Дијаспора

Првите македонски радио часови на прттиот континент (28)

radio-zabava

radio-zabava

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Првиот македонски радио-час во Австралија и прв во ди-ајопората е радио-часот во Перт. Имено, веднаш по печатењето на првиот весник на македонски јазик во 1946 година, гласилото „Македонска искра“; во почетокот на 1947 година се воведе македонски радио-час. Програмата се емитуваше на државната радиостаница 6 КУ. од локален карактер, секоја втора среда со почеток во 19 часот и десет минути.

Уредник и спикер на овој радио-час беше Мик Веловски, доселеник од Беломорска Македонија, кој беше еден од активистите на МАНС (Македонско-австралиски народен сојуз). Овој радио-час на македонски јазик со успех постоеше во текот на 1947 година и неколку меоеци во 1948 година, се додека уредникот Веловски не замина од Австралија.

Овој значаен и по многу нешта единствен македонскиот радио-час, всушност, започна со цел да се објаснат стремежите на Македонците за национални и социјапни права во борбата на Демократската армија во Грцијал како пред доселениците, така и пред австралиската јавност. Затоа, вестите и другите материјали претежно се емитуваа на англисски јазик.

Поради непријателската пропаганда од соседните земји, водењето на радио-часот наидуваше на низа тешкотии, се вршеа притисоци и испитувања врз уредникот. Но, и покрај тоа, радио-часот се одржуваше околу една и половина година и достојно ја бранеше борбата на македонското население од егејскиот дел на Македонија.

Во наредните неколку децении повремено се емитуваа радио-часови на програмите на одделни радиостаници; но тие често беа врзани за некоја прослава, а ги организираа одделни македонски иселеници за да рекламираат нешто што е врзано со нивните бизниси. Тоа е време кога се зголемуваше бројот на македонските доселеници во Австралија и кога потребата од такви огласувања стануваше се поголема и понеопходна.

Кон крајот на 1976 година во Перт започна со работа емисија на јазиците на етничките групи, меѓу кои е и емисијата на македонски јазик, која, како што пишува доселеникот М. Станишев: „Таа ги полни со радост срцата на сите Македонци кога низ етерот слушаат радио-емисија на својот сладок мајчин јазик“.

Од 27 јули 1977 година на радиостаницата 6 М.К. во Перт секоја недела во траење од половина час, а потоа еден час, започна да се емитуова радио- програма секоја нејдела од 12 до 13 часот како Радио-час на Македонската општина. Меѓу другите, овој радио-час го воделе: Михали Шариновски, Јани Делијанов, Васил Радин, Васил Ангелков и други. Македонската општина е спонзор и на радио-часот што се емитуваше секоја среда од 21 до 21,30 часоту а го уредувашњ и го водеше Васил Ангелов.

makedonska-iskra

radio

Во периодот од 1979 до 1984 година Цане и Лилјана Талевски го водеа и го уредуваа Македонскиот радио-час на Радио- станицата СЕВА од Перт. Исто така на овој радио-час се појавуваа Лазо Наумовски, Васко Новевски, Лена Лејмановска и прота Мирко Пашовски. Потоа, од 11 ноември 1984 година, на истата радиостаница, во траење од половина час, рцдио-часот го продолжија да го уредуваат и да го водат Сашо Цветковски и Зоран Косески.

Од ноември 1990 година се отвори новата Радиостаница СЕВА РМ, на која Македонската обединета општина доби 120 минути во недела од 20,00 до 22.00 часот. На овој радио-час, на кој уредници и водители бра Сашо Цветковски и ЗорЈан Косески, често се емитуваа директни програми од Радио Скопје, потоа беа застапени вести и информации, спорт и други емисии од Македонската обединета општина, а се емитуваа разговори со одделни активисти и друг вид програми.

Исто така, во Перт, секоја недела од 9,30 до 10 часот започна да се емитува радио-часот на Македонското културно-уметничко друштво „Илинден“, кој од 1990 година започнаа да го водат Славе и Лена Мицковски. Секоја сабота, пак, од 9 до 10 часот Цветко Огненов започна да го води радио-часот на Друштвото „Преспа“.

Првите обиди за отворање радио-часови македонските доселеници во Мелбурн ги започнаа во педесеттите години. Меѓутоа, како и во Перт, така и во Мелбурн се правеа пречки од етничките заедници на соседните земји, особено од грчката, која често го оневозможуваше емитувањето на македонските програми.

Така, во 1954 година, по повод Илинден, требаше да се емитува радио-емисија што ја подготвил  разгранокот на Македонско-австралискиот народен сојуз (МАНС) во Мелбурн. Емисијата беше договорена да биде на англмски јазик, потоа да се емитуваат македонски песни, се’ тоа преку Радиостаницата ЗАК во Мелбурн. Но, еден ден пред емитувањето, македонските доселеници биле известени дека говорниот дел не ќе може да биде емитуван, поради тоа што „може да ги погоди некои други луѓе во Мелбурн“. Подготвениот текст на англиски јазик беше објавен во весникот „Македонска искра“.

Според пишувањата на „Хисториски билтен“ број 1, 1959 година од Мелбурн, првиот радио-час на македонски јазик во Мелбурн е отворен на 1 август 1959 година во траење од половина час. Меѓутоа, во текот на осветувањето на првата македонска православна црквна општина во Мелбурн и Викторија „Св. Ѓорѓи“, во 1960 година, со успех беше емитувана радио-програма на македонски јаЈзик. Тогаш, всушност, во тек на неколку дена на радиото се даваа соопштенија за претстојните свечености, проследени со македонски народни песни. Тоа придонесе да се информираат иселениците за тие значајни настани, а тие настани да добијат уште посвечена форма.

Во текот на 1967 и 1968 година, иселеникот по потекло од Егејска Македонија Питер Милан во соработка со трговската куќа „Џанс фрничер“ од Џилонг, сопственост на Џан Ангелковиќ, доселеник од битолскиот крај, организира во Мелбурн повеќе радио-емисии со комерцијален карактер.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top