Дијаспора

„Македонија – не те забораваме“ од Иван Трпоски

ivan-kniga

КОН КНИГАТА:  (Во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ (Сиднеј, 2016))

Во предговорот на книгата „Македонија-не те забораваме“ од познатиот журналист, пријател и аналитичар на македонската дијаспора, Фиднка Танаскова, стои: „Моќта, со симфонично ехо на безвременоста е авторовата реч на овие страници. Книгава е сага за македонскиот вознес. Таа е исклучителен времепловен документариум, трезор на незаборавот за настани, времиња, места, акции и личности од поднебјето на библиската македонска земја и од земјата на неговиот животен пристан – далечната Австралија отаде екваторијалниот појас.“

ivan-kniga

Описот за содржината на книгата е даден во еден параграф иако предговорот опфаќа три страници, но еве и јас како долгогодишен надгледувач на делото на Иван Трпоски, од самиот почеток би рекол, сакам да дадам еден опис или анализа на ова дело кое е прво од ваков вид објавено во дијаспората.

Од досега издадените дела (со издадени 18 наслови зад себе, воглавно поезија и патописи) Иван укажува декој тој е еден од најпролифичните (плодоносните) автори во дијаспората. Се очекува набргу да се објават и неговите антологиски дела како 40 години од архивот на Друштвото „Григор Прличев“ и неговото автобиографско дело.  Тој е признат поет и наградуван со престижните награди „Иселеничка Грамота“ од Матицата на иселеници од Македонија и „Стојан Христов“ на СВП. Исто така награди и признанија добивал во Австралија за поезија и своите општествени работи во македонската заедницата во која активно е вклучен 40 години, а најзначајната е Медал за заслуга за Македонија од претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов. Но најважната награда за него и за нас е оваа книга што тој денес ни ја нуди, а тоа е книгата „Македонија-не те забораваме“, тоа е награда токму од Иван Трпоски за македонската заедница или дијаспората, за поединците-активисти кои се застапени во книгата, организации и воопшто патописни-есеистички набои и вознеси забележани во печатот и веб страниците, битни за македонската нација.

Како пример да го земам поетот Григор Прличев и споредба да направам со поетот Иван Трпоски. Преку „Биографијата“ на Прличев се дознава, не само за животот на поетот туку и за животот на Охриѓани и на Македонците во периодот кога тој живееше. Индирекно, Прличев се јавува како хроничар-историчар, не верувам Прличев имал намера да биде историчар, а наши историчари во тоа време и немавме – историјата на Македонија ја кроеа други луѓе, за кои Прличев пишуваше.

Иван Трпоски првенствено се јавува како поет но неговите први автобиографски дела, неговите патописи: „По патот на сонцето во Македонија“, „Македонија моја татковина“, биографската книга за неговиот брат Спасе Трпоски како и историската „Македонски демонстрации во Австралија“ се дела што ќе останат вечно да се читаат и проучуваат од подоцнежните генерации. Тука врвно место ќе завземе оваа книга – таа многу лесно може да застане на педастолот на неговата опсежна креативност, како журналист-хроничар на македонските збиднувања и како историчар со четива за животот на Македонците во Австралија.  Како и во времето на Прличев така и сега ние во Австралија немаме историчари, но имаме истражувачи-хроничари на некои аспекти од политичкиот живот на Македонците во Австралија. Тука како пример би ги зел делата на Пита Хил кој преку владата на Австралија издаде книга за Македонците во Австралија, на Ицо Најдовски кој издаде две книги во кои се осврнува посебно на Македонците во Мелбурн и Викторија и неколкуте книги на Јанко Томов од Бризбан – Квинсланд кој ни дава повеќе текстови и гледишта за политичките/идеолошките раздвижувања во македонската заедница во Австралија како и на Благој Божиновски и Владо Крстевски кои пишуваат за животот на Македонците во Њукастел, Нов Јужен Велс.

Со ова книга на Трпоски, која спаѓа во редовите на журнализмот, поради новинарските статии објавувани во повеќе весници, списанија и веб страници, Иван станува (несакајќи) историчар, хроничар на македонската заедница.

Со написи како оние што се за крштевање, венчавање и јубилеи ни ги открива животите на тие личности и нивните радосни моменти. Со написите за македонските организации опишува што во македонската заедница се организирало, славело и постигнувало, се афирмирало и за тоа каква мисија имале тие организации. Тука има прилози во кои тој истражува, информира за настани, прави интервјуа со личности и репортажи и анализира но и сите нас не повикува, ни препорачува, го кажува мислењето и поттикнува на освестување, повикува на борба кон зачувување на она што нас ни е најсвето – јазикот, културата, религијата – зачувување на македонскиот идентитет. Исто се јавува како активист, лобист кој испраќа писма и повикува на демонстрации, како поборник – патриот но и како хуманист – поет кој сака во секој напис да го каже своето мислење, да даде предлог и да вметни некое прашање кое читателот треба да си го одговори да го расветли за свое добро и за доброто на македонската заедница и иднина.

Иван неколку децении со својата плодна работа покажа дека е бескомпромисен борец и афирматор на нашите национални вредности. Објавувањето на ова дело ја покажува творечката сила и слика на авторот и сликата на она што толку успешно со децении го афирмира, а тоа се настаните кои се битни и важни и имале влијание во културниот, политичкиот, религиозниот, патриотскиот и националниот живот на Македонците во Австралија.

На крајот да сумирам дека, книгата „Македонија – не те забораваме“ не е поетски избор како што веќе има издадено двојазично, туку е журналистички избор на написи во која се вметната 120 оргинални написи – скенирани од самите весници и 80 електронски записи кои исто беа објавувани во весниците и веб-страниците. Книгата „ Македонија-не те забораваме“ е вредна не само колку што вложил труд и работа самиот автор туку и колку од читателот се цени неговиот труд и работа. Ова е лесно читливо четиво кое не враќа во минатото, сегашноста и ни ја покажува иднината – дека ние како заедница, како нација нема да постоиме доколку не го негуваме нашиот јазик и култура, доколку не го забележиме и не се гордееме на она што се случува во заедницата и што го твориме во името на нашето постоење како луѓе потомци на нашите претци и луѓе потомци на нашите идни поколенија.

Со надевам дека Иван Трпоски ќе продолже да биде присутен во сите медиуми да ги афирмира, овековечува и овеколичува културните збиднувања на Македонците во Австралија и пошироко каде тие живеат.

м-р Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top