Дијаспора

Весникот „Македонски глас“ од Сиднеј – глас на вистината за Македонија (26)

sidnej26

sidnej26

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Меѓу големиот број информативни гласила, кои што имаат значајна мисија за зачувување на македонскиот национален идентитет, литературниот мајчин јазик, културните вредности, литературата, традициите и обичаите меѓу македонските доселеници во Сиднеј, е секако весникот „Македонски глас“.

Тој започна да се печати 1990 година на македоноки јазик, со кирилица, настојувајки да претставува афирматор на македонската вистина. Излегува на 16 страници, на среден формат 29×42 см. и е еден од најчитаните и најпопуларни неделни изданија на македонски јазик во Сиднеј и пошироко.

Главен и одговорен уредник и сопственик на ова информативно гласило е познатиот новинар Васил Боглев, еден од плејадата млади новинари кои новинарската професија ја усовршија во Редакцијата на „Нова Македонија“ во Скопје, за кои новинарската мисија меѓу Македонците во дијаспората е макотрпна, но и благородна кога ќе се постигне вистинската цел.

Првиот број на веоникот „Македонски глас“ се појави во вторник на 20 септември 1990 година во населбата Рокдеил, предградие на Сиднеј. Во почетокот тиражот се движеше до илјада примероци, а според зборовите на Васил Боглев тиражот достигнувал и до пет илјади и станал трет најголем етнички весник во Австралија. Цената на чинењето започнала со еден  долар од првиот број, а и во иднина, а се дистрибуирал во сите македонски колонии ширум петтиот континент. Во првата година се отпечатени 14 броеви, додека во 1991 година се излезени 48 броеви. Весникот „Македонски глас“ не се печател единствено за време на божиќните и новогодишните празници кога во Австралија е летен период и се користат годишните одмори.

mak-glas
„МАКЕДОНСКИ ГЛАС“ (1990) – СИДНЕЈ

Во воведната статија што е поместена на втората страница од првиот број, покрај другото, се вели: „Македонски глас“ е единствен весник што се издава и се печати на македонски јазик. Појавата на весникот дојде како резултат на потребата македонското население на  овие простори преку пишаниот збор да сс информира за се’ она што се случува  на петтиот континент – во Австралија, во Македонија, а исто така и во светот“.

Поголемиот број од текстовите се, всушност, адаптирани од информативните гласила во Република Македонија, (особено втората страница). Но, сепак најзначајно место во весникот е посветено на важните настани во секојдневниот живот и активностите на Македонците во Австралија. 

Весинкот „Македонски глас” е убаво и професионално, технички, ликовно и содржински  уреден, Во него е застапена постојаната рубрика „Вести”, потоа „Актуелности од стариот крај” се застапени на неколку страници, „Вести од светот,” рубриките „Занимливости”, „Здравје“, „Панорама потоа, „Рубриката најмладите”, а одреден број страници се посветени на спортот.

Oд самиот почеток весниког „Македонски глас” преставува вистински информатор на дејствата и на актуелностите на македонските доселеници, кои го примија со големо задоволство и жар, Така, тие изворно дознаваат за актуелната состојба во Републиката и пошироко, а во исто време гласилото претставува и солиден рекламно-пропаганден информатор на деловните активности на макодонската заедница во Сиднеј и пошироко во други градови каде живеат Македонци.

Исто така, во јуни 1992 година,  новинарот Васил Боглсв залочна да го издава списанието „Збор“. Тоа се печати на македонски јазик секој втор четврток ва месецот и е подготвунано на најсовремена компјутерска опрема. На страниците на првнот број се појавија коментари и осврти, како и друга текстовп, главпо со критичка содржина на актуелните настани.

ma-ves
„МАКЕДОНСКИ ВЕСНИК“ (1990) – МЕЛБУРН

Гласилото „Македонски весник“ е јубилејно издание на Македонската православна црковна општина „Св. Ѓорги“ од Мелбурн, издадено по повод 30-годишнината од осветувањето на таа прва македонска православна црква во Австралија, а и воопшто меѓу иселеништвото. Весникот е отпечатен на 6 страници среден формат (19×42 см.), на македонски јазик со кирилско пиомо, а го уредил Редакциски одбор на црковната општина.

eping

На првата и втората страница е поместен пригоден текст по повод јубилејот на црквата „Св. Ѓорги“, која е осветена на 7 август 1960 година и која ги отвори ;вратите на сите дотогаш организирани сили да ја прошируваат својата програма и во неа да создаваат платформа на верско-национален живот.

Во продолжение е поместен текстот, илустриран оо бројни интересни фотографии за доделувањето на заслужното признание на пионерите на црковно-народниот живот, текстовите за Фудбалскиот клуб „Македонија“, КУД „Македонија“, КУД „Светлост“, Женската секција и Македонскиот социјален центар. Посебен простор е посветен на текстот за Манастирот „Св. Климент Охридски“, кој работи во составот на МПЦО „Св. Ѓорги“ од Мелбурн.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top