Дијаспора

„Македонски весник“ – значаен информатор на Македонците во Австралија (19)

mpa19

mpa19

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Гласилото „Македонски весник“ беше еден од позначајните македонски информатори во Австралија што се печататеше на литературен македонски јазик, а има материјали што се објавуваат и на англиски јазик. Тој претставува вистински информатор на македонската култура, јазик, литература, нсторија, минато и сегашност. Во голема мера настојува духовно да ги обедини македонзските иселзеници во новата средина и да го афирмира македонското име и нација во демократска Австралија.

Првиот број на „Македонски весник“ е отпечатен во јануари 1985 година во Рокдеил, населба на Сиднеј и збратимен град со Битола, како гласило на Центарот за информации и печат на Македонската етничка заедница од Сиднеј. Тој е печатен на 8 страници на формат 43 х 30 ом., а од вториот број се печати стандардно на 16 страници. Излегува еднаш месечно (месечник), неколкупати се печати на петнаесет дена и еднаш во два месеца, по цена од 60 центи до еден долар.

Како што обично се прагви при започнувањето на издавање ново информативно гласило, и „Македонски весника, донесе воведна статија во која ги истакнува своите цели. Во неа се вели дека „Македонки весник“ ќе работи да ги заштитува националните интереси на македонскиот народ насекаде во светот и ќе ги почитува правата на другите народи; ќе ја брани од туѓо посегнување светата национална држава на македонскиот народ — Републњ ка Македонија, факелот на македонската слобода и надеж на сите обесправени Македонци од егејскиот и пиринскиот дел на Македонија; ќе го афирмира македонскиот литературен јазик, литература, култура, историја, фолклор, традиции и севкупното творештво на слободната македонска држава во светот, а посебно во Австралија.

makedonski-vesnik
МАКЕДОНОЌИ ВЕСНИК“ („МАСЕ
DONIAN NEWSPAPER“)
(1985  )
– СИДНЕЈ

Исто така, овој број, а и наредните броеви обилуваат со позајмани текстови од гласилата што се печатат во Републиката. Главен и одговорен уредник на „Македонеки весник“ е    Кире Циревски, истакнат преспански охриѓанец, роден во селото Перово, што се наоѓа на брегот на живописното Преспанско Езеро. Тој е еден од значајните личности во животот и активностите во Македонската православна црква „Света Петка“.

И вториот број од февруари 1985 година е отпечатен на 16 страници и содржи голем број материјали за активноста на Македонците во Австралија, особено во македонската колонија во Сиднеј, како и новости од Републиката и пошироко.

Во сите дванаесет броеви колку што ое отпечатени во првата година (1985 година), се поместени пригодни текстови за голем број македонски револуционери, за значајни датуми од историјата во Австралија, со посебен акцент на црковниот, културно-просветниот, спортскиот и забавниот живот на макекедонската заедница во Сиднеј.

Во втората година од излегувањето на „Македонски весник“ се отпечатени исто така 12 броеви во ист формат и на 16 страници. Тие се иополнети со голем број интересни прилози од активностите на Македонците во Австралија, особено од активноста на Македонските православни цркви.

Во третата година од излегувањето на „Македонски весник“ се отпечатани 16 броеви во кои се поместени одбрани п интересни матерајли од животот на македонски иселеници во Австралија. Така, првиот број од јануари 1987 гадина, како и претходните е печатен на 16 страници со ист фармат. На првата страница е поместена фотографија од тогашниот премиер на Нов Јужен Велс г. Бери Ансфорт и пригоден текст за Австралија, во кој, меѓу другото, се вели дека денот на ооновањето на Австралија пред 200 години, претставува симбол на слобода и рамноправност и за Австралијанците од македонско потекло кои ги уживаат сите права на демократска и мултикултурна Австралија.

Политичкиот живот на Австралија има посебно место во овој број. Имено, две страници се посветени на кандидатите од политичките партии во Австралија за кои се апелираше Македонците да гласаат за нив. Од изворните текстови, пак, треба да се одбележи оној по повод одбележувашето на 20-годишнината на успешната работа на КУД „Илинден“ од Рокдеил, во кој се вели дека „ .. .Друштвото е формирано од група ентузијасти и вљубеници во македонскиот фолклор и работи во рамките на МПЦО „Св. Петкаи. Во него членуваат повеќе од илјада членови, а во овие дваесетина години има организирано      околу 90 целовечерни концерти, над 200 пати настапило на разни приредби, прослави, национални празници и цркоовни манифестации.  Друштвото било гостин на Републиката и било учесник на фестивалот „Илинденски деновиа во Битола, а учествувало и на „Шел фестивалот“ и на „Етничкиот фестивал“ во Канбара“.

Привременото престанување на печатењето на овој весник, не значеше крај. Повеќе пати се правеа обиди за повторно покренување. Така, во ноември 1991 година, се направи обид за продолжување на животот на „Македонскиот весник“ и е отпечатен еден број. Новиот број по форма, а и неговото клише на главата е ист како и претходните броеви. Тој е отпечатен со современа компјутерска техника на 16 страници, во кој преовладува македонскиот јазик, а има текстови и на англиски јазик. Весникот го уредија Кире Циревски и Снежана Митревска, поранешен новинар во „Вечер“ од Скопје, која ги      уредуваше македонските страници во весникот „Ново доба“ од Сиднеј во кој од 1975 година се пренесуваат куси вести, информации и други текстови за Македонија и за макеоднските доселеници). Новиот број на „Македонски весник“ е посветен на посетата на претседателот на Владата на Република Македонија д-р Никола Кљусев и министерот за информации г. Мартин Треневски на Австралија. Во него се поместени и други текстови за активностите на богатиот живот на Македонците во Сиднеј.

vesnik-1985

Гласилото  „Весник“ е јубилејно издание на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, а по повод 25- годишнината (1960—1985) на Македонската православна црква „Св. Горѓи“ од Мелбурн. Отпечатено е на 36 страници, без корици, на формат списание 21×29 см. на македонски јазик со латиница и кирилица. Списанието го уредиле членови на управата на Црквата, а цената на чинењето е 1 долар. На наслов- ната страница е псместена фотографија на Македонската правоолавна црква „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, а насловот е на македонски со латинично писмо.

Во овој број е објавен текст кој се однесува на историскиот јубилеј на првата Македонска православна црква во странство „Св. Ѓорѓи“, при што е дадена и Одлуката за отворањето на црквата и назначувањето нејзии свештеник, испратена од архиепископот Охридски и Скопски и прв митрополит Македонски г. г. Доситеј. Во продолжение се поместени текстовите за изградбата на црквата, за пречекот на делегацијата на Македонската православна црква во Мелбурн, опширен текст за осветувањето, како и пропаганден текст по повод 25-годишнината и богатиот живот на Македонската православна црква „Св. Ѓорѓи“, илустриран со голем број фотографии. Исто така, е поместен пригоден текст по повод 1100-години од блаженото упокојување на свети Методиј Солунски.    

sv-gjorgji

Посебен простор е посветен на Илинден-националниот празник на Македонците, потоа за македонското дополнително училиште „Браќа Миладиновци“, во кое 150 ученици учат на македонски јазик, за КУД „Светлост”, најстарата македонска фолклорна група во Мелбурн и една од првите во иселеништвото, за Македонскиот културно-прооветен центар, за македонската старска организација и за други активности.

На последната страница е објавена програмата по повод јубилејната прослава, како и други соопштенија за активностите што следат во наредниот период.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top