Дијаспора

Поврзаноста на Шпанија и Македонија преку Алонсо де Охеда – Драган од Охрид, Евреите и борците (2)

spanija2

spanija2

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ШПАНИЈА

Римокатоличкото христијанство е најголема религија во Шпанија. Таа е држава која во текот на својата историја водела големи борби на религиозно ниво, главно, против исламот и јудаизмот, а во помала мера и со протестантството. Поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров бил христијанизиран во времето кога истиот бил дел од Римската Империја. По слабеењето на Рим, германските племиња извршиле инвазија врз поголемиот дел од териториите на поранешната Империја. Во 410 година Шпанија била заземена од страна на Визиготите кои го наметнале аријанството.

Во 711 година Пиринејскиот Полуостров бил нападнат од Маврите од Северна Африка, каде формирале држава наречена Ел Андалуз и како таква (со мали промени) се задржала во следните 8 векови. Така, исламот станал најголема религија на овие простори, бројот на муслимани се зголемил во голема мера а додека поголемиот дел од населението останало христријанско. Во тој период, многу цркви биле претворени во џамии. Христијанството успеало да се задржи само во Сантијаго де Компостела. Средновековна Шпанија била местото на речиси постојаното војување меѓу муслиманите и христијаните.

Шпанската инквизиција за заштита на верата против разни еретици и кривоверци успеала да се прифати католичката вера. Во оваа група подоцна влегле  и  Евреите по што биле присилени (во 1492) да се преселат од Пиринејскиот Полуостров, од кои илјадници се доселиле во етничка Македонија

Шпанија  има медитеранска клима. Летата се суви и топли, а температурите  скокаат и до плус 40ОС на југот, каде има и најголем број сончеви денови во Европа. Во северозападните делови, Шпанците ги чувствуваат студовите и снеговите  на зимските месеци.

Главни столбови во развитокот на Шпанија се: туризмот, автомобилизмот, бродоградбата, електротехниката, хемиската, текстилната индустрија и секако спортот и аграрот. Оваа туристички привлечна земја, годишно ја посетуваат околу 60 милиони намерници, вљубеници на тангото, фудбалот и коридата

sinagoga-solun
Синагога во Солун

Шпанија од секогаш била интересна дестинација за Македонците. Така, се претпоставува дека првиот Македонец – некој си Драган од Охрид бил голем конквистадор, морепловец и откривател на новите шпански земји по светот, а бил познат под името Алонсо де Охеда. Тој бил во екипажот на морепловци на Колумбо. Меѓутоа  е чудно за Алонсо де Охеда “ако е шпански католик” да ги наименува отворените земји и острови, реките, заливите, со “варварски” имиња како: Аруба, Орхилја, Лихнид, Тамара, Барбакала и др. и да се нарече првата европска населба на континентот Свети Себастијан, кога тој не се разделил од иконата на света Богородица, а во Шпанија, во тоа време најголемите светци биле: Сантијаго (Свети Јаков),света  Магдалена, свети Хуан и др.

Според шпанските податоци, Алонсо де Охеда (Драган од Охрид) починал во 1515 година и неговиот вечен дом му е на островот Хиспањола во францискански манастир на градот Санто Доминго. Последната неговата желба била да биде погребан под прагот на манастирот.

Македонија и Шпанија се поврзани и со судбината на македонските Евреи кои  од крајот на XV и почетокот на XVI век  биле протерани како резултат на шпанската инквизицијата. Тие, главно доаѓале од Шпанија и Португалија, откако биле истерани од нивните татковини.

Најголем број Евреи се доселиле од Шпанија во Македонија, пред се’ во Солун, Битола, Штип и други градови, каде биле во можност да успеат во трговијата, медицината и во правото. Евреите извршиле големо влијанија врз духовната и материјалната култура во тогашна етничка Македонија.  Во 1910 година во Македонија живееле повеќе од 90.000 Евреи во времето кога Солун бил најнаселениот еврејски град. Всушност, во Солун живееле поголем број Евреи отколку сите народи заедно и говореле Ладино (мешавина од јудејски и шпански јазик). Исто така, и Шабат (Сабота) се славел низ целиот град Солун.

Меѓутоа, во 1912 година Грците го окупирале и го превзеле Солун и на Евреите им било забрането да престојуваат во одредени делови од градот. Тоа довело до уште една масовна преселба на Евреите, кои претешно биле со шпанско потекло да се преселуваат во Соединетите Американски Држави, Канада и бројни европски држави. 

spanish-civil-war

Исто така, поврзаноста на Шпанија и Македонија се зацрта во текот на  Шпанската граѓанска војна од 1938 година, во која  служеле голем број Македонци. Тие биле еден вид предвестие на големата бура што подоцна се случила, а тоа била Втората светска војна која повеќепати ќе ја надмине својата предходничка и во бројот на жртвите и во силината и мокноста на оружјето над обичниот човек.

Инаку, Граѓанската војна во Шпанија се водела помеѓу силите на генералот Франциско Франко и Империјалната војска, која што била крајно фашистички ориентирана и која најголемата поддршка за својата активност ја добивала од Мусолини и Хитлер.

Од  другата страна, пак, се бореле бунтовници, борци за демократија и слобода, меѓу кои, и Ернест Хемингвеј кој бил дел од таканаречените Интернационални бригади во кои свое место и учество зеле и македонски слободољубиви борци од сите делови на етничка Македонија.

Според пишаните документи се знае дека во воените дејствија во Шпанија учествувале 137 Македонци од трите дела на Македонија. Меѓутоа, голем бил бројот на борци – доброволци Македонци- ентузијасти од македонската дијаспора кои што се вклучиле во борбите за демократска Шпанија.

Македонските доброволци учествувале речиси на сите главни фронтови и герилата во Валенсија, Арагон, Мадрид, Каталонија, Харама, Кордоба, Брунето, Мадрид и на други места. За жал, на воените боишта животите ги положија 65 Македонци, од сите делови на Македонија и од иселеништвото, кои со својата храброст, љубов кон посреќна иднина и бестрашност секогаш застанувале на вистинската страна на правдата.

Искуството добиено во Граѓанската војна во Шпанија станала и основа за подоцнежниот развиток на Втората светска војна во Македонија. Во недостиг на војнички кадар способен да ги воспитува и образува идните генерации на македонската војска, тие искусни шпански борци ја воделе македонската војска за ослободување на поробена и разделена Македонија.

Продолжува

sla-kat
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top