и Африка. Спортот е една од најго-лемите преокупации на народот. Поради поранешната блискост со Соединетите Американски Држави, во Куба се популарни спортовите кои се среќаваат во Северна Америка. Најпопуларен спорт е бејзболот, но доста попу-ларни спортови се и одбојката, кошарката, крикетот, атле-тиката и, се разбира, боксот. Меѓутоа, за нас кубанската музика беше нешто највозбудливо. Таа е доста богата и е еден вид симбол за кубанската култура. Главен елемент во кубанската музика е јужноамериканскиот мелос, што е основа за голем број музички правци како салса, румба и мамбо. Исто така, позната е кубанската  ча-ча-ча. Затоа и Куба често се нарекува дека е земјата на убавите плажи, музиката, играта, спортот…

Во врска со музиката во Куба треба да се каже дека во сите домови, општествени простории, а особено по хотелите се слуша различна музика. Меѓутоа, Кубанците ја негуваат латиноамериканската музика и во хотелот „Пунтарена“. Па така, додека престојувавме во хотелот, секоја вечер имаше оркестар кој нè забавуваше нас гостите, се пееше и се играше како да бевме во Македонија.

Една вечер бевме во друштво на германски и канадски туристи кои, исто така се одушевуваа на кубанската музика. Притоа, знаејќи ги вредностите на македонската музика, не прашаа кое е нашето мислење. Тогаш им рековме дека во Македонија постои поговорка дека  гостинот не треба да пее, оти ќе биде натпеан, не треба да свири, оти ќе биде натсвирен и дека не треба да игра, бидејки ќе биде надигран.

Сето тоа важи и за Куба, исто како во Македонија, меѓутоа, во Куба плус не треба да пиеш, оти ке бидеш натпиен, односно опиен. Правило кое го потврдивме при нашиот престој, особено кај туристите од Германија.

cuba3-2
Спортисти на Куба

Во текот на нашиот престој во Куба ја посетивме Хавана (шпански: La Habana) која е главен град на Куба и во кој живеат околу 2,5 милиони жители. Тој е најголем град во Куба и на Карибите. Хавана се наоѓа на околу 160 км југозападно од Ки Вест на Флорида. Градот Хавана е една од покраините на Куба.

Конквистадорот  Диего Веласкез де Куелјар ја основал Хавана во 1515 година, на јужниот брег на островот, блиску до денешниот град Сиргидеро де Батабано. Градот Хавана бил преселен на сегашната локација (тогаш позната како Карењас) во 1519 година.

Хавана првобитно била трговско пристаниште, а станала главен град на шпанската колонија Куба во 1607 година, како и главно пристаниште на шпанските колонии во Новиот свет. Хавана е прекрасен и возбудлив град, бидејќи претставува синтеза на екстремно старото и прогресивното ново. Таа полека се спушта кон морето, кое ја прави да биде привлечна метропола. Архитектонски гледано, пак,  Хавана е како една грациозна старица која седи од страна на морето, со очите загледана кон длабоките сини бранови на теснецот кон Флорида.

Улиците на Хавана се живописни. По нив се движат стари американски автомобили од предреволуционерното време заедно со руски “лади” и “москвичи”, како и најнови руски автомобили.

cuba3-3
Музучки состав

Во исто време Куба како да е чекор назад во времето, и тоа е необично и истовремено возбудливо, иако човек може се прашува колку долго може да трае тоа. И разбирливо е тоа. Но, денес  населението од Хавана сака да го модернизира градот и да го обнови, но треба да го задржи уникатниот оригинален карактер, кој му пркоси на времето во периодот од изминатите шеесетина лета.

 Нашето Варадеро е неверојатно место, главно, поради тоа што е убаво, пријатно, привлечно и  чудно место. Тоа е храмот на Хемингвеј, каде светски познатиот писател изградил куќа во непосредна близина на големиот гангстер Ал Капоне. Затоа овој дел на Куба бил привлечен во минатото, а и во сегашноста.

Инаку, Кубанците се неверојатно добри луѓе. Тие во материјална смисла на зборот имаат многу малку, но се весели, гостоприемвливи, задоволни како во нивните раце да го држат богатството на овој свет. Кубанските куќи во селата се лоши, стари и трошни, без цврсти прозорци и врати, заработувачката е мала, но секој Кубанец има широко отворено срце што ретко може да се сретне на друго место

И покрај тоа што Кубанците живеат сиромашно, меѓутоа тие се среќни, задоволни, пијат рум, пеат, седат во импровизираните кафулиња од трска со буриња наместо маси, ги забавуваат туристите за ситни пари, за неколку долари, а над нив висат фотографии на Че Гевара. Веројатно од сонцето, здравата храна и, се разбира генот, Кубанците, особено женскиот пол се многу убави, симпатични, благородни… Таму има одлична природа и забава. Затоа и многу Канаѓани, а многу туристи и намерници од целиот свет доаѓаат да ја посетат Куба.

cuba3-4
На плажа во Куба

Инаку, Кубанците се многу образована нација. Многу од нив како интелектуалци работат по хотелите, кои за среќа ги има во голем број на целиот брег околу Куба. Разговаравме со една професорка по англиски јазик и литература која работеше во барот. Таа беше многу љубезна, услужлива и ја ценеше својата работа, поради што беше наградувана. Таа, за жал, не информира дека подобро е што работи во хотелот, отколку да предава во некое училиште, каде примањата се многу мали. Таков е случајот и со други вработени кои ги служат гостите кои се дарежливи кон персоналот.

И пред да си заминеме од Куба, по нашите впечатоци, многу сонце и мирисот на солта по нашите тела, по вкусот на морската храна, која никогаш нема да ја заборавиме, по мирисот на различното овошје и сè она што не опкружуваше во текот на една недела  можеме да се заблагодариме на љубезните и школувани Кубанци, кои за да опстојат на таа ветрометина искажуваат силна љубов кон дојденците од другите десно-ориентирани земји.

Но, може да се заклучи дека Куба е родното место на игрите салса и мамбо. Таа одушевува со својата историја, колонијална архитектура, квалитетните цигари – пури, убавите Кубанки и прекрасните  плажи. Затоа, илјадници Канаѓани заминуваат на одмор и рекреација токму во Куба, во земјата на Кристофор Колумбо и Фидел Кастро.

Крај

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top