Дијаспора

Македонците во Канада со Семакедонски собир за унитарна Македонија

unitarna-makedonija-kanada-1

5 март 2017 година, Торонто, Канада – Денес во големата банкетна сала на Македонската православна црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто, а во врска со политичката криза во Македонија, се одржа Семакедонски собир за унитарна Македонија.

unitarna-makedonija-kanada-1

На Семакедонскиот собир присуствуваа повеќе од 600 Македонци од цела Канада, управите и членовите на црковните општини, македонските организации и здруженија.

Македонците во Канада изразија сериозна загриженост за политичката криза во Македонија и дадоа силна поддршка на унитарноста и државноста, истовремено отфрлајќи ја двојазичноста и федерализацијата на татковината.

makedonskata-zaednica-vo-kanada-2

Пред присутните зборуваа македонската активистка Соња Павловска, претседателот на Македонска Црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто Чедо Миленковски, претседателот на Организацијата “Обединети Македонци во Канада“ Мендо Бакаловски, и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес за Канада и Заменик Претседател на Светскиот Македонски Конгрес Боби Темелков.

Семакедонскиот собир го поздрави и Генералниот конзул на Република Македонија во Торонто Јовица Палашоски.

Претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Канада Боби Темелков ја прочита Декларацијата на Македонската Заедница во Канада.

Во декларацијата се вели: “Во овие историски моменти, кога опстанокот на нашата татковина е доведен во прашање, заради грубо надворешно мешање во внатрешните работи на земјата, Ние, Македонците од Канада, изразувајќи длабока загриженост за случувањата, го повикуваме Македонскиот народ и другите етнички заедници во земјата на единство, а политичките партии на разумно однесување заради заштита на унитарноста на Македонија.

makedonskata-zaednica-vo-kanada-3

Историските искуства укажуваат дека секогаш меѓународниот фактор бил замешан во решавањето на македонското прашње, секогаш биле носени решенија на штета на Македонците, без да се почитува неговата воља. Сега, кога во прашање е доведено името, идентитетот, унитарноста и сувереноста на Македонската држава, ние Македонците од Канада како нераскинлив дел на Македонскиот народ, укажување на следното:

(1) Македонија е држава на Македонсиот народ како единствен носител на државноста, во која сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите, независно од социјалниот статус, етничкото потекло, верското уверување и партиската припадноаст!

(2) Да се спречи секаков обид за федерализација и воведување на втор јазик како службен на целата терироија на Македонија и во нејзините меѓународни односи!

(3) Го повикуваме целиот демократски свет да ја поддржи унитарноста и државноста на Македонија!

(4) Да се отфрли секаква размисла за промена на името, знамето, грбот и химната!

(5) Да се стави крај на разговорите за името меѓу Македонија со Владата во Атина и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под уставното име Македонија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна дистинкција од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик!

(6) Независно од историските хипотеки – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година, да се продолжи со развивање, надминување на недоразбирањата и зголемување на соработката со соседите за виталните интереси кои ги оптоваруваат народите на Балканот!

(7) Да се изврши попис на населението во Македонија!

(8) Да се отфрли владина коалиција којашто нема да ја почитува оваа Декларација!

(9) Повикуваме на семакедонско помирување и обединување, затоа што силата е во единството, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

(10) Декларацијата се доставува до: Организацијата на Обединетите Нации, Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Руската Федерација, Народна Република Кина, Република Франција, Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска, НАТО, ОБСЕ, Советот на Европа, како и до властите во Канада и Македонија.“ – се вели на крајот од Декларацијата за унитарна Македонија.

makedonskata-zaednica-vo-kanada-4

Поздравна телеграма до Семакедонскиот собир испрати претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, во којашто се вели: “Почитувани браќа и сестри Македонци, во името на Светскиот Македонски Конгрес, како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, упатувам искрени поздрави до организаторите и учесниците на Семакедонскиот собир за унитарна Македонија! И покрај сите разлики меѓу нас Македонците, и во татковината и во светот, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Поради тоа, Ве повикувам на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација, затоа што силата е во единството! Ве повикувам на одбрана на унитарноста и на државноста на Македонија! Ве повикувам на одбрана на македонскиот јазичен простор во државата Македонија! Останете лојални државјани на Канада, но никогаш не ги заборавајте вашите корени во Македонија и бидете горди и достојни Македонци! Нека Господ Бог Ве благослови сите Вас, нека Господ Бог ги благослови Македонија и Канада! – се вели на крајот од поздравната телеграма до Семакедонскиот собир од претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top