Дијаспора

Аргентина – чудесната земја за прошетки, убави денови, разонода… (3)

argentina3-1

argentina3-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – АРГЕНТИНА

Во Буенос Аирес човек не може да биде незаинтересиран и рамнодушен. Градот привлекува и освојува со карактеристичните градби и стилови, со таа колку разноликост, толку убава нишка која го сврзува минатото и сегашноста, со многуте споменици, со долгите авении, паркови, плоштади, кејови ресторани и кафулиња, со еден збор: динамика која домородното население го спојува со многубројните туристи. А, туристи во Аргентина има од цел свет. Во оваа глобализација, особено категоријата на оние кои можат да ги „растегнат нозете“ по светот од Северна Америка, Аргентина е вистинското место за прошетки, убави денови, разонода…

Во оваа пригода треба да кажеме дека пред нашето патување во Аргентина имавме контакти со едно македонско семејство во Буенос Аирес. Затоа, еден ден во хотелот не посетија тие наши далечни роднини – аргентински Македонци по потекло од Преспа. Тие заминале за Аргентина уште пред Втората светска војна, но не ги заборавиле дедовските корени.

За жал, никогаш дотогаш не се вратиле во Македонија, меѓутоа,  во себе ја задржале питомата Преспа и сино–сребреното езеро. Долго разговаравме за Македонија, за нивните роднини, за нивниот имот во Преспа, за нивното минато и сегашност, за сè она што нив ги интересираше. Средбата и разговорот беа трогателни. Им потекоа солзи кога им кажувавме за Преспа, за сегашноста за вистината за Македонија и македонскиот народ од Преспа ширум светот. Тие беа љубезни, културни, тивки по природа и воспитани Аргентинци. Кога ги прашав за македонскиот народ во таа далечна земја, нè информираа дека во Аргентина има малку Македонци. Поголемиот број од нив биле заминати од родната земја пред многу децении и се интегрирале во новото општество.

argentina3-2
Театар во Буенос Аирес

Така, многумина од нив, гурбетџиски од различни поводи и причини  кинисале на патот на непознатото  од Преспа, Богданци, Прилеп, Битола, Лерин и  други места во Македонија за да направат македонско гнездо на другата страна на Земјината топка – во Аргентина. Но, иако тие векуваат во оваа далечна земја, повеќето и не се одродиле, не заборавиле од каде се. Тие со гордост зборуваат за своето потекло, за своите македонски корени и прават сето тоа да биде пренесено, да биде аманет на оставнината на нивните потомци во овие јужно американски простори.

Инаку, како што бевме информирани од нашите домаќини, Аргентина е осма земја по големина на  мапата на континентите, а триесетта според нејзините четириесетина милиони жители. Таа е распослана во својата долгнавеста линија, до глечерите на југот од Јужна Америка, а низ Патагонија се испреплетуваат најразлични временски и климатски зони, четири жетви, како и многу уникатна флора и фауна.

Аргентина ја заградува планинскиот венец на Андите и водените пространства на Атлантскиот Океан. Многуте планини и реки и рамнини, како и Патагонија, ја прават оваа земја богата со суровини, со руди, земјоделски производи и е привлечна дестинација за светските глобалисти.

Кога човек ја има можноста да ужива во убавините, тогаш се користи секој миг за да се види и доживее што повеќе, за да се запамети и понесе со себе што побогато сознание и трајни впечатоци. Не можевме да останеме рамнодушни на динамичниот живот, на многуте културни настани, на фудбалските еуфории, на тоа кога крај океанскиот брег млади и стари, играат танго и се забавуваат во ритмот на латино – звуците. Тоа е, всушност, чудесна сторија на традицијата на отворено.

argentina3-3
Стадионот во Буенос Аирес

Кога се зборува за природните убавини на Аргентина треба да се каже дека дел од природната граница меѓу Бразил и Аргентина, во нејзините северни поднебја, ја исцртуваат едни од највеличествените, најполноводните, најатрактивните водопади на планетата – волшебните водопади Игуасу. Кога човек ќе застане пред тоа чудо на водената симфонија, едноставно, ќе занеме и ќе биде понесен од магичната моќ на мајката природа. Дури 275 водопади се испреплетени низ џунглата во која има десетици животински и со илјадници растителни видови кои се карактеристични за овој дел од континентот.

Реки од луѓе од сите меридијани доаѓаат за да уживаат во оваа уникатна убавина. Притоа, не може да се опише чувството кога ке се застане на платформата, а од спротива на само десетици метри, секоја секунда се струполуваат милиони литри водена маса. Најатрактивен е водопадот со име „Грлото на ѓаволот“! Кој му го дал името не погрешил. Токму така може да се нарече таа водена мистика која се распостила пред очите на посетителот. Кога се стои и додека се гледа како удолу во воденото вулканско грло врие, се чини дека човек е во поинакви времиња.

Мар дел Плата, пак, е туристички бисер каде среде лето нормално е да врие како во кошница. Распослано на брот на Атлантскиот Океан ова монденско одморалиште заслужува да биде меморирано во некои наши сеќавања на незаборавот, бидејќи, навистина, е доста специфичен и латино-американски несекојдневен, карактеристичен град по многу нешта. Од рано утро со  часови одевме низ долгите песокливи плажи кои се недогледни, и веќе не се чудевме кога пред нашите нозе големите бранови од океанот исфрлуваа на брегот фоки, морски лавови, риби  или малечки ајкули.

На крајот од аргентинското лето и европската зима, ние заминуваме од оваа голема, интересна и убава земја. Авио „друмовите“ не водеа кон Виена, а оттаму кон нашата Македонија. За време на долгиот лет по повеќедневниот престој во Аргентина, ги прелистувавме впечатоците за прекрасно поминатото време, за доживувањата, посетите, тангото и откривањето на цели непознати страници од чудесната  аргентинска земја.

Крај

slave-katin-argentina
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top