Дијаспора

Жаклина Михајлова – добитник на највисоката награда во 2017

zaklina-mihajlova-1

zaklina-mihajlova-1

Учителката, м-р Жаклина Михајлова, е добитник на највисоката награда за едукатор и промотор на наставата по јазици во НЈВ, Австралија за 2017 година. Асоцијацијата за модерни јазици на НЈВ, ѝ ја додели оваа Награда на Госпоѓа Михајлова за нејзиното доброволно ангажирање на национално ниво за афирмација и промоција на наставата по јазици. Во образложението, при доделувањето на наградата, Професорката Робин Мелони( Професор на Маквори универзитетот во Сиднеј) истакна дека: „Жири комисијата одлучи да ја додели оваа престижна Награда на Госпоѓа Жаклина Михајлова,  заради нејзината систематска, упорна и натпросечно квалитетна работа и ангажирање на полето на наставата, промовирањето и застапувањето на јазиците. Жаклина Михајлова е учителка со високи квалитети и критериуми при изведувањето на наставата по македонски јазик. Таа планира, организира и обучува други учители, за тоа како се изведува наставата по јазици и литература. Жаклина Михајлова е лидер во организирање и раководење на училиштата по јазици, но и организатор на големи и квалитетни Конференции и Конгреси за учители и лидери на училиштата во кои се изведува настава по јазиците на заедницата, и тоа во НЈВ и во Австралија. “  

zaklina-mihajlova-2

Наградата во присуство на 500 учители ѝ ја врачи Претседателката на МЛТА, госпоѓата Џилиан Корди, која во персоналната порака за госпоѓата Михајлова порача: “Вие сте прекрасен модел на квалитетна учителка во практика и секако, Вие сте инспирација за многу учители по јазици во земјава.

И честитаме на госпоѓа Жаклина Михајлова и ѝ посакуваме уште многу години успешна работа во негувањето и зачувувањето на македонскиот јазик на овие простори.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top