Дијаспора

Импонзантна „Македонска Трпеза“ во Сиднеј

makedonska-trpeza-sidnej-1

makedonska-trpeza-sidnej-1

Во организација на Редакцијата на Македонскиот телефонски именик, на 31-ви март, во свечената сала “Conca D’Oro”, во Сиднеј, по 24-ти пат се одржа традиционалната вечер  на македонските бизнисмени и професионалци, наречена „Македонска трпеза“.  Покрај многубројните гости, присутен на вечерата беше и Амбасадорот на Република Македонија во Австралија Господинот Веле Трпевски, како и генералниот конзул на Република Македонија во Канбера, Господинот Драган Богдановски.

Вечерта, Редакцијата на Македонскиот телефонски именик ги додели највисоките признанија “ Македонско сонце“, за најдобри достигнувања во 2016 година.

Од областа на бизнисот наградата “ Македонско сонце “ за 2016 година, за натпросечни деловни резултати ја доби Господинот Џејмс Рошков, сопственк на Адвокатската компанија, “Hencock Alldis & Roskov” од Сиднеј. Покрај нив номинирани за оваа висока награда беа: Гоце и Елизабета Стојановски, сопстевеници на “Kings Court Delicatessen” и Господинот  Димитар Тодоровски, сопственик на ” Healthy Stone Treed”  од Сиднеј.

makedonska-trpeza-sidnej-2

 “Македонското сонце“ за најдобри достигнувања во општествените дејности, образованието, културата и спортот, во 2016 година, го доби МКУД „ Илинден“, за  успешно организираниот педесет годишен јубилеј од постоењето на друштвото, а номинирани за ова признание беа и новинарката и општественик Радица Бојковска Димитровска  и Прилепското друштво „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј.

Наградата за животно дело ја доби Господинот Тоде Кабровски од Сиднеј.

Вечерта беше прочитано Отворено писмо до жителите во Македонија и до македонците во светот со кое се дава потполна подршка за зачувување на интегритетот и унитарноста на Македонија и остро се осудија сите обиди за да се разнебити татковината , народот и македонскиот јазик.

makedonska-trpeza-sidnej-3

 Забавата помина во пријатна и весела македонска атмосвера. Присутните ги забавуваа музичката група “Арија“ и Репрезентативниот Ансамбал на лауреатот- МКУД „Илинден“ од Сиднеј.

 Македонскиот телефонски именик е книга за секој дом. Тоа е најиздавана македонска публикација во дијаспората. Македонскиот телефонски именик е гордост на македонската заедница во Австралија. Редакцијата на Македонскиот телефонски именик на сите Македонци им се заблагодарува на довербата со желби за понатамошна успешна соработка.

Соња Лозановска

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top