Дијаспора

На песочните плажи и топлото сонце во Сегул де Калафел (5)

spanija6-1

spanija6-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ШПАНИЈА

Сегур де Калафел е мирно гратче во Шпанија. Се наоѓа на крајбрежјето на Медитеранското (Средоземно) Море во покраината Каталонија, на растојание од педесетина километри јужно од Барселона, а четириесетина киломтри од Тарагона. Тоа е дел од Каталонија која автономна заедница на Шпанија и е составена од четири покраини: Барселона, Жирона, Љејда и Тарагона. Главен и најголем град на оваа област е Барселона, втор најголем град во Шпанија и средиште на една од најголемите метрополитенски области во Европа. Каталонија се граничи со Франција и Андора на север, Средоземното Море на исток и шпанските региони Арагон и Валенсија на запад и на југ соодветно.

Инаку Каталонија изворно изговарана како Каталуња, е автономна заедница на Шпанија, а Каталонците се службено признаена како народност. Каталонија е составена од четири покраини: Барселона, Жирона, Љејда и Тарагона. Денешната покраина Каталонија го содржи најголемиот дел од територијата на поранешното кнежевство Каталонија, додека еден дел се наоѓа во Франција.

Историјата на Каталонија е долга, интересна и тажна. Слиќна на нашата – македонската. Така, меѓу другото, Каталонија била арагонската поморска сила во Средоземното Море; таа била република под француска заштита; по завршувањето Франко-шпанската војна, Франција ги повратила северните делови на Каталонија, главно приклучени во грофството на Русилон; во текот на војната за шпанското наследство довела до укинување на каталонските институции и конечно воведување на шпанскиот јазик во јавниот живот.

Исто така, во аналите на Каталонија е забележано дека и покрај репресијата и наполеонските и граѓанските војни, Каталонија доживеала економски раст и индустријализација. Во текот на втората половина на 19 век, областа имала културна ренесанса и биле ставени темелите на национализмот, кога и се појавиле и неколку работнички движења. Во 1913, четирите каталонски покраини создале Комонвелт и со појавувањето на демократијата во текот на Втората Шпанска Република (1931–39), бил повторно воспоставен Женералитатот на Каталонија.

spanija6-2
Од референдумот во Каталонија

По Шпанската граѓанска војна, диктаторството на Франкова Шпанија донело репресивни мерки, укинувајќи ги каталонските институции и повторно забранувајќи го каталонскиот јазик. Во текот на 1950-тите и 1960-тите, Каталонија имала силен економски раст и станала важно туристичко одредиште, привлекувајќи многу работници од цела Шпанија и правејќи ја Барселона една од најголемите индустриски области во Европа. Од воведувањето на повторните демократски процеси во Шпанија (1975–82) Каталонија добила политичка и културна автономија и сега е една од економски најразвиените региони на Шпанија.

Каталонија е позната по тоа што е најбогата шпанска република, која економски е многу поразвиена од другите делови на државата, но и по стремежите за отцепување. Каталонците говорат на свој јазик, кој е поразличен од шпанскиот. Тие имаат специфичен менталитет, своја традиција и обичаи.

Секој што ќе наврати во Сегур де Калафел за да се одмори наоѓа мир не само во величествениот поглед кон морските далечини каде што се спојуваат небото и морето, туку и во можноста да пешачи со часови крај морето, меѓу песо-

кот и брановите, огледувајќи се во чистите води.

Инаку, карактеристика за Калафен се плажите кои се протегаат на околу 80 километри. Тоа е дом на околу 25 илјади луѓе, сместено помеѓу главните градови на Барселона и Тарагона. Во Калафел се доажа не само за одмор на прекрасна плажа, туку и од здравствени причини.

Калафел е опкружен со шуми и претставува уникатен природен простор каде длабоко се чувствува медитеранската клима. Тој е особено популарна како семејно летовалиште, за што ја има добиено престижната награда за семеен туризам во 2006 година. Во овој регион, морска вода содржи повеќето јод од другите места на Коста Дорада. Таму туристичката сезона трае од мај до октомври, кога температура на воздухот се движи од 22-29 C. Но таму е убаво и зима, бидејќи постојат непрегледни песочни плажи кои се многу погодни за семејства со децата.

spanija6-3

Калафел е област полна со барови, ресторани и кафулиња, каде се нуди претежно каталонски кујна на морска храна. Но има и ресторани каде се нуди интернационална кујна. Таму има неколку супермаркети, трговски центри и мали продавници. Изборот на стоки е многу широк, почнувајќи од сувенири, облека и квалитетна козметика.

Калафел има долга историја почнувајќи од античко време до денес. Една од старите населби е Сегур де Калафел, која се наоѓа на ридот и во која има антички и средновековни споменици. Меѓу другите, таму е атичката Пиринејската тврдина, која била уништен од Римјаните во II век, а денес е реконструирана и реставрирана. Атракција за посетителот на Калафел е и замокот Кастел де Калафел, кој се наоѓа на еден рид на само неколку километри од морето, изграден за заштита од Арапите, потоа црквите „Света Марија“ и „Свети Мигел“ и други споменици на културата и духовното живеење.

Затоа во Сегур де Калафел изградиле свои куќи за одмор еминентни интелектуалци, бизнисмени и политичари од Шпанија и Европа. Ово гратче станало познато уште од 1970-тите години кога германскиот џетсет пројавувал големо интересирање за него, особено во летните месеци.

Го напуштивме Калафел и се упативме кон Барцелона. На меѓународното авионско пристаниште вриеше како во кошница. Се упативме на излезот на кој не чекаше авионот на бугарската компанија, со кој удобно стасавме во Софија, а потоа со кола заминавме за Македонија.

Крај

sla-kat
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top