Дијаспора

Гласот на Македонците од Егеј на петтиот континент (20)

united-macedonia

united-macedonia

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Весникот „Глас на егејските Македонци“ се појави во мај 1986 година, на 4 страници, на формат 29 х 42 см., како орган на Движењето за човечки и национални права за Македонците во Егејска Македонија. Него го издаваше Информативниот одбор во координација со Централниот организационен комитет на Комитетот за македонски и човечки ирава (ЦОК за МЧП), чиј главен редоктор на весникот беше извесен Михајло Горноселов.

Клишето на главата од весникот е на македонски јазик, а некои текстови се печатени, покрај македонски и на англиски и на грчки јазик. Во кусиот вовед на Редакцијата во првиот број, покрај другото, се вели: „ЦОК за МЧП е форхмиран кон средината на септември 1984 година во главниот град на Македонија  – Солун, а на 3 октомври истата година се јави во јавноста со овој манифест во кој се изнесуваат основните барања пред грчките власти и ја запознава светската јавност со тоа. Движењето со својот проглас постави пред грчката влада и грчката јавност шест барања кои беа објавени во оригинал во сите грчки и ред странски весници,, а по решение на ЦОК за МЧП ја повторуваме публикацијата на истите материјали само на македонски јазик во првиот број, со цел да се запознаат и Македонците со тие материјали“.

glas-za-egejot
„ГЛАС НА ЕГЕЈСКИТЕ МАКЕДОНЦИ”
(1986 – 1987)  – МЕЛБУРН

Во првата година се отпечатени три броја, а четвртиот број се појави во втората година во јануари 1987 година, на ист формат и со слична содржина. Бројот 5, пак, излезе во август 1987 година, чие клише на главата е модифицирано. Имено, најпрво името на весникот е дадено на англиски јазик, а потоа на македонски. Од лево е амблемот на ЦОК за МЧП, а од десно знаме од античко време со 16 краци. Весникот е печатен на 8 страници на формат 29×41 см. Во кусиот вовед, покрај другото, се вели: „Весникот е повремена публикација, а има за цел да ја инфојрмира јавноста и македонската заедница со настаните околу македонските организации и нивната борба за добивање човечки и национални права за Македонците од Егејска Македонија во сегашните граници на Грција“.

Потписник на воведот е Австралискиот поткомитет за македонски човечки права. Весникот го уредил Одбор во состав: Џон Нитсон, Стојан Србинов и Бил Коциос, а Филип Антон е технички уредник. Весникот е печатен во Македонската компанија за печатење и публикување од Мелбурн. Во овој број е поместена етничката карта на поделена Македонија, под која стои текстот за македонските национални граници, потоа текстот за покренувањето на прашањето за правата на малцинетвата во европските земји, меѓу кои и правата на Македонците во Грција, доставен до Европската заедница, како и текст за мешањето на грчките власти во австралиските етнички работи, што е даден во продолжение на неколку страници.

Бројот 6, пак, кој се чини е последен, е отпечатен во декември 1987 година, на 8 страници и на ист формат и глава како предходниот. Посебен простор во овој број е посветен на текстот кој се однесува на одржувањето на таканаречениот „Македонски конгрес“ во Мелбурн од страна на грчката пропагандна машинерија.

makedonski-vesnik
МАКЕДОНСКИ ИЛИНДЕНСКИ ВЕСНИК“ (1986) — МЕЛБУРН

Весникот е орган на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија „Св. Горѓии, отпечатен и на 16 страници на формат 29×41,5 см. на македонски и англиски јазик со латиница, а само преземените текстови ое со кирилица. Тој излезе во август 1986 година по повод илинденските празнувања.

Во него се поместени текстови за Илинден илустрирани со фотографија на Гоце Делчев, за трагичната омрт на архиепископот Охридски и Македонски гјг. Ангелариј, како и информацијата за антимакедонската пропаганда во Грција во која, покрај друтото се вели дека таа пропагапда се пренесува во Австралија и дека претставува директен напад врз официјалната мултикултурна политика на таа земја. Под сличен наслов е поместен текст и на англиски јазик. Од изворните текстови треба да се истакне оној што се однесува на црковниот живот и активностите на Македоиската православна црква „Св. Горѓи.а

knigi-katin

Поголемиот број текстојви на македонски и на ангдиски јазик се преземени од весници и списанија што се печатат во Републиката, а кои се однесуваат на реагирањата во средствата за јавно информирање против антимакедонската пропаганда во Грција.

Исто така во весникот е отпечатена и Резолуцијата од масовниот собир на Македонците од Мелбурн, одржан на 3 август 1975 година, која се однесува на грубото и неосновано   негирање на постоењето на Македонците во Пиринска Македонија и во општо во Бугарија, ипратена до партиските лидери и до Владата на Бугарија, а содржи и други вести и информации.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top