Дијаспора

Во Квимбијан – СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“

blagodarnica-bibl-vanco-nikoleski

Иван Трпоски

На 14 јануари 2017 година во просториите на црковната сала Св. Пророк Илија, во населбата Квимбијан, која е сместена веднаш до австралиската престолнина Канбера, се одржа свеченото отворање на Македонското литературно друштво и библиотеката кои го носи името на македонскиот детски песник и раскажувач Ванчо Николески. Уште во почетокот убаво е да напоменеме дека иницијатори за отворање на ова друштво се господата Наум Трајчески и Наум Пауноски, кои потекнуваат од охридските села Издеглавје и Куратица.

blagodarnica-bibl-vanco-nikoleski
Благодарници за учесниците на отворањето на Македонското литературно друштво и библиотека „Ванчо Николески“ во Квимбиан 14.1.2017 год.

На свеченото отворање, најпрво добре дојде им посака претседателот на друштвото Наум Трајчески, кој во кратки црти ги запозна нив со идеата и формирањето на новото друштво кое има 32 членови и симболичен број на книжевен фонд. На отворањето присуствуваа неколку стотини посетители, меѓу кои имаше истакнати активисти од македонската заедница како поети, артисти, музиканти, фолклористи итн. а најмаркантна личност беше присуството на амбасадорот на РМ во Канбера г-динот Веле Трпевски кој го изврши и свеченото отворање на Македонското литературно друштво „Ванчо Николески“ и неговата истоимена библиотека. На програмата свои песни и песни од македонски автори прочитаа поетите Иван Трпоски и Душан Ристевски гости од Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и локалните поети: Роза Начевска, Наум Трајчески, Билјана Попоска, Велика Гоцик, Наум Пауноски и други. Како пример за добра соработка колекција книги од македонски автори преведени на англиски јазикм, а во име на амбасадата на РМ,  книгите им ги подари амбасадорот Веле Трпевски, а колекција на книги од австралиско-македонски автори, членови на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, а во име на друштвото, книгите им ги подарија поетите Иван Трпоски и Душан Ристевски. Домаќините во знак на благодарност на повеќе црковни, хуманитарни, спортски, музички и други друштва и организации им доделија благодарници.

Пријатно освежување на посетителите им приредија фолклористите од КУД „Разиграна Македонија“ кои се претставија со сплетови на македонски ора од сите делови на Македонија.

Во вториот дел од вечерашната програма беше настапот на Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј со драмското дело на Душан Ристевски „Баба се мажи“. Оваа драма е рекордна по посетеност, па покрај настапите во Сиднеј, Волонгонг, Њукастел и Квимбијан, се планира да се прикаже и во другите градови на Австралија, а по можност, артистите сакаат таа да биде приказана ова лето и во Макеедонија

Последниот дел од вечерашната програма и беше отстапен на црковната општина, која по повод верскиот празник Василица имаше организирано музички концерт кој траеше се до раните утрински часови.

biljana-poposka
Билјана Попоска

vele-trpeski
Веле Трпевски

velika-gecik
Велика Гецик

dusan-ristevski
Душан Ристевски

ivan-trpovski
Иван Трпоски

naum-paunoski
Наум Пауноски

naum-trajceski
Квимбиан – Наум Трајчески чита своја песна 2017 год.

roza-nocevska
Роза Ночевска

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top