Дијаспора

Во Мадрид – шпанската престолнина и финансиски центар на Пиринејскиот Полуостров (4)

spanija4-1

spanija4-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ШПАНИЈА

Мадрид е престолнина на Шпанија. Во него, само во централното подрачје  живеат над три милиони жители, додека, пак, тој со урбаниот дел и предградијата брои повеќе од 6 милиони жители. Затоа се смета дека Мадрид е трета најнаселена општина во Европската унија, по Париз и Лондон, а трет по големина по Лондон и Берлин.

Градот се наоѓа на реката Мансанарес и во чиј состав се  издвоени и проширени предградија и села. Тој како општина се граничи со автономните заедници на Кастилја и Леон и Кастилја – Ла Манча. Освен тоа што е главен град на Шпанија и седиште на Владата, тој е и престолнина на шпанскиот монарх, што го прави и политички центар на Шпанија.

Поради своето економско производство, животниот стандард, како и големината на пазарот, Mадрид се смета за главен финансиски центар на Пиринејскиот Полуостров; домаќин е на седиштата на мнозинство од главните шпан-ски компании, како и седиштето на три од 100-те светски најголеми фирми.  Освен тоа, Мадрид бил рангиран на 10-то место заедно со Хонгконг за најмоќните градови во светот, пресметани во топ 20 градови во 5 од 6 категории.

Иако Мадрид поседува модерна инфраструктура, сепак, го задржал изгледот и чувството на многу од неговите историски градби, населби и улици и на традиционалното шпанско живеење. Во тоа се уверивме при нашата посета и прошетките со професионалните разгледувања на градот со отворен туристичкиот автобус.

Во неговите обележја се вклучени огромната Кралска палата на Мадрид, Кралскиот театар со неговата обнова во 1850 година, во оперска куќа, паркот Буен Ретиро и величествената зграда на Националната библиотека.  Исто така, во него се сместени: Шпанскиот историски архив, Археолошкиот музеј, како  и три врвни уметнички музеи: музејот Прадо, во кој е сместена една од најдобрите уметнички колекции во светот, Националниот музеј и Музејот на современата уметност. 

Го пропатувавме Мадрид за неколку дена и посетивме и други споменици на културата, уметноста, архитектурата и религијата. Посебно доживување беше посетата на спортскиот стадион на Фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“, каде вриеше како во кошница од посетители. Таму се запознавме со многу интересни кажувања од спортот, и спортското живеење во оваа престолнина на фудбалот и коридата. Исто така, го посетивме и универзитетскиот град на Мадрид, кој е во непосредна близина на стадионот.

palatata-vo-madrid
Палата во Мадрид

Го напуштивме Мадрид во попладневните часови и се упативме кон Тенерифе, патувањето на Канарските Острови со џамбоџетот на Авиокомпанијата „Иберија“ траеше повеќе од два часа. Без ниту трепет од турбуленција, се движиме надолу кон синилата на океанот, ѕиркаме љубопитно од прозорците, додека под нас ги врвевме копнените пространства, а потоа се најдовме над водите на Атлантикот. Брзо слетавме во Тенерифе, кое е атрактивна дестинација како дел од некоја митска приказна. Пред нас се распослаа планини и рамнини, вулкански предели и камени стрмнини. Чист е воздухот од струите кои донесуваат пријатна клима во ова парче земја, чиниш изникнато од длабочините на океанот.

Канарските Острови, всушност, се некаков, веројатно, африкански архипелаг, кој според сплетот на историските и други околности е под управа на Кралството Шпанија. Потопени во морето, овие острови се состојат од седум поголеми, два помали и неколку малечки острови. Сите се со вулканско потекло и се наоѓаат на стотина километри од брегот на африканскиот континент.

 Канарските Острови се автономна област. Имаат 2 милиона жители, а како главни градови што ја делат оваа улога на метропола се Санта Круз де Тенерифе и Лас Палмас де Гранд Канарија.

Има многу што да се каже за овие острови. Од нивната почва, флора и фауна, до нивните цивилизациски траги и други посебности. Сепак, основната и носечка гранка е туризмот. Со самото тоа што годишно доаѓаат околу десетина милиони туристи од сите страни на светот, е доволен показател колку е привлечна оваа дестинација, каде реки од народ од сите меридијани, доаѓаат, престојуваат и заминуваат секој по својот пат.

kanarskite-ostrovi

Канарските Острови како дел од шпанското кралство, припаѓаат на Европската унија, но, тие не се вклучени во царинската и даночната шема на старата европска дама. Пријатната клима, сончевината и условите на овие места, токму се создадени за да успеваат голем број егзотични растенија, или агропроизводи и овошја, кои со своите еколошки и други квалитети се барани на пазарите. Особено тоа важи за лимоните, портокалите, смоквите, кајсиите, праските и др.

Со модерните сместувачки капацитети, со хотелските комплекси од највисока категорија и со вонпансионската богата понуда, Канарските Острови имаат за секого по нешто, за намерниците што доаѓаат на визита. Песочните плажи и чистата вода, бурниот ноќен живот, вкусната храна се доволна причина и повод да се помине подолг пат ама да се стаса до Островите.

Ги прокрстаривме некои од островите, но се чини дека вулканот . Отидовме најблиску што можевме до дел од планинските врвови, се спуштивме надолу до морскиот брег, каде што брановите удираат високо и силно, за да се почувствува онаа исконска магија на Канарските Острови.

Продолжува

sla-kat
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top