Дијаспора

Во чест и слава на големиот македонски просветител и духовник (25)

sv-kliment-25

sv-kliment-25

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Списанието „Св. Климентово слово“ се појави 1990 година како периодична публикација и орган на Македонската православда епархија во Австралија. Првиот број е издаден во април, на 20 страници среден формат (20,5×29,5 см), и две корици, а го издава Епархискиот управен одбор при Австралиско-македонската православна епархија со седиште ао Мелбурн. Главен и одговорен уредник е прота Спасе Стефановски, а му помагаат и со свои текстови се јавуваат македонските свештеници од цела Австралија. Во редакцискиот одбор се и прота Атанас Станковски, свештеникот Среќко Димитриевски и истакнатиот иселеник Васил Мојанов.

Во воведната статија што е поместена на третата и четвртата страница, покрај другото, се вели: „Потребата за едно гласило на Македонската православна епархија се почувствувала многу одамна, за што се правени обиди овој простор на македонските православни црковини општини да биде исполнет со информации, кога како од една душа ќе се искажуваат чувствата на македонската и верската припадност.

Иницијативи за покренување на вакво списание се имаат покренувано на речиси сите собранија на Австралиско-македонските православни епархии, но дури сега се остварија надежите и очекувањата на сите оние што одамна го чекаат ова списание како благовестител на она што е благородно, возвишено и добротворно. Списанието „Ов. Климентово слово“, покрај написите со религиозно поучна содржина, ќе објавува и текстови за македонската црковно – национална историја, за животот и работата на црковните општини со сите облици на дејствување, за Епархијата и Македонската правоославна црква во целина, а ќе биде отворено за сите други македонски асоцијации чии форми на организираност остваруваат активности што  помагаат на  црковно-народ- ното дело на Македонската православна црква“47.

sv-klimentovo-slovo
СВЕТИ КЛИМЕНТОВО СЛОВО
(1990 —) — МЕЛБУРН

На првата корица од првиот, а и во другите пет броеви колку што се излезени, е поместеи ликот иа свети Климент Охридски, а на втората тропарот за Климент. Во продолжение се презентирани текстови од црковен карактер, како што е оној за Христовото воскресение и за голготата, потоа опширниот текст за триесетгодишнината од животот и работата на Македонската православна црква во Австралија, како и осветувањето на Македоискиот центар во Перт на 12. 11. 1989 година.

Вториот број на списанието „Св. Климентаво слово“ од август 1990 година е илинденски број и е посветен на 30-годишнината на првата Македонска православна црква, „Св. Горѓи“ во Мелбурн. Во овој број се поместени пригодни текстови за големиот верски и национален празник Илинден и за успешните 30 години на МПЦ „Св Ѓорѓи“, во кои се извршени 6.000 крштевки и 3.500 венчавки. Исто така има и текстови и за одржувањето на Собранието на Архиерејското намесништво за Нов Јужен Велс и за изложбата на скулптури, слики и графики во Мелбурн.

Третиот број на списанието „Св. Климентово слово“ излезе во декември 1990 година. Отпечатен е на 20 страници. Следниот за март-април 1991 година, како велигденско издание, е отпечатен на 28 страници.

Бројот 5 на „Св. Климентово слово“, пак, датира од август 1991 година, како илинденско издание и во нето, покрај другото, се поместени текстови за Илинден, за 20-годишнината од конституирањето на Австралиско-македонската православна епархија.

panorama
(„РАNОRАМА“) („ПАНОРАМА“) (1990) — АДЕЛАЈД

Списанието „Панорамаа е орган на Македонското културно друштво „Искра“ од Аделајд и третира прашања од областа на историјата, културата, образованието, политичкото и   социјалното живеење на македонските доселеници во Австралија. Списанието се печати на англиски јазик и претставува место за натпревар со постигнувањата на група интелектуалци во тие далечни простори. Главен и одговорен уредник е познатиот          австралиски адвокат од македонско потекло од Беломорска Македонија и значаен и познат општественик во македонската заедница – Мајкл Радин. Исто така, уредник е и иселеникот д-р Крис Попов, познат поборник за човековите права и слободи за Македонците ширум светот.

Во предговорот на првиот број, кој е единствен и е отпечатен во 1990 год., на 77 страници на формат 13 х 20 см., покрај другото, се вели: „Тоа е дел и одраз на значајните актив- ности што ги постигнува Македонското културно друштво „Искраи и е еден вид продолжение на списанието „Искра“ што излегуваше од 1982 до 1984 година. Списанието ќе ги третира проблемите, постигнувањата и воопшто културното живеење на македонските доселеници и нивното учество во развојот на мултикултурните процееи на Австралија“.

adelaid
Аделајд

Во првиот број на списанието „Панорамаи се поместени текстовите „Македонската жена и културата“ од Пандора Сапурма – Петровека, „Идни насоки“ од Џим Томев, „Кампања на пишувани писма од Грција, Бугарија и Албанија – потенцијално корисни техники во остварувањето на човековите права на Македонците“ од Џон Карајас, „Аспирации и очекувања на македонските родители“ од Нада Попова, „Силната и прогресивна македонска заедница во Австралија“ од Крис Ангелков, „Македонската младина и невработеноста“ од Гоце Ангелески, и опширниот текст „Кој го напаѓа ДООМ“ од Мајкл Радин и Крис Попов. На крајот се поместени биографските податоци за авторите на објавените текстови.

Ова значајно и висококвалитетно списание, всушност, е одраз на големите постигнувања во културно-образовните процеси кај Македонците во Австралија. Тоа е лика и прилика на интелигенцијата од македонско потекло која е значаен дел на севкупното живеење и мост за зближување на Македонија со Австралија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top