Дијаспора

Гласила на Македонската обединета општина на Западна Австралија (21)

mpa21

mpa21

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Гласилото „Наш  свет“ започна да се печати во септември 1986 година како орган на Македонската обединета општина на Западца Австралија (инкорпорација). Него го уредуваше редакциски одбор чиј главен и одговорен уредник беше истакнатиот иселеник Сашо Цветкоски, а членови на Одборот Зоран Ќосески и Милорад Јакимов. Првиот број од „Наш свет“ содржи дваесет и осум страници на формат 19×29 см. Се печатеше на ли- тературен македонски јазик со кирилица, а имаше текстови и на англиски јазик, како и материјали преземени од весници и списанија што се издаваа во Република Македонија, кои се однесуваат на историското и културното минато на македонскиот народ и Македонија.

Во воведната статија од првиот број се вели: „Гласилото „Наш свет“ се планира да излегува еднаш месечно, со цел да ги запознае членовите на Обединетата општина и другите Македонци со постигнатите успеси на организацијата. Затоа се планира постојано да се објавуваат најактуелните вести од животот во Австралија и оние што се однесуваат на доселениците, како и вести и информации од старата татковина Македонија, и тоа од социјалниот, културниот, црковниот, забавниот, спортскиот и другиот живот на македонските доселеници во Перт. Весникот е одлучено да се печати на македонски и англиски јазик“.

Вториот број од „Наш свет“ ое појави во октомври 1986 година на ист формат, на 26 страници, со поиздржана содржина и е подобро технички уреден. И во овој број е поместен вовед, но овојпат на македонски и ангиски јазик, во кој, меѓу другото, се вели дека вториот број на „Наш свет“ е посветеи на, 11 Октомври, големиот празник на македонскиот народ. Покрај другите поместен е и текст на англиски јазик што ја дава личната карта на Макадонската обединета ошптина ,на Западна Австралија (инкорнорација). Таа е формирана, се вели во текстот, на 24 март 1985 година и претставува еден вид продолжение на спортскиот клуб „Вардар“ и на Македонската православна црква „Свети Никола“, каде што има над 1500 членови, додека во фолклорната група „Илиндена бројот на вљубениците во македонското оро и песна достигнал до 106 членови.

,,НАШ СВЕТа („OUR WORLD) (1986—1987) — ПЕРТ

nas-svet

Третиот број од весникот „Наш свет“ се појави во декември 1986 година на ист формат, а на 24 страници. Во воведната статија Редакцискиот одбор, кој се зголемил уште со соработниците: М. Јакимов, М. Спиркоски, Ј. Томов, К. Вртески, Д. Талимгиоски и Д. Гусакоски, на сите читатели им ги честита Нова година и Божик со најубави желби и информира дека Општината планира да започне со изградба на новиот Клупски центар, кој ќе биде средиште на сите активности за Македонците во Западна Австралија.

Бројот четири на „Наш овет“ е отпечатен во 1987 година, со нов формат (35×25 см.) што се применуваше и кај идните броеви. Од четвртиот број квалитетот на публикацијата се подобри и по форма и по содржина, Како и во претходните броеви и во овој е поместн воведник, но овојпат само на англиски јазик, во кој, покрај другото, се наглаоува: „Македонската обединета општина во Западиа Австралија има за цел да го обедини македонското население во Перт и во Западна Австралија. Во текот на овие две години од постоењето оваа асоција-ција станува посилна и има значајна улога во севкупното жи- веењеи.

Бројот пет од 1987 година е посветен на 84-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, кој во својата рана младост го даде животот борејќи се за слободна Македонија, а бројот шест од 1987 година е посветен на Илинден, најголемиот и најзначајниот светол ден на македонскиот народ. Во овој број има голем број текстови и на англиски и на македонски јазик кои се однесуваат на историјата и културата на македонскиот народ, писма од австралиската влада до Обединетата општипа по повад илинденските празници, вести од светот, од Македонија, од Аветралија и од Македонската заедница во Перт.

Од бројот седум од 1987 година весникот ,;Наш свет“ го смени името во „Македонска мисла“, но и понатаму остана орган на Македонската обединета ооштина. На овој број на насловната странида е поместена фотографија на Гоце Делчев и етничка карта на Македонија, како и глобусот на целиот свет. Тој е на ист формат како и претходните броеви на „Наш овет“ (35 х 25 см) но на 24 страници. Бројот седум на публикацијата, сега со ново име „Македонска мисла“ е посветен на 11 Октомври. Во него се дадени материјали и бројни фотографии за новиот Македонски обединет општински центар во местото Блага кој започна да се гради на 20 септември, 1987 година. Во овој број стои дека главен и одговорен уредник е С. Дветкоски, а помошник уредник е 3. Ќосески, членови на Одборот се М. Јакимов и М. Спиркоски додека фотограф, односно фоторепортер е Д. Гусакоски.

kar-mk

Бројот осум од 1987 година е печатен на 20 страници, а е посветен на Новата година. Во него се поместени текстови за активностите на фолклорната група „Илиндена, потоа текст за македонските иоеленици во прекуокеаиските земји, одбрани четива за најмладите и други материјали, вести и информации.

Во текот на 1988 година е отпечатен само еден број иа „Македонска мисла“ посветен на 85-годишнината од Илинденското востание и формирањето на Крушевската република, како и на 44-годишнината од создавањето на македонската држава – Република Македонија.

Во 1989 година е отпечатен исто така само еден број со ист формат како и претходните броеви, на 28 страници. Овој број десетти по ред донесува материјали за изградбата на Центарот, за Македонската православна црква; за Гоце Делчев, односно за 76-годишнината од неговата смрт; како и за посетите на оиштината. Посебен простор е даден на Посланието од поглаварот на Македонската православна црква г.г. Гаврил испратено до свештенството и преподобното монаштво и верниците на Македонската православна црква. Од 1989 година не е отпечатен друг број, но се прават напори во обединетата општи- на ова значајно гласило повторно да излегува.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top