Дијаспора

Весникот „Австралиско – македонски неделник“ – темелник на македонско информирање (22)

amw

amw

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

„Австралиско-македонскиот неделник“ од Мелбурн е мошне значаен, ако не и најзначаен, македонски неделник во иселеништвото започна. Тој започна да се печати на англиски и на македонски јазик и претставува вистински афирматор на македонската култура, литература, јазик, историја, спортот и другите традиции. Во исто време, со ширењето на вистината за Македонија, за македонскиот народ и за македонското иселеништво, весникот претставуваше и сега претставува еден од трите најзначајни и најтиражни етнички гласила во мултикултуриа и демократска Австралија.

Првиот број на „Австралиско-македонски неделник“ излезе јна 6 мај 1988 година. Тој е отпечатен на 20 страници, на формат 29×42 см. со паралелни текстови на англиски и на македонски јазик. Клишето на главата на весникот е исто така на двата јазика, во средината го содржи глобусот на светот од кои полетуваат три гулаби, како симбол на мир и пријателство. Цената на весникот е еден долар, а се дистрибуира во сите македонски колонии ширум Австралија и во многу места во оветот. Во воведот на втората страница даден на двата јазика, покрај другото, се вели:

„Ги поздравуваме нашите читатели на првиот број на овој весник, кој одбележува нов правец во македонскиот печат во Австралија. Нашата намера е да подготвуваме вредни и потребни информации за читателите. Всушност, весникот ќе биде македонски, но за да биде пошироко прифатен ќе има содржини и на англиски јазик. Ниту една етничка група не живее изолирано во Австралија и ние се надеваме да шириме солидарност со групите кои се интересираат за прогресивен напредок на Австралија, преку „соединување на разликите“, за кои често зборуваме и кои ќе бидат основната австралиска придобивка за мир во светот. Ја избравме оваа позитивна и конструктивна намера за да овозможиме комуникација и информација за потребите на македонската заедница… Гледајќи ја мачната и тешка македонска историја, не треба да го изненади никого тоа што: мирот и човековите права ќе бидат приоритетни за весникот“

Весникот во почетокот го уредуваше Редакциски одбор составан од Џим Томев, Крсте Наумовски и Питер Коронеос, а менаџер за рекламите беше Анџело Патера, еден од сопствениците на весникот. Првите четири години главен и одговорен уредник и еден од сопствениците на весникот од мај 1988 до де- кември 1990 година беше доблесниот иселеник Џим Томев, интелектуалец, драматург и патриот, по потекло од селото Кабасница, Леринско.

Исто така, огромна е улогата и придонесот на бројните ентузијасти, интелектуалци и истакнати македонски иселеници, како и многубројни соработници од Австралија, Канада, Шведска и од Републиката, меѓу кои и авторот на овие редови Славе Катин, кој беше акредитиран новинар од Република Македонија за „Австралиско- македонски неделник“ во период од четири години. Сите тие со своите текстови за активностите во своите средини и за постигнувањата на Македонците во целина во годема мера ја збогатуваа содржината на весникот и ја афирмираа македонската заедница на новите простори ширум светот.

amw-2
„АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКИ НЕДЕЛНИК“
(„THE AUSTRALIAN – MACEDONIAN WEEKLY“)
(1988) – МЕЛБУРН

Во првиот број, а сличен распоред на рубриките има и во наредните бпоеви, се застапени, односно е направена следната структура: „Писма до уредникот од читателите“, „Политички анализи“, „Новини од заедницата“, „Култура и историја”. Образование и јазик“, „Литература“, „Катче за младите“, „Наша градина“, „3доавје“, „Човечки права“, „Луѓе“, „Промени во заедницата“, „Македонски дом“, „Економија”, „Бизнис“, „Лични објави“ и „Спорт“. Во периодот на првите четирите години се отпечатени 176 броја, во обем од 20 до 80 странипи на ист формат.

Весникот е убаво графички обликуван, илустриран со бројни фотографии од животот и активностите на Македонците во Австралија, во Републиката и воопшто во дијаспората, а постојано се поместуваат голем бро] рекламно-пропагандни материтали не само на деловни луѓе од македонско потекло. туку и на фирми што ги поседуваат сопственици од разлинни етнички групи на петтиот континент, што зборува за деловноста, за составот и бројот на читателите. Тиражот на весникот осцилираше и се движеше од пет до десет илјади примероци.

Притоа, неизлегувањето од декември 1990 до мај 1991 година на „Австралиско- македонскиот неделник“, беше последица на финансиската состојба, како и на приликите на целокупното живеење на македонските иселеници на тие демократски австралиски простори.

Од мај 1991 година весникот започна ;да излегува под исто име, со модифицирано клише на главата, а сопственик стана брачната двојка од Скопје Александар и Павлина Георгиевски, Во текот на 1991 година се отпечатени триесетина броеви од „Австралиско-македонски неделник“, на помал број страници, на ист формат како и претходните броеви. Во новите броеви се поместени бројни позајмени текстови од други гласила, особено од Републиката.

amw-3

Весникот „Австралиско-македонски неделник“ во периодот од четири години на своето излегување, а и во иднина ја продолжи истата улога, да има значаен придонес во афирмирањето на македонскиот јазик, култура, традиции, бидејќи неговата содржина го привлекува читателот. Во него особено е изразена љубосвта и поврзаноста на доселениците од македонско потекло кон родната земја Македонија и кон новата татковина Австралија, без разлика од кој дел од етничка Македонија или потекнуваат од други простори.

Тој обилува со карактеристични наслови кои во голема мера придонесуваат за создавање слика на актуелните моменти од животот и активностите на македонските доселеници во новата срецина, афирмирајќи ги макадонеките друштва, клубови, фолклорни групи, дополнителните и етничките училишта, библиотеките, селските асоцијации, фудбалските екипи, културно просветното живеење во македонските православни црковни општтини и др. Со еден збор, тој ја одигра улогата, а и во иднина е еден вид „огледало кон светоти за голем број иселеници во Австралија и еден од водечките македоиски весници во дијаепората.

Една од значајните улоги на весникот „Австралиско-македонски неделники во периодот кога го уредуваше културологот и македонистот Џим Томев, беше тоа што тој беше собиралиште на македонските интелектуалци, особено на втората македонска генерација во Австралија, кај која, покрај љубовта кон родната земја Австралија, се јавува силна љубов и поврзување со дедовските корени во Македонија.

Тие тоа го покажаа и докажаа во бројните текстови објавени во весникот, преку активното формирање на македонски асоцијации и партиципација во австралиското општество, при што ги афирмираат богатите македонски литературни, историски, нациовални и други традиции и претставуваат еден жив мост меѓу двете култури; на македонската донесена од нив и на мултикултурната во демократското општество во Австралија, каде што Македонците ги уживаат сите социјални и национални права и се значаен дел на тамошното австралиеко општество.

 Во „Австралиско-македонски неделник“ се промениле повеќе сопственици и уредници, меѓутоа, голема заслуга имаат Џим Томев, Златко Блаер, Љупчо Станковски, Александар Пашкин, Маргарита Василева и други. И денес „Австралиско – македонскиот неделник“ под раководство на Божин Павлоски со своите соработници игра многу значајна улога во севкупното информирање на Македонците од сите делови на Македонија на петтиот континент

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top