Дијаспора

Загриженост по повод моменталната кризна состојба во Република Македонија

ivanov-trposki

Иван ТРПОСКИ  

Поради состојбата во која се наоѓа Р. Македонија , искажувам загриженост не само за разнебитувањето на нашата татковина, на која и демне двојазичност, кантонизација и бришење од историските и географски карти на светот, туку и од лични одмазди на владини личности и народно крвопролевање.

ivanov-trposki

За нејзиниот пад на колена, покрај странските дипломати и соседските негатори, најсилен фактор за осудувување е домашниот фактор, кој поради партиски надмудрувања и лични пресметки за лидерство на државата, предизвикаа не само партиска омраза на народот во Македонија, туку и поделби меѓу роднинските врски на Македонците насекаде во светов.

За опстанокот на државата во овие 26 години, покрај огромните корупциски обогатувања на мнозинството од министрите на владеачките и опозициските партии, се чудам, како толкава мала земја да биде лидер во соседството и кон врвот на европските земји по вработеност и бизнис клима. А неодамнешната статистика забележува дека во јавниот сектор во РМ има 129.653 вработени, но ако на овој број се додадат функционерите и јавните претпријатија во државна сопственост, вкупната бројка надминува 145.000 вработени кои земаат плата од буџетот. Значи во оваа бројка спаѓаат сите оние кои работаат и кои не работаат, а се на платен список и се хранат на државни јасли.  

Секако болно е чувството и за нашата надворешна дипломатија, која сакале да признаеме или не, тие, во изминатиов период, не си ја вршеле работата како што треба. А како ќе ја вршат работата кога извесни дипломати наместо да ги одржуваат врските на Р. Македонија со земјите во кои тие допатувале, на мнозинството од нив првенствена им е соработката со нивните колеги од Албанија и Косово и за нивна афирмација, а не за земјата од која земаат дебели плати.

Овој факт најмногу допринесува за причините со условување во идниот парламентарен состав во Р. Македонија  и пробив на наметнатата Тиранска платформа.

За жал на многу Македонци, вклучувајќи ја и партијата на ВМРО – ДПМНЕ која не ја прифати срамната платформа од Тирана и мандатот за составување влада му го врати на претседателот Иванов, но за среќа на лидерот на опозицијата на СДСМ Зоран Заев и на неговите приврзаници, кои гордо ја прифатија платформата и влегоја во коалиција со повеќе албански партии и забрзано го бараат мандатот од претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов за да состават влада.

И што после тоа!? Иванов, му кажа на Заев, а и на европратениците Могерини, Хан, Жбогард, Кукан…дека мандат не му го дава на човек кој го уништува Уставот на РМ и ги поткопува темелите на државата со воведување на двојазичност низ цела територија и менување на македонските симболи: грб, знаме, химна, пари…

После оваа одлука Иванов стана херој за мнозинството на македонскиот народ, но не за Заев и неговите коалиционери.

Народот, за да ја зачува унитарноста на државата, започнува со маршеви низ сите градови на Македонија со извикување на паролата „За заедничка Македонија!“  А каков ќе биде одговорот од оние европратеници кои половично се смеат и тивко зборуваат? Дали и тие ќе ја разберат болката на народот, или ќе ја прифатат спогодбата на Заев со коалицијата, па во нивни стил ќе го притискаат Иванов да попушти и да му го даде мандатот на Заев. А што ќе се случува понатаму, тоа ќе покаже времето и нервите на народот.                                                                                      

Кога сме при евро-пратениците и нивната ѓаволска нарав, да не ја заборавивме лекцијата што му ја одржаа на Милошевиќ, кој им покажуваше заби и тупаници на НАТО-вци, наспроти косоварите кои на америчките генералии со знамиња во рацете (америчко и албанско), топло ги дочекуваа и милосно им ги бакнуваа рацете како на свои ослободители. За Србите, Милошевиќ постана херој, но не и за НАТО-вците. Па знаеме како заврши „воинствениот“ Слобо. Да не заборавиме  и за непослушноста на тогашниот наш претседател Борис Трајковски, кој со својата заложба за 400.000 косовски бегалци да им обезбеди пристоен прием во РМ на странските дипломати, кои го притискаа за повисоки стандарди за бегалците, ќе им каже: Колкави ни се можностите, толку ќе им дадеме, ако вие имате повеќе за да им дадете, земете си ги кај вас! Со овие зборови Трајковски постана македонски херој. Но не и за Умпрофорците и НАТО-вците. Знаете како заврши и тој. Не дај Боже тоа да му се случи и на многу почитуваниот македонски претседател Иванов.

По тој повод искажувам загриженост најмногу за животот на Иванов, а и за животите на многу Македонци, тогаш ќе биде доцна и за прочка и за каење, ако овој национален проблем не се реши на мирен начин, без тепачки и крвопролевање. 

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top